Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Управувањето на клубов неверојатно потсеќа на управувањето со државава кај нас. Не случајно сме го одбрале клубов за кој ќе навиваме :pos:
Управава бара од играчите повторно намалување на платите, играчите сосем логично им враќаат со одговор, како тоа немате пари за плати, а имате за стомилионски трансфери кои ги спремате, не сме ви криви ние за лошото менаџирање. Дефинитивно има некоја конекција Барселона со Македонија, не е можно толку да е пресликана ситуацијата :toe:
 
60jLieF.png
 
Се сеќавам пцуевме се живо првата полусезона, млитави резултати, мислам дека Суарез беше со банот тогаш и после се случи можеби и најдобрата полусезона во историјата. Триото се воигра, се запали машината, си игравме со противниците како на фифа аматер, колку сакаа голови им даваа, притоа внимавајќи секој да даде гол и го урнаа рекордот по дадени голови. Добри времиња :)
 
Хипотетички гледано треба да сме во придобивка од паузава, ваљда нема полошо да играат од пред неа, дно допреа. Се врати Суарез, малце Сетиен имаше време да се соземе и да прегледа каде грешел, ако има нешто во црпката секако, на другите тимови им е паднат ритамот, нашиот не може да е паднат, зошто не постоеше и најголемата придобивка е што ќе се игра без публика во гости, знаеме какви проблеми тоа им прави на нашиве тенџерина. Ова се на хартија стои, во пракса ќе видиме.
 
Се осекам како со години да не сум гледал фудбал.
 
Мене ми се виде дека ништо не научил Сетко, толку капацитетот му е. Против првиот посилен противник ќе се посерат.
 
Мене ми се виде дека ништо не научил Сетко, толку капацитетот му е. Против првиот посилен противник ќе се посерат.
Ќе видиме против Севиља на гости за 2 кола како ќе се изигра. Денес ептен лабаво се изигра рутинирано, помогна и тоа што одма на почеток се постигна гол.
Btw Гриезман е уште дупка нигде го немаше.
 
Добро е тоа шо сега имаме ростер на играчи,може да одмарат и да се мењат повеќе со оглед на турбо сезона.Иначе имаше моменти кога сите вршеа пресинг на средина и напад и се стараше шанса за гол,али имше и моменти исто ко есенска дремат ко мисири и не знаат на кој да подадат,воглавно уреду е не паднаа на кондиција оште шуки да проработе и трио напад брат,шуки,меси.
 
Како да гледам натпревар меѓу две екипи пред испаѓање во втора лига..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom