Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Зајче на пресот ми беше интересен, целиот уфилман со неговото наивно фацуле, татковски поглед полн топлина одговара на новинарски прашања. Го замислувам качен на комбајн од оние старите ,,Змај" среде летна горештина...
Не го бива ни да смири ситуација. Вели имаме доволно болнички кревети и респиратори, во обид да прати смирувачки тонови а звучи како да се фали и да вели: - слободно разболувајте се, има кревети и респиратори за сите.
После одговара на прашање во контекст на изборите со искра мудрост, велејќи: човекот е голем и вреди онолку колку што му тежи зборот. Оваа мисла никогаш повеќе нема да го има истото значење.
Па немало никој да излегува на избори во сред летна горештина оти асфалтот бил жежок колку сонцето... Да, да...тоа е главниот проблем, фактот што сме престолнина на короната е тотално занемарлив.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.524
Поени од реакции
2.667
Не ја гледав до крај конференцијата на Филипче али од тоа што гледав изостанаа зборовите како поголемиот број е од веќе познати кластери или дека ситуацијата е под контрола.Колку е лоша ситуацијата кажа со фактот дека си даваше утеха дека и другите земји околу нас имаат покачување и дека ова било нормално.А ситуацијата со болниците е катастрофа и да изградат болници за 5 дена како Кинезите џабе ке биде кога немаме персонал и за овие 200 што ги имаме во болниците.Чим персоналот кој те лекува е смртно уплашен тоа говори многу за квалитетот кој би го добил како пациент внатре.
Скопје веќе не го делат по општини гарант поради фактот што се прошири насекаде а и сега пред избори не сакаат уште повеќе да ги делат на пациенти од Чаир и пациенти од Аеродром зошто почна многу да им смета тоа на комшиите мои и тоа ги плаши дека ке им направи проблеми за месец дена.
За жал поради политиката овој месец короната ке биде во заден втор план чим дојдовме во ситуација да се радуваме на 100 болни а бевме во ситуација кога имавме и по 10,ама ние сме од тие ќути имавме и по 200 едно време.Жалосно е што и многу луѓе ни умираат а не се ни на респиратор со оглед дека на инфективна две недели нема на респиратор а секој ден и од таму минимум по 2 умрени искачаат.

За непочитувањето на мерките не сакам ни да почнам да зборам.Како што ке фатат сега овие горештини ни М од маска нема да видиме а полиција ке смали казнување нормално поради изборите.И нема да ме чуди ако почнат и да лажираат бројки се со цел да им се даде кураж на се поголемо население да излезе и да гласа.А после тоа да се спремаме дај Боже не за трета сезона од Корона серијата.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.199
Поени од реакции
16.338
Пановски: Дали ако на ХИВ позитивен, му падне бетонски ѕид од три тона врз глава, ќе го водат како починат од СИДА?
ја вохл... па и овој црнец Флојд што почина, а што го газеше цајо на врат бил К19 позитивен,,,, сигурно и сега овој црнецот што им го одзема на цајканите електрошокерот и го упукаа ама со барутни пиштоли , бил К19 позитивен....
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Вистинското прашање е:Дали до јули ќе останат гласачи ?(намерно е ставено гласачи,а не луѓе зошто они и така ве доживуват вас ништо повеќе од тоа)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.555
Поени од реакции
18.804
Нова вондредна состојба од утре.
Значи трагикомедија стана ситуацијата.
Отвори затвори ќе си играме до крај на годината.
А можеа фино лепо да ги затворат општините кај што имаше жаришта, вака се посеа вирусот низ цела држава.
Со сите мерки каснат, ова со објавувањето на оние кои треба да се во изолација требаше уште на почеток да го спроведат, така граѓаните ќе беа горе долу по информирани и по претпазливи.

Да не можиш крајот да му го најдиш три месеци и кусур на милион и пол жители е срамота.
Да бевме нормална држава уште Април можеа да не стават во тотален карантин, земи таму масовно истестирај се шо е со симптом,кој е позитивен тргај во изолација во одредени карантини со надзор од војска и полиција.
Кој се противи притвор и чао пријатно.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.128
Поени од реакции
8.075
meanwhile супер свесната Црна Гора остана на само 300 и нешто случаеви со отворени граници и се, сигурно веќе имаат и туристички аранжмани. Некој некого јеби.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.555
Поени од реакции
18.804
meanwhile супер свесната Црна Гора остана на само 300 и нешто случаеви со отворени граници и се, сигурно веќе имаат и туристички аранжмани. Некој некого јеби.
Дискутирано е и претходно мислам дека тие уште кога се појавија првите случаи одма се затворија, не ме фаќај за збор.
Можно е и да штелуваат бројки заради туризмот ама некако не ми е верно туку така да одат на таков ризик, колку и да сакаат да скријат болниците ќе се наполнат и ќе букни веста по медиуми.
Поверојатно ми е дека стварно се справиле со вирусот барем засега.
И кај нас да не беа ифтарите и беренките сега ќе бевме со нула случаи ама ете ...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Пановски: Дали ако на ХИВ позитивен, му падне бетонски ѕид од три тона врз глава, ќе го водат како починат од СИДА?
ја вохл... па и овој црнец Флојд што почина, а што го газеше цајо на врат бил К19 позитивен,,,, сигурно и сега овој црнецот што им го одзема на цајканите електрошокерот и го упукаа ама со барутни пиштоли , бил К19 позитивен....
Нема везе ова, на форумот има стручњаци кои ке ти кажат дека треба маски да се носат на улица и да не седиме во кафана ако не сме роѓаци.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.380
Константно сум на работа (значи редовно си одам во смени и дежурства), никој не ме ослободил заради тоа што немало пациенти на примарно ниво. Немам право да си земам слободни денови (освен тие кои редовно ме следат) и немам право да си земам одмор.Дополнително, работам во дом за стари лица и константо сум на располагање.И од дома, 24/7 сум на располагање. Вибер или телефон, во секое време, за секој пациент. И тоа верувајте дека е многу потешко и поисцрпувачко, да му поставиш точна дијагноза и да му кажеш што да пие по телефон, без да го прегледаш.Понатамошни мои коментари се сувишни на темава, затоа што ми ги испревртувате зборовите.
... велиш, немаш право за слободни денови и одмор заради немање на пациенти на „примарно ниво“ ?
... „примарното“ здравство е целосно приватизирано, значи нема државно примарно здравство, може само да врши приватна дејност во државни простории како концесионери, ама се приватници и тие што се носители на дејноста како општ лекар, педијатар, гинеколог, стоматолог си имаат приватни ординации и даваат услуга од примарно ниво склучувајќи договор со ФЗОМ за капитација и тие се т.н. матични лекари - матичен општ лекар, матичен стоматолог, матичен педијатар, матичен гинеколог СИТЕ ПРИВАТНИЦИ !
така да користење на слободни денови годишен одмор во овој ПРИВАТЕН ПРИМАРЕН СЕКТОР зависи од „газдата“ на ординацијата т.е. докторот кој е носител и на приватна здравствена дејност кон персоналот кој му работа како што е медицинска сестра, а тој истиот да ја затвори ординацијата мора да пријави во ФЗОМ доколку има склучено договор за капитација на услужени пациенти!
Здравствен Дом е државна установа т.е. преку локална самоуправа е под министерство за здравство, ама само како превентивна или специјалистичко консултативна, поливалентна патронажа, итна медицинска помош и домашна посета (единствено Здравствен Дом во Скопје е директно под ингиренции на Влада).
...„секундарно“ и „терцијалното“ здравство е државно т.е. под министерство за здравство и се води како јавен сектор, администрација која за време на кризна состојба со болеста КОВИД19 целиот медицински персонал е поделен:
- на тие што имаат деца до 10 години и двајцата родители се вработени едниот се ослободува од работни обврски и седи дома од 02.03.2020 год
- тие со хронични болести и автоимуни болести како и тие над 60 годишна возраст исто се ослободени од работни обврски од 02.03.2020 год
остатокот на неискористен годишниот одмор од 2019 год на овие две категории се сметаат за искористени, додека СИТЕ ДРУГИ што се на работа т.е. имаат работна обврска за време на ова кризна состојба неискористениот годишен одмор од 2019 год може да го искористат до 31.05.2020 год, а тие што се членови на кризниот штаб ангажирани за оваа вонредна ситуација и се организатори на целиот медицински персонал, работа, дежурства...итн, тие ќе можат да го користат неискористениот лански годишен одмор до 31.12.2020 год!
Владата на 37ма седница го разгледа и усвои записникот од 21 ва седница на (17.03.2020)на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 7 април 2020 година.
сето тоа се запечати на 37 седница на Владата на 07.04.2020 год

ice_screenshot_20200615-202701.png
 
Последно уредено:
C

CoolIris

Гостин

Прегледај го приврзокот 255382
.... Да не беше смешно, ќе беше жалосно... 24 часа ти требаа за да ме изанализираш до најситен детал и за да ми напишеш неколку реченици... па замисли до кој степен сум те оптеретила.. цело време да ме мислиш...

Ах бе Бијонс, јас кога дебатирам, тоа го правам сега и одма, не после еден, два, три дена и не после неколку редактирања на првичниот мој пост. Ти замина, наеднаш те снема. Сега немам време за да се занимавам со тебе. Пијам пивце, слушам музика и се релаксирам! Бујрум.

И да .... мојата работа е последното нешто што планирам да го дискутирам на форумот!
 
... јас да ти помогнам, да си ги знаеш правата, а ова е пишано И за други кои читаат инфо, а не знаат некои работи (посебно тие кои полагат државен испит), али ти интерпретирај го како сакаш и онака ти никад не го вреѓаш медицинскиот персонал ... како беше твојот израз- „шалтеруша“ ? :toe:
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Многу ни е е страшна бројката на починати пациенти. 9 починати?!?! Не е можно сите доцна да се хоспитализирани...
Се кладам дека добар дел од починатите на респиратор се баш заради несоодветно ракување со истите. Гарант.

Нема везе ова, на форумот има стручњаци кои ке ти кажат дека треба маски да се носат на улица и да не седиме во кафана ако не сме роѓаци.
Замисли Пановска да беше малку како Пановски па по темите за ковид да немаше толку падавичари (да ги санкционираа де) и генерално луѓе кои само шират страв, живеејќи во очај дека сите ќе испоцркаме...

а види богати сите сме здрави прави и сè уште се натегаме тука со саати :D

p.s. тој пановски е еден од ретките што разумно збораше ама македончето сака да ги слуша политичарите и разно разните инфлуенСЕРИ за да знае што да прави со себе. јбг, што беше тоа здрав разум.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Море како се смени форумов за две и пол недели, прво пиштеа вриштеа луѓево за да бидиме како ШвеЦка.

Сега го направија Венко, монструм поголем од Андерс Тегнел :pos:

Па, нели вирусов е дундин дим, не ни треба затворање, шо е проблемов сега, многу болни ви се гледаат ?
Па и никој не побара затворање. Само има разлика помеѓу нема да ја затвориме државата, и ќе оддржиме избори и влеземе во кампања.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Kajgana Shop

На врв Bottom