Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Ф

Флеш

Гостин
Читам за корона вирусот и поврзаноста со автоимуни болести,акцент ставано на Хашимото (тироидна жлезда)..... Автоимуност ти значи одбранбениот штит на телото е расипано и постојано без потреба активиран и го јаде телото без потреба како последици на отеченост,дебели очи,зголемена тежина,ќелавост,најлошо неплодност ....

Дали луѓето со автоимуна болест на тироидната жлезда, како што е тироидитис на Хашимото или болест на Грејвс, се изложени на поголем ризик за стекнување на СОВИД-19 или посериозна инфекција со КОВИД-19?
Американските центри за контрола на болести (ЦДЦ) советуваат дека лицата кои се имунокомпромитирани се изложени на поголем ризик од тешка болест од СОВИД-19. Имунокомпромитирани лица имаат послаб имунолошки систем и имаат потешко време во борба против инфекции. Сепак, имунолошкиот систем е сложен, а имањето автоимуна болест на тироидната жлезда не значи дека некое лице е имунокомпромитирано или нема да може да се бори против вирусна инфекција.

Досега, нема индикации дека пациентите со автоимуно заболување на тироидната жлезда имаат поголем ризик од заболување од КОВИД-19 или ако бидат потешко погодени доколку се здобијат со инфекција ЦОВИД-19.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.282
Поени од реакции
15.421
не знам дали е точна информацијата

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.589
Поени од реакции
37.508
Постојат три типа на носители на SARS-CoV2:
1.Асимптоматските носители (луѓе кои не развиваат никакви симптоми на COVID-19, а се способни да ја шират заразата во првите 7-10 дена заразата од нивното инфицирање)
2.Пресимптоматски носители (луѓе кои се рано дијагностицирани, а допрва ќе развијат симптоми, вообичаено манифестирањето на симптоми во просек е на 5-6 ден од контакт со инфицирано лице иако инкубациониот период е од 1-14 дена).
3.Симптоматски носители (луѓе кои имаат веќе развиено симптоми на COVID-19)
- науката за вируси е позната како вирологија и претставува супспецијалност на микробиологијата (најкопетентни да образложат)!

... ОПШТО, вирусите постојат во форма на независни вирални честички вириони составени од (додека не инфицираат одредена клетка) :
- генетски материјал составен од ДНК или РНК
- заштитна протеинска обвивка наречена капсид (која го опкружува и заштитува генетскиот материјал)
- обвивка од липиди која го опкружува протеинскиот слој.

...ОПШТО, некои вируси не предизвикуваат некои промени во инфицираната клетка и така седи неактивен покажувајќи скоро ич знаци за инфекција и често таква перзистентна инфекција го прави неактивен вирусот со месеци или година ( пример, херпес вирус),

...но вирусот т.н. КОРОНАВИРУС кога навлегува во човекот ја инфицира клетката и тогаш човекот се заразува инфицира со коронавирус - болест наречена КОВИД 19, се додека не се докаже со извршени два теста преку недела дена, дека го нема коронавирусот во себе, тој е носител и пренесувач на коронавирус!

- едно е ПАТОГЕНОСТ на корона вирусот, тоа значи да ИНФИЦИРА клетка и тоа е ГЕНЕТСКА ПРЕДИСПОЗИЦИЈА на коронавирус, не може помалку или повеќе да инфицира (првите 3,4 дена 7 дена... или некој ден кога не инфицира) ако се работи за патогеност, инфекција со коронавирусот е иста во секое време од преносителот, тоа е непроменлива особина!

- друго е ВИРУЛЕНЦИЈА која е променлива особина на вирусот и укажува на квантитетот/ степен на патогеност и тука можеме да дадеме поделби зависи во кои услови се наоѓа коронавирусот, т.е. ширење на истиот од клетка на клетка, дозата на инфекцијата со коронавирусот и по кој пат навлегол истиот во организмот преку дишни патишта? , очи...уста, и во каква состојба е имунолошкиот одговор на влез на коронавирус па да имаме асимптоматски случаеви или со сосема мали симптоми итн! и кога имунолошкиот одговор е послаб и коронавирус брзо се проширил од клетка во клетка, нормално дека таква особа ќе кива, кашла,шмрка со што побрзо ќе го шири коронавирусот за разлика од тој што е инфициран ама асимптоматичен значи не кива, кашла помала шанса да пренесе, но не дека е помалку инфициран!

...така да инфекцијата со коронавирус е една единствена работа, вирусот си е вирус еден е коронавирус со својот генетски материјал и патогеност да индфицира и кога навлегува коронавирусот во организмот тој човек ја шири заразата секој ден - и со 2, 3, 7, 10 па се до 14 дена, па затоа седи во самоизолација, па со двојно негативен тест да докаже дека го нема вирусот во себе, тогаш не е опасност за околината!

...наведените разлики се само во врска со вируленцијата на вирусот која зависи од многу услови, кој е патот на инфекцијата, колку честици од тој вирус истовремено навлегол во организмот „инфективна доза“, каква е моменталната состојбата на тој организам со другите хронични заболувања, каков е моменталниот имунолошки одговор на тој организам - тогаш разликуваме три состојби на одговор на организмот на инфекција со коронавирус, како што имаме и различни клинички манифестации од еден ист вирус- коронавирус, а не дека постојат три типа на коронавирус и различни инфекции со коронавирус за „способност“ за инфицирање 7-10 дена од зараза или пресимптоматски носители или после носители со симптоми!

-инфекцијата со коронавирус е иста за цело време од носителот на истата, се додека го има во него, вируленцијата е различна зависно од повеќе услови и фактори ама не од преносителот ниту од коронавирусот, туку од примателот на тој вирус!

- вирусот не е ослабнат (варијабилност на вирусот), туку заштитините мерки (индивидулани,социјални, витаминска исхрана) на луѓето придонесоа да се намали заразувањето, вирусот доколку зборуваме за природно мутирање му треба најмалку година истото да го стори, не може за кратко време да мутира, ако „некој“ не го направи тоа намерно!

П.С.
самиот новинар на порталот кој го споделува инфото прави грешка укажувајќи на „три типа коронавирус“ што никаде не е спомнато од авторот на статусот!
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
8.602
Поени од реакции
5.227
Привилегијата е реална и привилегијата се двојните аршини, само што тоа овојпат истото ви се удри по глава.
Ако државата распишеше полициски час, ќе бевте малтретирани и ќе ви беа ускратени верските слободи. Ама пошто ви дадоа да кршите глава (и ја скршивте), сега државата ви е крива што се испозаразивте едни со други... Дај решете се што сакате, пошто гнидиве од политичари секако ќе ви удоволат.

Инаку кога сме веќе кај „идиоти и ретардирани“ Реисот се закани со негласање на албанскиот електорат, ако се распишел полициски час. И така во недоглед со уцените, глупостите, и окривувањето на другите за сопствената глупост.
Само криминалец може да мисли дека е привилегија.
За реисот ликнаа документи дека бил удбаш, провокатор и јавно го благослови Груевски, и сосем нормално ви служи по ваши аргументи. И да бил пророкот Мухамед кур не ми чуе, законот би требало за сите исто да важи, ама не важи.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Директоркана на ДСЗИ на Телма вика пружаат отпор, лажат дека не се тие, го кријат идентитетот за да не бидат тестирани :pos:
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Уште остануваш игнорантен за фактот дека хипоксија и хипоксемија се меѓу главните последици/компликации од КОВИД-19?

Што произлегува од хипоксемија? Ниска сатурација на кислород?
Аман.
Дај бе па ти престани со глупости, прочита нешто па не доктор, специјалист стана.
Хипоксија ти ќе ми кажеш, жената губи крв на операција, срцето застанува, пулс се намалува, ќе чека организмот корона симптоми постоперативно. Ај гитла не се глупирај кога не разбираш.
Автоматски споено мислење:

Мислам дека на повеќето кои ја постирате аналогијава не ви е јасно како оди пополнување на посмртница.

Како причина за смрт се јавува состојбата што го турнала телото во колапс.

Ако некој со корона го удри кола, сигурно дека нема да го пишат дека е починат како последица од вирусот ама ако почине од heart failure поради слабост на организамот, медицинска етика и протокол е да се наведе дека короната е директна причина за смртната состојба и откажувањето на срцето поради слабеење на организамот.

Не е тешко да се одбере во што да се верува, едноставно ги скокаш ретардите што викаат дека "имале другар, па тој имал снаа за втор братучед, што умрел татко и од затнат нос па им давале 2,000 евра за да ги пишат од корона дека умреле". Нормално име и презиме на починатиот никој не кажува, ниту па имаш сликана посмртница...




Неколку пати имам пишано дека чест на исклучоци ама во 8 септември се иде за да се умре... Може да е и случајност секако, во секој случај колку што знам сега ги носат во 8 септември зошто инфективна малце ко да ми се накрцува.
Ај да дебатираме на тој начин.
Нема корона, кола го удира, завршува на нервно, интерно, операција ваму таму умира. Еве и на обдукција heart failure по твое. Постмортално корона. Што е причина за смрт примарна.
 
Последно уредено:

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.536
Поени од реакции
2.709
Директоркана на ДСЗИ на Телма вика пружаат отпор, лажат дека не се тие, го кријат идентитетот за да не бидат тестирани :pos:
Па што мислиш ти....Цело село да разбере дека се заразени...Поубаво да се умре него тој срам...Ке нема више доаѓање на гости...Па уште ако имаш за женење за мажење нема шанси више тоа да се случи.Со еден збор осуден си заувек :D Како да се тестира некој таков случај кој највеќе терал кампања дека корона не постои.Мислам нема смисла :D
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Има некој инфо за Арачиново? Денеска слушнав дека таму воопшто не можат да влезат за да тестираат. Не ги пуштале, бегале......:D
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Јас не сум се интересирал за животот и делото на Филипче, нит па ќе го направам тоа.
Супер е ти што еве ти му ја знаеш историјата на Филипче, само сето ова ти што го пишуваш ќе беше битно ко ланскиот снег, ако државава се справеше како што треба со вирусов. Во таква ситуација Филипче, иако знаеме дека не ги влече он сите одлуки и дека позади него има група луѓе, ќе го собереше кајмакот од таквата ситуација.
Ама, тоа не се случи и ние сме на дното од шлајмот држави во Европа.

Херојот, објаснив и после тоа, не значи дека ја сум имал слика од Филипче дома закачена и сум се крстел пред него и сум му палел кандилце. Да останеше херој, човек кој успешно се справил со криза, пак немаше да му се клањам туку едноставно ќе ја имаше мојата почит.
Филипче на почетокот изгледаше дека ќе биде херој, во смисла како што ја опишав, арно ама, реши дека политиката, политичарите и политичките игри се побитни и затоа сеа верувам дека има 0 почит и доверба кај народот.
За да ја знаеш биографијата на некој политичар доволно е 20 минути пребарување на површни информации и ќе ја научиш, а ако пратиш медиуми само 5 минути подсетување.

Ај да збориме реално... Кој е најмногу крив за ситуацијата и за овој случај, каде ген-сек на СДС си игра мајтап со јавноста?


1) Комисијата за заразни болести (која предлага мерки), а Филипче не е член.
2) Владата (која прифаќа мерки)
3) Самиот Николовски, кој си игра курташак со народот
4) Заев и СДС зошто им се брза за избори
5) или самиот Филипче кој овластувањата му се во доменот на здравството и здравствените институции.

Наќе Чулев не е опција, бидејќи Николовски не прави никаков прекршок, со тоа што го напуштил Скопје или Крива Паланка каде што живееше пред да добие функција.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.027
Поени од реакции
34.449
Дегутантно и глупо е тоа што со 1000 активни случаи и секојдневно растење на бројката ние коментираме, Албанци и Македонци, Сдсм и Вмро. Па никаде во светот го нема тоа.

Заедно живееме, во една држава, колективно сите сме одговорни за тоа што ни се случува.

Кога станува збор за здравјето на народот, најмалку што треба да се прави е да се дебатира за политика и да се биде националист.
Проблемот постои. За да се реши проблемот истиот треба да се анализира... Со факти. И потоа кога ќе се најдат причините за проблемот, истите да се одстранат.
Ајде понатаму. Фактите го велат следново, статистички гледано огромен дел од заразените се Албанци (или Шќиптари како што самите се нарекуваат).

Значи ако тоа се фактите, те молам објасни ми како користење на статистички метод мене сега ме направи „националист“?

Реторичко е прашањето, само сакам да ти објаснам дека ти и многумина други претерувате со политичка коректност. Затоа ќе те поправам: Да сите сме одговорни - одговорни сме да постапуваме одговорно. Но не, не сме сите еднакво одговорни виновни за скокот за новозаразени болни. Тие што почитуваат мерки не се еднакво одговорни со тие што ги игнорираат мерките.



И многу е долно и бедно, додека некој лежи на инфективна клиника, на респиратор, со тешка форма на пневмонија, да го гледаш со други очи само затоа што е со различна националност, верско и политичко убедување од твоето и да му посакуваш све најлошо.
Бедно е на некој да му се посакува лошо, но што правиме со тие што заради неодговорно однесување ја шират заразата и ги зафаќаат ограничените болнички капацитети? Дали некој друг заслужува да умре, затоа што за него нема болнички капацитет а се заразил ете на пример на службена должност (здравство, полиција, итн)?



За ширењето на заразата сите придонесувме. Ти (Македонец) ќе купиш патлиџани и краставици од Албанец, ќе го пренесиш вирусот дома на твоите.
...
И имаш луѓе кои се болни, свесни се дека кашлаат, киваат и имаат температура, ама тоа не ги спречува да одат на скара за први мај, да тераат Ифтар, Бајрам, Велигден.
Значи јас ако излезам еднаш неделно да купам намирници (да, навистина се обидувам да пазарам еднаш неделно), и ако мене ме зарази Албанец кој самиот се заразил заради негово лично неодговорно однесување додека се гужвал со стотици луѓе во затворен простор и без заштита... Јас и тој Албанец, ние еднакво сме одговорни и виновни? Задоволување на основни животни потреби ставаш во ист кош со неодговорно и глупаво однесување кое ги загрозува и поединецот и другите окулу него?

Еве и една можна завршница во твојава хипотетичка ситуација: Ако има само уште еден слободен кревет во интензивна нега - кој ќе го примат, мене или спомнатиот Албанец? :)
Ич да не почнувам за тоа што јас редовно со години плаќам данок (за разлика од другиот), пошто ќе го завртиме муабетот на погрешна страна во офтопик.

Намерата не ти е лоша, но не ја гледаш целата слика. Не си објективна, па ги споредуваш Велигден и Бајрам кога неспоредливо повеќе болни има од второво. Први Мај го спомнуваш, и скари, ама ни тогаш немаше скок во новозаразени... Во таа твоја необјективност, ненамерно ги поттикнуваш двојните аршини кои ги направија сите проблеми со скокот на новозаразени. А кога има проблем, последно што треба е да се ограничуваме со глупости како политичка коректност и наметнат вештачки космополитизам.


На крај не сакам да ме доживееш непријателски, само сакав да ти ја покажам другата страна од паричката која сметам дека не ја гледаш баш јасно. Не се гледа добро пошто на високо си таму, на тоа ритчето од политичка коректност. :)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.649
Поени од реакции
18.909
Во право е Дени, попрво ќе умрат одколку да си погазат на егото.
Оние кои не веруваат во корона дека постои абе со 40 температура ќе седи една недела и нема да оди на доктор.
Познавам многу кои викаат дете мое нема да го вакцинирам па ако треба никогаш во ниедна држава да не ме примат.
Е сега некој од нив очекувате да одат да се тестираат, не бе пријатели, полесно им е да изиграваат доктори на гугл и дома да се лечат, после кога ќе дојде нож до коска, ама министерот вака ама министерот онака.
Сите држави се справуваат, излегуваат од тунелот ние уште се убедуваме дали вирусот постои или не :facepalm:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.589
Поени од реакции
37.508
Само криминалец може да мисли дека е привилегија.
За реисот ликнаа документи дека бил удбаш, провокатор и јавно го благослови Груевски, и сосем нормално ви служи по ваши аргументи. И да бил пророкот Мухамед кур не ми чуе, законот би требало за сите исто да важи, ама не важи.
... не е точно, позадина го штити дури и кога кажа дека „ македонскиот народ е див затоа нема идентитет“ си остана поглавар на ИВЗ без последици и било кој мајтап да тера и гол да се соблече никој ништо не му може, освен од тој што му даде благословот ама не од НГ туку од АА! ама ги повреди чувствата на муслиманите со ова женачката а тоа не е исто кога се подбива со каур, па затоа „јавно“ е сменет да се смири работава, инаку уште стои во позадина и ти тоа добро го знаеш!;)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.327
Поени од реакции
10.201
Една ситуација што ми паднала во очи барем последната недела баш сега кога е овој бран а бе сите смртни случаи се во 8 септември и на респираторни машини а ниеден во инфективна....Што е работава дали поквалитетни доктори има во инфективна а послаби во 8 септември не знам само знам дека за коронава немаат добра репутација а повеќето случаи се таму ги носат :(
Имаат анестезиолози кои се компетентни за ставање на пациентот на машините за дишење, додека на инфективна клиника мислам дека немаат таков кадар.
Факт е дека фалат стручно обучени лица за таа проблематика и да не грешам душа, можно е некој да е починат и поради грешка или незнење во работата со тие респиратори...жално
 
C

CoolIris

Гостин
Значи ако тоа се фактите, те молам објасни ми како користење на статистички метод мене сега ме направи „националист“?
Јас никаде не ги негирам статистиките. Евидентно е. Константно зборам дека населбите во кои има најголем број на заболени треба да се изолираат!
Дури и имам пишувано дека е евидентно дека бројот на новозаразени е последица од Ифтар и Бајрам. Не знам зошто толку погрешно ги интерпретирате моите постови. Тоа што се обидувам да кажам е дека многу поголемо значење се дава на верата и националноста на заболените, отколку на самиот вирус.
Но не, не сме сите еднакво одговорни виновни за скокот за новозаразени болни. Тие што почитуваат мерки не се еднакво одговорни со тие што ги игнорираат мерките.
Апсолутно! Тој што почитува ќе почитува, независно од степенот на рестрикција.
Бедно е на некој да му се посакува лошо, но што правиме со тие што заради неодговорно однесување ја шират заразата и ги зафаќаат ограничените болнички капацитети? Дали некој друг заслужува да умре, затоа што за него нема болнички капацитет а се заразил ете на пример на службена должност (здравство, полиција, итн)?
Тука треба да се бара одговорност од полиција. Зошто не се казнува? Зошто за едни важат правилата, а за други не? Никој не заслужува да умре. Човековиот живот нема цена.
Значи јас ако излезам еднаш неделно да купам намирници (да, навистина се обидувам да пазарам еднаш неделно), и ако мене ме зарази Албанец кој самиот се заразил заради негово лично неодговорно однесување додека се гужвал со стотици луѓе во затворен простор и без заштита... Јас и тој Албанец, ние еднакво сме одговорни и виновни? Задоволување на основни животни потреби ставаш во ист кош со неодговорно и глупаво однесување кое ги загрозува и поединецот и другите окулу него?
Тоа беше компарација, дека постојат свесни и одговорни луѓе на двете страни и дека не се сите исти.

И не, не ми беше тоа поентата. Поентата беше дека вирусот многу лесно може да се прошири, без разлика дали си ти свесен и одговорен или не!

Воопшто не те доживеав непријателски, напротив, благодарам за убавата реплика. Почитувам туѓо мислење, прифаќам и критика, се додека е тоа убаво склопено, на фин и културен начин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom