Д-р Владимир Аврамовски е еден од оние стручњаци во нашата држава, кои од почетокот на оваа криза, реално и без егзибиционизам во настапите ги презентираше фактите, а воедно повикуваше доследно да се спроведуваат пропишаните мерки. Тој во свој статус на социјалните мрежи денес, ги објаснува...
galama.club
Постојат
три типа на носители на SARS-CoV2:
1.Асимптоматските носители (луѓе кои не развиваат никакви симптоми на COVID-19, а се способни да ја
шират заразата во првите 7-10 дена заразата од нивното инфицирање)
2.Пресимптоматски носители (луѓе кои се рано дијагностицирани, а допрва ќе развијат симптоми, вообичаено манифестирањето на симптоми во просек е на 5-6 ден од контакт со инфицирано лице иако инкубациониот период е од 1-14 дена).
3.Симптоматски носители (луѓе кои имаат веќе развиено симптоми на COVID-19)
Во моментов сеуште не е докажана спонтана мутација на вирусот во светски рамки, па ни во Македонија според која може да се каже дека вирусот е ослабен…
Во зависност од тоа колку е “млада” популацијата во некоја земја, обемот на асимптоматски случаеви може да се движи од најмалку 50%, а во некои стручни објави од други земји тој обем може да се движи од 3 до 4/5 од вкупно инфицираните, варијабла кој никој не може да ја предвиди за Македонија!
Во Македонија се претпоставува дека над 400000 луѓе се на возраст над 60 години, ако не е ова точно, слободно некој нека ме корегира!
Сите оние кои ја пребродиле болеста и се на возраст над 40 години доминантно создаваат стабилен и ефективен со неутрализирачки антитела хуморален имунитет, додека кај помладите се смета дека доминира целуларниот имунитет.
Па оттука е битна и селекцијата на пациенти за донори на конвалесцентна плазма. Се разбира дека за ова е потребна поширока научна дебата по ова прашање во Македонија…
И уште еднаш, за победа над оваа пандемија неопходна е офанзивна стратегија за идентификување на сите носители на SARS-CoV2 со комбинација на PCR и серолошки тестирања што помасовно, со последователна самоизолација!
Околу терминот самоизолација неопходна е медиумска кампања што тоа значи и како се применува! На народов наш не му е јасно како треба да се практикува самоизолација!
За борба против овој вирус постои и опција како да се едуцира народот сам да изведе земање на брис во домашни услови, а тој потоа на безбеден начин да му се предаде на здравствениот работник!
На крај, се мислев дали вреди пак да пишувам на мојот профил и да трошам енергија, но се надевам дека ова ќе допре кај што треба…“