Сталкерот
Резидентен космонаут
- Член од
- 5 јуни 2012
- Мислења
- 5.761
- Поени од реакции
- 7.593
За првото си грешка. Сликата се влошува забрзано во последните две недели благодарение на ... погоди која група граѓани. Инаку да, повратници од странство би ја вложиле состојбата, пред се бидејќи најверојатно ќе се дел од истана група спомената горе. Башка што ќе се гужваат низ град и изборни места.Извини а што не е во ред со барањето?
Како прво, Македонија има најлоша епидемиолошка слика во Европа веќе подолго време. Дали искрено мислиш дека повратници од странство се тие кои што ќе придонесат за влошување на состојбата?
Второ, мислам дека сме единствена земја во Европа а можеби и пошироко што повеќе од 3 месеци немаме отворен аеродром.
Трето и најбитно, нели е сериозно кршење на човекови права да одредуваат на повратник 14 дена државен карантин( небитно дали немал тест или по некоја случајност испаднал асимптоматски носител) а некој што е веќе во државата и е заразен да не се соочува со таква казна?
Веќе подолго време ја следам темата и се обидував да не се вклучам во дискусијата но сепак ова е прашање кое директно ме тангира. Живеам во странство и поради нелогични и непромислени мерки којзнае уште колку време нема да бидам во можност да си ја видам фамилијата.
За второто појма немам што сакаш да кажеш. Секаде во Европа воздушниот патнички транспорт е редуциран над 90%. Дури и да отидеш некаде те чека дво неделен карантин и тест.
Трето, бар од тој аспект, нема кршење на права. Сите кои доаѓаат од високоризични подрачја или имаат контакт со потврден случај имаат обврска за двонеделна изолација.
Табановце е отворено цело време, но е со посебен режим на поропуштање на сообраќај. При влез те чека 14-дневна изолација. Доколку си платиш тест и си негативен истата може да ја поминеш дома.