Исто како во војна што има воени профитери, така и сега мнозина ги наполнија џебовите до врв. Имаше една статија од еден економист како критика за пропустите со купувам домашно картичките. Вели оти доста од нив завршиле и кај добро ситуирани граѓани, со бизниси. Наводно кај дел од нив членови од семејството: сопруга, син, ќерка, осигурани на минималец во фирмата колку да им тече стаж за пензиско и здравствено, по автоматизам стануваат кандидати за картичка, што пак е смешна сума за нив, потсмев за оние кои што крпат крај со крај. Од друга страна пак на пасивните баратели на работа не им следи ништо. Сценарио на 60 годишник, невработен, седи дома, хронично болен во некое забутано село богу иза леѓа, не е во состојба секој месец да се пријавува како невработен, се пишал пасивен, него не му следи ништо.
Згора на тоа ако се земе предвид дека најголемиот дел од овие пари ќе отидат на прехрамбени продукти, повторно парите ќе завршат во сектори најмалку погодени. Супермакетите се растурија од пари правење во екот на најголемата паника кога беше. Витаминка работеше турбо, никад не ни прекина со работа. Чисто се сомневам дека на работниците и вработените во супермаркетите некој им покачи плата заради зголемениот обем на работа.
На блиски роднини кои што заглавија овде, пример чешката држава им исплати на два пати по илјада евра, плус шест месеци платени трошоци за здравствено и пензиско, по што сами си го плаќаа таму. Целата процедура се сведе на формална електронска апликација, наредниот ден парите на трансакциска, па ти троши како сакаш.
Овде имаш триста условувања, плус ризик од турканици по банки. Па 800 милиони евра заем зедоа, ова со картичките е фрлање коска, ништо друго.