Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Извини а што не е во ред со барањето?

Како прво, Македонија има најлоша епидемиолошка слика во Европа веќе подолго време. Дали искрено мислиш дека повратници од странство се тие кои што ќе придонесат за влошување на состојбата?

Второ, мислам дека сме единствена земја во Европа а можеби и пошироко што повеќе од 3 месеци немаме отворен аеродром.

Трето и најбитно, нели е сериозно кршење на човекови права да одредуваат на повратник 14 дена државен карантин( небитно дали немал тест или по некоја случајност испаднал асимптоматски носител) а некој што е веќе во државата и е заразен да не се соочува со таква казна?

Веќе подолго време ја следам темата и се обидував да не се вклучам во дискусијата но сепак ова е прашање кое директно ме тангира. Живеам во странство и поради нелогични и непромислени мерки којзнае уште колку време нема да бидам во можност да си ја видам фамилијата.
За првото си грешка. Сликата се влошува забрзано во последните две недели благодарение на ... погоди која група граѓани. Инаку да, повратници од странство би ја вложиле состојбата, пред се бидејќи најверојатно ќе се дел од истана група спомената горе. Башка што ќе се гужваат низ град и изборни места.

За второто појма немам што сакаш да кажеш. Секаде во Европа воздушниот патнички транспорт е редуциран над 90%. Дури и да отидеш некаде те чека дво неделен карантин и тест.

Трето, бар од тој аспект, нема кршење на права. Сите кои доаѓаат од високоризични подрачја или имаат контакт со потврден случај имаат обврска за двонеделна изолација.

Табановце е отворено цело време, но е со посебен режим на поропуштање на сообраќај. При влез те чека 14-дневна изолација. Доколку си платиш тест и си негативен истата може да ја поминеш дома.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
Денеска ми се јави матичната, стигнале резултатите, немам корона (испратена бев заради симптоми, висока температура, кашлање, грлоболка, без контакт со регистриран заразен), ама вели од цел список што ги испратив на тестирање, само ти си негативна! И сите од Скопје, и само од една докторка ...
п.с. Не ми го дава документот, има и други имиња и презимиња, вели збирно добива резултати, а баш ќе ми требаше за на забар. Сега таму ќе си плаќам проватно за пак да ме тестираат :(
... матичната е должна да има твое медицинско досие со анализи и испитувања, но е должна и истите да ги фотокопира и да ти даде фотокопија да си имаш примерок, таман работа таа да има све, ти дома да немаш ниеден документ за испитувањата... односно сама ако правиш некои анализи ќе си ги фотокопираш и фотокопиите ќе и ги однесеш да биде таа во тек ставајќи ги во твоето медицинско досие, а оригиналот ќе си го чуваш, ако сакаш да идеш таму ваму приватно на преглед, па да докажеш написмено твоја состојба,

... матичната докторка е поставена ТЕБЕ ДА ТЕ УСЛУЖИ, а не ти неа да ја услужиш да приложува за капитација услуги во ФЗОМ, нека ги избрише другите имиња од тестирањето на фотокопија со фломастер а фотокопија МОРА да ти даде по твое барање, како може ти да останеш без никакви анализи, па не ти ги направила таа без пари таа само упати ти дала ти си трчала натаму наваму, па да не даде примерок?
ауууу многу си добра ма, твое здравје во твои раце, па потоа во нејзини!
... и да знаеш, незадоволство од работа на матичниот може да се смени веднаш со друг матичен, па богами нема да и биде свеедно да остане без своите пациенти!
да немам јас примероци дома околу мое здравје? :neetaka: нема шанса!
 
Последно уредено:
C

CoolIris

Гостин
...вакцинирање против грип/ инфлуенца (ги има до сега три групи- грип вирус А, Б, Ц), но со години вирусот трпи промени со што се создава нова варијанта на вирус на инфлуенца и се вбројува како „ нов серотип“( H1N1 шпанскиот грип и свинскиот грип, H2N2 азискиот грип, H5N1 птичјиот грип, H9N2, H7N3)
што можеби да биде причина да не биде целосно создадена заштитната антитела од вакцината ставена за сезонски грип најчесто во октомври,

... пред секоја сезона се изработува специјална вакцина за сезонскиот грип кој се очекува на одредена област (територија), при што создадената антитела го штити телото една година доколку е нападнат од вирусот со сите очекувани серотипови на инфлуенца/грип за што е изработена предходно самата вакцина,

... појава после вакцинирање со намалување на способноста на антителата чие што создавање во организмот е поттикнато со вакцинална врста на инактивиран вирус кој неодамна мутирал со што велиме „се заразивме со грипот иако сме вакцинирани, ама полесно поминавме“ поради моментална мутација на вирусот со содавање на нов серотип во моментот чија соодветна антитела ние ја немаме, ама таа мутација не мора да ја има секогаш и секоја година, па содадената антитела од вакцината и те како ќе не штити една па дури и две години од вирусот на грип,
... на пример, ако Институт за јавно здравје, одговорни за вакцинација во МКД носат вакцини изработени за суспектен (очекуван) вирус во Индија, а не за наше подрачје или поширока територија нормално дека не ќе биде ефикасна вакцината поради несоодветна антитела, ама да се каже дека вакцината не штити од грип туку само ублажува симптоми е погрешно толкување!
Почитувана колешке, секако дека вакцината за грип се создава секоја година. Апсурдно е тоа што добивам вакви смешни цитати на дневна основа од Вас, се со цел да се спротиставите на тоа што го пишувам.

Со многу од вашите мислења воопшто не се согласувам, ама не си земам за право да Ве цитирам за секоја една небулоза, од проста причина КОЛЕГИЈАЛНОСТ.

Друго, нема потреба да ми држите лекции од имунологија, перфектно ја владеев областа уште од времето на моето студирање. Имав прилика да учам од најдобриот Професор на факултет.

За крај, најискрено Ве замолувам да посветите внимание на вашиот правопис и начинот на кој што се изразувате на форумот. Навистина е конфузно и збунувачки, а не е јасно, читко и разбирливо како што треба да биде напишаното....сакам кажам не знам речам!
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
:facepalm:

Абе човек Унгарија има 500 мртви од 10 милиони, а ние имаме 210 од два милиона. На еден милион ние имаме 2151 заразени и 101 смртни случаи, а Унгарија има 422 заразени со 59 смртни случаи на еден милион. Тоа е огромна разлика плус Worldometars не знае дека нашава вукојебина нема правено попис 18 години што значи дека индексот на заразеност и смртност е уште поголем.
За конкретна болест релевантна е стапката на леталитет(починати во однос на заразени). Во Унгарија е 13,9 % a во Македонија e 4, 65%
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Јаболки и портокало е затоа што јас се залагам за помал број на Ковид19 заболени за да им се обрати внимание и на останатите пациенти а не прерано исфорсирано отварање на се' што може да се отвори (освен кино, театар и теретана) само за вештачки да се створи клима дека можеме нормално да живееме а притоа да рушиме рекорди по заболени во регионов и да не запираме, ко брз воз.

За тие што немаат пари затоа што не работам, јас верувам дека 99% од нив би продолжиле одреден период да живеат без пари за сметка на тоа да останат живи и здрави а не да имаат пари ама да бидат на ризик и да бидат заболени во време кога не може на сите пациенти да им се пружи внимание.

Затоа, муабетот ти е јаболки и портокали.
Добро сфаќаш ти јас што напишав? Дека без ниту еден случај во Битола мене не ми беше пружена потребната грижа? Ти зборам уште за пред 3 месеци. Многу малку случаи имаше (официјално дијагностицирани) и пак останатите пациенти беа запоставени и уште се. Новозаболените не се резултат на опуштените мерки туку катастрофалното раководење со кризата на надлежните.
А како би живееле луѓето без никаков приход месечно, јас не знам. И како би знаеле дека ќе биди 1 месец, а не како што велиш ти да се стрпиме 3,4,5 месеци или година?

Ич не ми е мене јаболка и портокали туку ти си го вртиш како тебе што ти одговара.

Јас цело време системот го критикував и уште ќе го критикувам оти тешко последици ќе имаат и луѓето кои нема да се заразат со вирусот, а не само тие кои ќе се заразат.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.278
Поени од реакции
5.532
За конкретна болест релевантна е стапката на леталитет(починати во однос на заразени). Во Унгарија е 13,9 % a во Македонија e 4, 65%
Insert meme *thank you*

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Инаку да, повратници од странство би ја вложиле состојбата, пред се бидејќи најверојатно ќе се дел од истана група спомената горе.
Мислам дека тука си грешка. Повратници од странство не би ја влошиле состојбата тука освен ако не доаѓаат од некое жариште поголемо од нашето.
Но затоа важи обратното. Ќе ја „вратат“ короната назад на своите работни места.
Па ќе станеме и први во извоз на корона :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Е да, пишува на пораката од мој термин да си носиме маска, и толку. Арно јас од страв да не е корона си бев изолирана дома, и имав превоз до таму, ама има сигурно некои што ќе треба со автобус на пример да дојдат :(
Ова личи на false negative тест, најверојатно втор тест ќе покажи друго. Само сега како ја поминуваш болеста, вирусот ќе биде во се помали количини во крвта, така да втор ПЦР тест може пак да биде негативен.

Не знам дали има некаде сигурни серолошки тестови за антитела, сакам да знам за да се тестирам. Овие од Систина се криминал 50% точност.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Добро сфаќаш ти јас што напишав? Дека без ниту еден случај во Битола мене не ми беше пружена потребната грижа? Ти зборам уште за пред 3 месеци. Многу малку случаи имаше (официјално дијагностицирани) и пак останатите пациенти беа запоставени и уште се. Новозаболените не се резултат на опуштените мерки туку катастрофалното раководење со кризата на надлежните.
А како би живееле луѓето без никаков приход месечно, јас не знам. И како би знаеле дека ќе биди 1 месец, а не како што велиш ти да се стрпиме 3,4,5 месеци или година?

Ич не ми е мене јаболка и портокали туку ти си го вртиш како тебе што ти одговара.

Јас цело време системот го критикував и уште ќе го критикувам оти тешко последици ќе имаат и луѓето кои нема да се заразат со вирусот, а не само тие кои ќе се заразат.
Која е причината што без ниту еден официјален случај не ти пружиле помош? Ти кажале дека може да се пролонгира и не е животно-загрижувачки или те исфрлија ко куче од болница? Не те препратија на друго место?

Колку семејства познаваш што комплетно останаа без работа поради Коронава? Јас познавам луѓе што не работат ама зимаат плата, познавам и луѓе што изгубија работа ама не познавам цело семејство (пример, двајца родители со деца) да е по некоја случајност останато без работа (што не велам дека нема такви случаеви).
Е сега, како би преживеале? Сигурно полесно, со заштедевина доколку имаат, помош од роднини/комшии/пријатели али секако полесно него доколку при целиов хаос би биле и болни од Ковид.
 
S

ski

Гостин
АНГЕЛОВСКА: Не ризикувајте си го здравјето со домашната платежна картичка, не одете во банките
/ 17.06.2020





АНГЕЛОВСКА: Не ризикувајте си го здравјето со домашната платежна картичка, не одете во банките


Владата откако сред епидемија со коронавирусот им фрли „коска“ на граѓаните со домашната платежна картичка, и направи гужви пред банките, сега преку министрите испраќа апели да не си го ризикуваат здравјето поради истата.


:facepalm:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Приметувам дека луѓево, не само тука на форум, туку и во живо, имаат изместени приоритети. На пример, не сфаќаат дека ако си мртов, џабе ти се парите, затоа што на оној свет не играат никаква улога.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Која е причината што без ниту еден официјален случај не ти пружиле помош? Ти кажале дека може да се пролонгира и не е животно-загрижувачки или те исфрлија ко куче од болница? Не те препратија на друго место?

Колку семејства познаваш што комплетно останаа без работа поради Коронава? Јас познавам луѓе што не работат ама зимаат плата, познавам и луѓе што изгубија работа ама не познавам цело семејство (пример, двајца родители со деца) да е по некоја случајност останато без работа (што не велам дека нема такви случаеви).
Е сега, како би преживеале? Сигурно полесно, со заштедевина доколку имаат, помош од роднини/комшии/пријатели али секако полесно него доколку при целиов хаос би биле и болни од Ковид.
Заради евентуален ризик од зараза од вирусот. Глупа причина така? Знам.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Заради евентуален ризик од зараза од вирусот. Глупа причина така? Знам.
Не е глупа доколку можеш да живееш со проблемот што го имаш а доколку би имал вирус би ти се влошила ситуацијата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
АНГЕЛОВСКА: Не ризикувајте си го здравјето со домашната платежна картичка, не одете во банките
/ 17.06.2020





АНГЕЛОВСКА: Не ризикувајте си го здравјето со домашната платежна картичка, не одете во банките


Владата откако сред епидемија со коронавирусот им фрли „коска“ на граѓаните со домашната платежна картичка, и направи гужви пред банките, сега преку министрите испраќа апели да не си го ризикуваат здравјето поради истата.


:facepalm:
е јеби га,
кад је бал, нек је маскенбал
идемо all out со глупости и нелогичности
Автоматски споено мислење:

Не е глупа доколку можеш да живееш со проблемот што го имаш а доколку би имал вирус би ти се влошила ситуацијата.
да,
некому треба ко на мало дете да му објаснуеш
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Не е глупа доколку можеш да живееш со проблемот што го имаш а доколку би имал вирус би ти се влошила ситуацијата.
Јас лично можам, само ќе го пролонгирам периодот на опоравување ама има луѓе кои не можат.
Автоматски споено мислење:

е јеби га,
кад је бал, нек је маскенбал
идемо all out со глупости и нелогичности
Автоматски споено мислење:


да,
некому треба ко на мало дете да му објаснуеш
Среќа вие старците можи да живеете без пари на овај свет оти на тој другиот ко ќе одите нема да ви вредат ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom