Бугарофилите се секогаш полоши од Бугарите!Колежот бил извршен под команда на Љубен Апостолов од Крива Паланка.Мислав дека само србиве воделе бртоубиствена војна.За жал не било така.![]()
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Бугарофилите се секогаш полоши од Бугарите!Колежот бил извршен под команда на Љубен Апостолов од Крива Паланка.Мислав дека само србиве воделе бртоубиствена војна.За жал не било така.![]()
По дефиниција, Царство Бугарија не била фашистичка држава. Немало ниту една фашистичка партија на власт, особено затоа што за време на војната владела експертска влада. И во двете влади во овој период министрите биле 1 воен, а другите непартиски. Имало политичари кои била профашистички. Инаку, како и во повеќето европски и многу земји надвор од Европа, имало и екстремно десничарски партии и организации. Велам екстремно десничарски затоа што некои биле профашистички, антисемитски, антикомунистички, националистички и сл.А за темата за Бугарите и окупацијата, треба да се споменат ванаби "Поглавникот" Иван Михајлов кој формира некакви контрачети, дакле контрачетници, паравојска која била на страна на окупационите сили, долго време постоеше мит дека во Македонија немало соработка со окупатор за разлика од Србија/Хрватска/Словенија/Босна, но тоа не е точно. Настрана балистите, тука се и овие гниди кои се бореле против партизаните, силувале и палеле по селата, а биле 99% македонци. Иако во еден период имале преку 200 чети, тоа не биле чети по формациски стандард, пеример 100-120 души, него имало "чети" кои биле со едноцифрен број припадници. Нивниот учинок, освен неколку зверства фотограски добро документирани, обично биле разбивани ко пацови во сите посериозни судири. Не знам дали Охрана делувала во овие краишта но ги имало во дел од Егеј подарен од Германци на Бугари.
Имам книга за организацијата Браник, фашистичка младинска организација (Хитлерјугенд за сиромашни) која врбувала младина по средни школи и универзитети и имала оддел и за мкд. со јасна фашистичка доктрина и идеологија.
Постоењето на такви организации наведува на постоење на фашизоидност на бугарската држава во тие времиња иако не сум сигурен дека може да се каже дека Бугарија била фашистичка како Хрватска, Словачка или Унгарија.
Кое е вашето мислење за Бугарија, може да се сврста во фашистички земји или била само фашизоидна?
По дефиниција, Царство Бугарија не била фашистичка држава. Немало ниту една фашистичка партија на власт, особено затоа што за време на војната владела експертска влада. И во двете влади во овој период министрите биле 1 воен, а другите непартиски. Имало политичари кои била профашистички. Инаку, како и во повеќето европски и многу земји надвор од Европа, имало и екстремно десничарски партии и организации. Велам екстремно десничарски затоа што некои биле профашистички, антисемитски, антикомунистички, националистички и сл.
Ја препорачувам книгата на Николај Попетров „Фашизмот во Бугарија“, ако некој е заинтересиран за темата. Бранник е нешто како Хитлерјугенд, но многу пораспространета и реално, тоа е повеќе како пионерското движење во комунистичките земји. Младите биле избрани за Хитлерјугенд, додека во Бранник, иако првично било доброволно, подоцна станува практично задолжително (кон 1943 имало по списак 450000 членови).
ОХРАНА во 1943 година имале 3.000 членови и се бореле против грчките комунисти основно. Не си во право за 200 контрачети – станува збор за 200 контрачетници.
Другите што вреди да се споменат се бугарските акциони комитети, кои за кратко време успеаја да соберат над 1000 членови, додека партизаните на Тито биле 1000 едва на крајот на 1941 година. БАК ги избра скоро сите градоначалници и општини на териториите от Вардарска Македонија управувани од Царството и се иницијатори за ослободување на луѓето родени во Вардарско од германски, унгарски и италијански воени логори (војници на Кралството Југославија). Се разбира, поголемиот дел од населението едноставно се грижело за нивните секојдневни работи без да се меша во про/анти "акции".
Прегледај го приврзокот 254957
Самото членување во оската наведува на фашизоидност, иако си во право дека никогаш на власт во Царство Бугарија не биле фашисти за разлика од другите земји на оската со исклучок на Финска која е во специфична позиција и нема друг избор да врати територии освен да се зачлени. Југославија потпишува поради други причини а тоа повлекува низа на настани кои ќе кулминираат со ФНРЈ, додека Бугарија се приклучува од непознати причини, ако се земе дека Германија остава териториите на администирање на Бугарија тоа значи дека после евентуална победа на Рајхот тие би ги земале назад освоените од нив и дадените на чување од нив територии (не само на Балкан), според тебе кој бил мотивот да Бугарија пристапи кон Оската?
Не може да се 200 контрачетници, тоа не би се регистрирало ни како фуснота во историјата, некаде имаше податок дека биле 200*20 до 25 ликови, значи 4000-5000 припадници.
Како ли си ја замислуваш ти мапата на Балканот?да не се приклучува на пактот и да биде "прегазена" од германската армија на патот кон Југославија
Има една многу добра мисла за Цар Борис III - „Подобро црн леб, одколку црни забрадки“.
Бугарија практично нема друг избор освен да се приклучи на страната на германците. Германските трупи се северно од Дунав и мора да ја нападнат Југославија за да и помогнат на Италија со Грците. Бугарија има две опции, да не се приклучува на пактот и да биде "прегазена" од германската армија на патот кон Југославија или да се приклучат. Забележи дека тоа не се случи во 1939 година, туку во 1941 година, кога веке германците беа на влезот во државата и дека Бугарија не учествуваше во воени дејства до септември 1944 година. Немаше бугарски трупи на Источниот или на некој друг фронт. Ако ги видиш дивизиите на СС (некои претходно бригади), ќе видиш дека има од цела Европа (да не ги набројувам) и не само, но не и од Бугарија.
Администрацијата на Македонија и Тракија е многу добар изговор за Бугарија да не испраќа трупи на фронтот. Наводно, таа ја штити територијата од слетувањето на Британците од Егејското Море. Така, Германците можат да ги испратат своите трупи (од војната против Југославија и Грција) на фронтовите, како што се случува. Неодамна разгледав статистика за смртта на бугарските полицајци, војници и луѓе од администрацијата во Вардарска Македонија и јужно Моравско (1941 - 1944) и се покажа дека имало околу 700.
Со успешен крај на војната за Германија, целата територија на Македонија сигурно ќе беше дел од Царството Бугарија.
Ако Бугарија се придружи на сојузниците, ќе изгубише без оглед на исходот. Немаше да имаме ниту еден дел од Југославија и Грција, ниту пак Јужна Доброгеја ќе се врати кај нас. Ние би имале многу жртви и повторно ќе се соочиме со катастрофа. Во Бугарија немаше да има 50.000 Евреи. Дури и за земјата што губи, по војната имаме поголема територија (Јужна Добруджа) и финансиските загуби не се толку големи. Нашите жртви се главно во војната 1944 - 1945 година.
Огромен дел од германските трупи што ја напаѓаат Југославија од исток го преминуваат Дунав близу Русе (12-та армија на фелдмаршал Вилхелм Лист).Како ли си ја замислуваш ти мапата на Балканот?
Што знам, и покрај тоа, мене ми личи дека не може баш така лабаво да се каже, - ќе ја прегазеа Бугарија на пат кон Југославија.Огромен дел од германските трупи што ја напаѓаат Југославија од исток го преминуваат Дунав близу Русе (12-та армија на генерал-полковник Вилхелм Лист).
Да, во тоа време сè било застарено. До 1938 година, ние всушност имавме право на 33.000 војска. Немаме право да се вооружуваме итн., иако тоа го сторивме до одредна степен.Евидентно Цар Борис бил класа политичар и успеал за време на неговото владеење да изжонглира за да се постигне апсолутен минимум жртви. Главно од сеп.44 па понатаму во состав на трети украински фронт, но тука се и бомбардирањата на Софија од страна на САД (мислам дека УК не учествувала) и предимно воздушни борби.
Во тие воздушни борби, пред да достават немците Д-520 и Бф-109 Густав, ловачката авијација на БГ била крајно застарена.
Инаку во Државна Аероплана Работилница на Божуриште требало да се склопат 50+ ловци од типот Авија Б-135 или "чехословачкиот Спитфајер" според сите показатели одличен авион со елиптични крила, од сеприсутниот француски мотор кој цел свет го лиценцира или копира (Испано-Суиза 12) со 860 коња вади 550 км/ч поради одличната аеродинамика.
Овој авион требало да биден основен ловец за БГ па и да се развие појака варијанта Б.235, чесите мислам доставиле 12 авиони и лиценца, но не ми е познато зошто производството било прекинато. Дали ти е познато зошто се лишиле од барем три ескадрили на овој пресретнувач?
![]()
Мислата ми беше дека немавме каков начин да се спротивставиме на германската армија на кој било начин - добро обучени, добро опремени, добро одржувани со авиони, тенкови што не сме ги виделе. Полската кампание трае само еден месец, Југославската 2 недели. За 2 недели цела Бугарија ќе биде освоена од исток кон запад.Што знам, и покрај тоа, мене ми личи дека не може баш така лабаво да се каже, - ќе ја прегазеа Бугарија на пат кон Југославија.
Тој огромен дел, што го викаш, не е таму, во Бугарија, само заради Југославија. Туку и заради влез во Грција, каде што се Британците.
Многу чудно како збориш во прво лице!Да, во тоа време сè било застарено. До 1938 година, ние всушност имавме право на 33.000 војска. Немаме право да се вооружуваме итн., иако тоа го сторивме до одредна степен.
Не знам зошто сме се лишиле. Втората светска војна не е моја сила, особено авијацијата.
Еве што сме имале 1940.
Прегледај го приврзокот 254969
Автоматски споено мислење:
Мислата ми беше дека немавме каков начин да се спротивставиме на германската армија на кој било начин - добро обучени, добро опремени, добро одржувани со авиони, тенкови што не сме ги виделе. Полската кампание трае само еден месец, Југославската 2 недели. За 2 недели цела Бугарија ќе биде освоена од исток кон запад.![]()
Фашизоидност на што? На бугарското правителство? Тоа секогаш било такво! Бугарскиот народ, не верувам дека може да се генерализира така, оти бугарската хора е најмалку со бугарски корени, сето останато е овдешно локално, балканско, кое во основа е оперисано од екстреми и фашизоидност( со исклучок на брајчата, офкоарсе)Самото членување во оската наведува на фашизоидност, иако си во право дека никогаш на власт во Царство Бугарија не биле фашисти за разлика од другите земји на оската со исклучок на Финска која е во специфична позиција и нема друг избор да врати територии освен да се зачлени. Југославија потпишува поради други причини а тоа повлекува низа на настани кои ќе кулминираат со ФНРЈ, додека Бугарија се приклучува од непознати причини, ако се земе дека Германија остава териториите на администирање на Бугарија тоа значи дека после евентуална победа на Рајхот тие би ги земале назад освоените од нив и дадените на чување од нив територии (не само на Балкан), според тебе кој бил мотивот да Бугарија пристапи кон Оската?
Не може да се 200 контрачетници, тоа не би се регистрирало ни како фуснота во историјата, некаде имаше податок дека биле 200*20 до 25 ликови, значи 4000-5000 припадници.
Како мртов ладен си викаш Бугарија немала друг излез? Значи Југославија имала, Бугарија немала, така? Кажи, тоа бил најбезболниот начин да се остане не*бан во изборот змија или магаре, игра која Бугарија ја има играно веќе неколку пати и има опит на таа тема!Има една многу добра мисла за Цар Борис III - „Подобро црн леб, одколку црни забрадки“.
Бугарија практично нема друг избор освен да се приклучи на страната на германците. Германските трупи се северно од Дунав и мора да ја нападнат Југославија за да и помогнат на Италија со Грците. Бугарија има две опции, да не се приклучува на пактот и да биде "прегазена" од германската армија на патот кон Југославија или да се приклучат. Забележи дека тоа не се случи во 1939 година, туку во 1941 година, кога веке германците беа на влезот во државата и дека Бугарија не учествуваше во воени дејства до септември 1944 година. Немаше бугарски трупи на Источниот или на некој друг фронт. Ако ги видиш дивизиите на СС (некои претходно бригади), ќе видиш дека има од цела Европа (да не ги набројувам) и не само, но не и од Бугарија.
Администрацијата на Македонија и Тракија е многу добар изговор за Бугарија да не испраќа трупи на фронтот. Наводно, таа ја штити територијата од слетувањето на Британците од Егејското Море. Така, Германците можат да ги испратат своите трупи (од војната против Југославија и Грција) на фронтовите, како што се случува. Неодамна разгледав статистика за смртта на бугарските полицајци, војници и луѓе од администрацијата во Вардарска Македонија и јужно Моравско (1941 - 1944) и се покажа дека имало околу 700.
Со успешен крај на војната за Германија, целата територија на Македонија сигурно ќе беше дел од Царството Бугарија.
Ако Бугарија се придружи на сојузниците, ќе изгубише без оглед на исходот. Немаше да имаме ниту еден дел од Југославија и Грција, ниту пак Јужна Доброгеја ќе се врати кај нас. Ние би имале многу жртви и повторно ќе се соочиме со катастрофа. Во Бугарија немаше да има 50.000 Евреи. Дури и за земјата што губи, по војната имаме поголема територија (Јужна Добруджа) и финансиските загуби не се толку големи. Нашите жртви се главно во војната 1944 - 1945 година.
Да, во тоа време сè било застарено. До 1938 година, ние всушност имавме право на 33.000 војска. Немаме право да се вооружуваме итн., иако тоа го сторивме до одредна степен.
Не знам зошто сме се лишиле. Втората светска војна не е моја сила, особено авијацијата.
Еве што сме имале 1940.
Прегледај го приврзокот 254969
Автоматски споено мислење:
Мислата ми беше дека немавме каков начин да се спротивставиме на германската армија на кој било начин - добро обучени, добро опремени, добро одржувани со авиони, тенкови што не сме ги виделе. Полската кампание трае само еден месец, Југославската 2 недели. За 2 недели цела Бугарија ќе биде освоена од исток кон запад.![]()
Фашизоидност на што? На бугарското правителство? Тоа секогаш било такво! Бугарскиот народ, не верувам дека може да се генерализира така, оти бугарската хора е најмалку со бугарски корени, сето останато е овдешно локално, балканско, кое во основа е оперисано од екстреми и фашизоидност( со исклучок на брајчата, офкоарсе)
Автоматски споено мислење:
Како мртов ладен си викаш Бугарија немала друг излез? Значи Југославија имала, Бугарија немала, така? Кажи, тоа бил најбезболниот начин да се остане не*бан во изборот змија или магаре, игра која Бугарија ја има играно веќе неколку пати и има опит на таа тема!