точно, се умешал. На кој начин не знам, од видеото не можам да утврдам. Дали му е забрането, исто не знам. Знам дека сведоци изјавуваат дека им е извадено оружје што е доволна причина некој да ја смири ситуацијата. Инаку, да не тврдиме напамет, веројатно има дозвола па не го прекршил полицискиот.
Вториот болд, партиски...споменав, имаат пријава. Можеш да прочиташ и самиот. Да не треба да ги убијат ако не. Што кажува овој мини бунт. Страв да ги смират сингеличани? Немаат авторитет врз некои делови од градот?
Но, ако според министаро, дејствувале по фб статус/слика за овој случај, зошто не дејствувале за собир на неколкумина патриоти во парк Гази Баба (со статус/слика на фб), зошто не дејствувале за ракавиците во теретана, зошто не дејствувале по фб статус за ифтарска вечера во Чаир итн итн. На крај краева, зошто, наместо да дејствуваат, им помагале на мицковци во кафеана наместо да асистираат на пазарна инспекција? Не ми треба одговор, запрашај се самиот зошто. МВР има ингеренции и доложност да постапува во полициски час и при прекршување на протоколите (а не како што споменав, да казнува и опоменува за неносење маска на празна улица). Зошто не, пак запрашај се самиот. Впрочем, МЗ имаат побарано помош од армијата, симптоматично зошто и како функционира институцијава во спроведување на полициски час и протоколи. Сума сумарум, запрашај се реално кој го направи хаосот.