Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
@AlternativeF пишав и во другата тема,ама оваа пошто е здравје па тука би сакал да те прашам.Имаш ли познавање околу тој колективен имунитет?
Автоматски споено мислење:

Или некој друг ако има што се разбира во оваа област?
 
Последно уредено:
едно прашање до стручните:
дали треба да се дезинфикува овошје и зарзават ?
Посебно ме интересира за Јагодите, тешки се за миење а не иде со оцет ( како некој доматите што ги мијат) ??
 
Не бе, доста е да ги измиеш, не мора со оцет да дезинфицираш. Не се мачи без потреба.
 
едно прашање до стручните:
дали треба да се дезинфикува овошје и зарзават ?
Посебно ме интересира за Јагодите, тешки се за миење а не иде со оцет ( како некој доматите што ги мијат) ??
тие што ги мијат со оцет или сода-бикарбона, не го праат тоа заради вирусов, туку го праат и од пред тоа. Тоа им е заради неконтролираното прскање кај нас (за разлика од ЕУ) и општо ниските стандарди за хигиена и квалитет кај нашите производители и продавачи на зеленчук и овошје.
И ја се мислев дали да почнам со тоа.

А ако ти е заради коронава, ваљда е доволно она погоре што ти одговорија.
 
имаше поодамно, колку е точно не знам, дека желудечна киселина го убива К19 ??... значи опасноста била од пренос од површини на раце , па од раце во нос или очи ??
значи миење раце почесто при пипање било што..
Арно ама подоцна испадна дека е откриен К19 и во фекални води, значи не го убива желудочна киселина ???
 
Се одржа ли комисијата што денес ќе одлучуваше за полициски час, од понеделник, во одредени општини?

Некои пишуваа во тек дека е , некои дека допрва ќе се одржи , некои дека утре ќе биде..
Ќе дознаеме може нешо конкретно..
 
@AlternativeF пишав и во другата тема,ама оваа пошто е здравје па тука би сакал да те прашам.Имаш ли познавање околу тој колективен имунитет?
Автоматски споено мислење:

Или некој друг ако има што се разбира во оваа област?
Што поконкретно те интересира во врска со тоа? Општиот концепт или нешто друго?
 
едно прашање до стручните:
дали треба да се дезинфикува овошје и зарзават ?
Посебно ме интересира за Јагодите, тешки се за миење а не иде со оцет ( како некој доматите што ги мијат) ??
Не, не треба да се врши дезинфекција на овошјето и зеленчукот, туку само добро миење под силен млаз од вода,
...јагодите треба да се измијат под млаз од ладна вода, се отстранува зеленилото, па се ставаат во некој сад со вода да поседат некоја минутка, па се фрла таа вода и пак повторно под млаз од вода се плакне, потоа истите се спремни за јадење, тоа што ќе остане за другиот ден се „брише“ нежно со чиста крпа да се упие водата, па се ставаат во пластичен сад во фрижидер, другиот ден пред да се јадат повторно мора под млаз вода да се поминат, па потоа се спремни за јадење!
.... коронавирус е респираторен вирус, ретко се пренесува преку храна, а и да има таков случај е поради пренос со „загадените раце“ од фаќање на таа храна, а не од истата како загадена, па така изедена храна!
... затоа е најважно да се мијат рацете кога ги миеме зеленчукот и овошјето и кога приготвуваме храна и кога ја отпакуваме да не ги пикаме прстите во уста или да ги чешаме очите и носот!
 
Што поконкретно те интересира во врска со тоа? Општиот концепт или нешто друго?
Ме интересира како се доаѓа до тој колективен имунитет?И како може некој кој не се заразил и не го прележал вирусов а да станел имун на него?Што значи сето ова,слабее вирусот ли? Викаат да заболеле 2/3 од населението,а колку ке починат од тие? Испаѓа ли тоа дека силните ке преживеат а слабите ке умрат?
 
После масовното тестване во БГ излегува дека само мегу 1% и 2% от популациjaта има изградени антитела. От медиците тоа са 3%. Тоа е далеку от едно Бергамо каде са около 58% от граганите или Германиja -18% или Австриja - 5%

Во моментот според штабот во БГ 10 болни заразуват нови 12.
 
Колку што е тоа добро, толку може и да биде лошо. Ако постои колективен имунитет, западот ќе го фати побрзо, додека ние секоја година ќе треба со карантини да се заебаваме.
 
Принципно си во право, но има едно прашане - колко долог имунитет се создава от виросот. Сега неделата бев со другар инфекционист (ризикувам да шетам со него ) и сам кажа, дека не се знае колко долго ке имаме имунитет. Знае се дека 3-5 месеца те чува имунитета, но после ... Нема гаранции во моментот .
 
После масовното тестване во БГ излегува дека само мегу 1% и 2% от популациjaта има изградени антитела. От медиците тоа са 3%. Тоа е далеку от едно Бергамо каде са около 58% от граганите или Германиja -18% или Австриja - 5%

Во моментот според штабот во БГ 10 болни заразуват нови 12.
Вие немате избори?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom