Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Неофицијално само во Скопје бројката на новозаболени изнесува над 100
Денеска ми се јави матичната, стигнале резултатите, немам корона (испратена бев заради симптоми, висока температура, кашлање, грлоболка, без контакт со регистриран заразен), ама вели од цел список што ги испратив на тестирање, само ти си негативна! И сите од Скопје, и само од една докторка ...
п.с. Не ми го дава документот, има и други имиња и презимиња, вели збирно добива резултати, а баш ќе ми требаше за на забар. Сега таму ќе си плаќам проватно за пак да ме тестираат :(
 
Многу ме интересира тие кои викаа дека економијата не смее да трпи какво мислење имаат сега кога почнаа фабрики да се затвораат секој ден, линии се ставаат во изолација.
Еве за Кромберг цела линија била во изолација поради еден заразен, се шушка и дека фабриката се клата, ако се затвори пак нема никогаш да се отвори повеќе.
Da ne bea iftarite veke ke rabotea site fabriki i site rabotni mesta bez nikakvi problemi.
 
Вирусов не е за подценување.Ама од друга страна имаш љуѓе кои веќе го изгубиле работното место.Љуѓе кои имаат хронични болести не можат да ги направат своите редовни контроли.Па сеа има информации на љуѓе со скршеници им бараат прво тестирање па потоа интервенција.Е сеа не мие јасно.Ако некој шо е со скршеница на нога и е позитивен на корона нема да му ја гипсираат истата или шо е поентава?Дај тогаш и при секоја повреда нека бараат тест од хепатит ц на пример,која е поентава?

Точно, поради тоа пробувам да го оправдам мојот став од самиот почеток.
Што помал број на ковид заболени, послаби рестрикции при прием на останати пациенти и можност да им се пружи редовна нега.
Доколку настане хаос поради пандемијава, сите останати ќе се занемарат и заборават, за жал.
 
DJ Icko си трчаше полумаратони лаганица, чисто да се знае, да не се спие многу на картата вродени заболувања за тие што се самоуверени дека само со хронични заболувања и 80+ години можеш да наебеш од вирусот.
Трагично е тие што се најјаки на зборови обично се 35 кила + од што треба да бидат, нивото на холестерол им е бесконечност и најтешка вежба во денот им е да си врзат патики...
 
Da ne bea iftarite veke ke rabotea site fabriki i site rabotni mesta bez nikakvi problemi.
Па тоа и јас го пишав погоре, да не беше толку голема бројката кои го потценуваа вирусот сега ќе си функциониравме како шо треба.
Тука и МВР си има вина со двојните аршини за казни.
 
Од една страна вирусов од друга страна крах на економијата!Едноставно мора животот да се тера понатаму.Во комшии имам брачен пар кој остана без работа.А имаат две дечиња дома.Мислиш дека се секираат веќе за вирусов?Во секој случај ситуацијава е тешка,ако ги затворат фирмиве низ државава дури тогаш ќе се чудиме шо не снашло.
Слабеењето на економијата и клептократијата не доведоа до состојба да немаме асален медицински персонал и болнички капацитети! Ако рикне и таа каква-таква економија, тек тогаш ќе го видиме ние вирусот во пижами:mad: Каква е разликата да умре човек за леб или од вирус?:toe::(
Можеби грешам, ама сеуште ме држи ниет, дека сето ова е пишано во манифестот од Запад, мислам на бројките и начинот на кој се справуваме со ситуацијата!
 
Ау. 193 нови, 140 од СК. 9 починати.
Плус процентот на позитивни тестови е цело време над 10%, денес скоро 14% е. Да бидеме среќни ако до крајот на месецов малку од малку се стабилизира, ама како што си тераат бројкиве...
 
Ау. 193 нови, 140 од СК. 9 починати.
Скопје контаминиран како Чернобил станува. Ја незнам ова ко цело Скопје да се затворило у една соба па сите се испозаразиле. По 100 на ден секој ден...
 
Го прележуваат стари баби по 90+ а умираат деца со 20+, ај најди му крај!
Не треба да се заборави дека ова „правило“ не важи само за вирусов, за секакви други состојби важи.
 
Da ne bea iftarite veke ke rabotea site fabriki i site rabotni mesta bez nikakvi problemi.
Тешко дека ќе работеа. Работат тие што имаат работа, безразлика на епидемијата. Во застој се повеќето бидејки автомобилската индустрија е во застој, а нашите фабрики произведуваат делови за нив.
 
Не треба да се заборави дека ова „правило“ не важи само за вирусов, за секакви други состојби важи.
Ако тргнеме по таа логика на упростување, ќе дојдеме до народната: кому како му е речено на третата вечер!
 
Уште се разгледува опцијата да се затворат општините кај шо има жаришта ?
Единствени сме во светот шо не се применува таа стратегија на затворање на региони.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom