Ви се случила некоја натприродна работа?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не треба во ниту една тема да се подјебаваме за луѓето да може опуштено да си пишат... Ко таа за криминалците у Македонија, политичките збиднувања поради вмешувањето на Дип Стејт, опасностите од ГМО, 5G и сл.
Ама ја мислам дека некои од тие што ќе се срамат, ќе помислат да истражат на интернет (од срам и желба да дознаат), па евентуално ќе стигнат до
http://skepdic.com/ и ќе се едуцираат.

Плус, и покрај заебанциите, ние ко скептици сме овде да ја понудиме и другата алтернатива која е спротивна на верувањата дека флаша Корона е лош предзнак, па да балансираме... Со мала нота на хумор... :D
Не. Подјебавајте се кај сакате, али не тука, пошто мене ме интересираат вакви ствари, не заради некоја објективна општа коректност.

(добро сега, флашата корона у ѓубре е стварно за подјебавање)
 
Не реков дека е сериозно(оти имам осетено сериозно). Ама впечатотокот е "Soon" оти WTF
 
Moжда не треба вака да се пишува, како што праите вие двајца, пошто ова е тема за тие кои веруваат во такви ствари и неќу некој да не напише искуство, само заради тоа што може да биде исмеван. Мене ме интересираат такви ствари и сакам да прочитам такви искуства.
Или тоа, или бијонс ќе даде дијагноза. :(
 
Moжда не треба вака да се пишува, како што праите вие двајца, пошто ова е тема за тие кои веруваат во такви ствари и неќу некој да не напише искуство, само заради тоа што може да биде исмеван. Мене ме интересираат такви ствари и сакам да прочитам такви искуства.

Можеби не треба, но веројатно ќе се согласиш дека има искуства и искуства (а притоа не мислам на шишето Корона). Некогаш има опишани искуства кои наликуваат на писанијата во една друга тема, на друг подфорум: Пред 2 години видов пенис во ерекција на Алсат, дали сум трудна? - тешко е да одолееш, некако да не изреагираш.
 
За оние што сакаат да се занимаваат со натприродни работи и појави, добри и лоши духови, креатури, демони,
мистериозни суштества и се што спаѓа во паранормално и натприродно, повелете.
Имате цела колекција наменета за вас:
Ова се ритуали, од кои некои се со помала, а некои со поголема опасност за животот и здравјето на оној кој ќе реши да ги прави.
Па кој има храброст, бујрум.
 
Кога бев дете (4/5 години) баба рога доаѓаше навечер и ме скокоткаше и тоа беше многу страшно искуство секогаш кога беше комплетна темница во собата се појавуваше силуета на грбава баба која доаѓаше до мене и ме скокоткаше, намерата и беше да ме плаши понекогаш можев да слушнам како се смее тивко и цинично како да е задоволна што умирам од страв во себе, на моите кога им кажував мислеа дека ми се причинува дури јас и сега мислам дека ми се причинувало само памтам дека беше многу реално не беше сон туку се случуваше во свесна состојба и како што одминуваше времето веќе кога бев 6 години не се појавуваше и јас заборавив на тоа се додека се запишав на филолошки факултет, во прва година имаше изборен предмет Мито-поетика ми се виде интересен и го земав а подтема Словенска Митологија и така јас читам за сите митолошки суштества и одеднаш се појавува Кикимора за која словенските народи верувале дека плашела мали деца скокоткајќи ги а се криела или во димњак или под некакви си даски, мојата реакција беше :shook: во мојот случај секогаш излегуваше од под едни даски на кои баба ми имаше ставено саксии со цвеќе и плус исто како и во верувањето ме скокоткаше плашејќи ме.
Единствено не се совпаѓаше верувањето дека идела само во домови каде што имало случај на мртво новороденче и некрстени деца кај мене ни едното ни другото не е случај.

Дали на некој му се случило нешто слично и дали има научно објаснување за ова?
 
:pos:
 
Да, го немам напишано на темава.

Се сеќавам дека горе во спалната гледав фудбал, беше пред едно 10тина години. Во еден момент, додека гледав во телевизорот, со врвот на окото приметив дека нешто мрдна од мојата лева страна. Се свртев и имаше висока и црна појава. Беше висока скоро колку плафонот. Имаше тесен струк и извишеност во ремената. Остана така 10тина секунди и исчезна.
 
Темава е за да кажеш што поточно ти се случило а не само да/не
За волја на вистината ни ти не пиша што точно ти се случило. Дај опис на настанот. ;)
 
Прочитај убаво. Јас напишав што точно ми се случило. Исто така опишав какви беа тие вонземјани :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom