кој е тој фици, дај кажете нешто за нас "провинцијалциве" :pos2:
што се случуваше порано на ебанкава...
некоја снимка ако имате уште подобро...
и бтв...дај кажете ако знаете некои други вакви радио емисии, англиски, српски, хрватски...нешто што може да се слуша на интернет

п.с. што е финтава со ова таблава...демек лајв играле табла?:nesvest:
Фици му беше тонски реализатор на Викса на времето коа работеше во Топ ФМ, а мислам дека работеше и во Сити, ама не сум сигурен, слични се со Јохан и не паметам до кога беше Фици а од кога продолжи Јохан.
Инаку емисија на Ебанка, ух... ако успеам да ја најдам по мојата бек-ап архива од 20тина ДВД дискови ќе ја закачам на Рапидшер најдобрата емисија на Балканска ебанка, со Глоријан.
А финтата со таблата не знам што беше, ваљда обично играње табла у маало, најлезет занимација на мрзливи скопјани. За шах требе да се мисли, ова нема многу мислење

Инаку имаше добра финта со Лап-Топ, уште не времето коа лап топовите коштаа многу пари. Викса секоја емисија викаше мх што ми е добар лап топоф, мх што ми е добар.
И имаше еден тип, намести саат да стане рано сабајле, на истото радио Топ ФМ имаше утринска програма Јанко Илковски-Бурекџија (тогаш беше само Јанко, уан енд онли). И прашува младичот што е работата со лап топот на Викса, што машина е па овој нон стоп го фали.
И Јанко првин се посра од смеење, и коа се прибра му вика: Викса и лап топ, младичу, да не ме заебаваш ти мене. Дај кажи што кажувал Викса у емисија, одамна не сум го слушал, ни се разидуваат термините.
И младичов објаснува, објаснува, и на Јанк му текна.
Дааа бее, види сеа што е работата!
Викса пред емисија зима пица, и кутијата од пицата нели ко лап топ е, и отвора кутија, лап, топ.
