Венко го изгуби сиот кредибилитет да говори за било што, камоли па да цитира сценарија од научни списанија кога дозволи цел концепт да му го сруши едно привилегирано граѓанство преку средновековни верски практики. Нема веќе тука простор за практицирање наука. Секој ден излегуваат на прес целите попарени, не знаат што му се случува, не можеа да предвидат едно просто сценарио, а ваму ми разглаба виша математика, ќе останел вирусот, мутирал...па уште колективен имунитет спомнува, а до вчера да ја исправиме кривата, да купиме време, да го спремиме здравството, капацитетите...сега билдајте колективен имунитет, ко да ни остана нешто друго во целиот овој хаос.