Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
  • Хаха
Reactions: A__
Новиот бран бил резултат на непочитувањето на мерките, односно собирањето и групирањето.

Така значи, а? Пред некоја недела, кога имаше десетина заболени, тогаш тоа беше заслуга и голема победа на Владата, на Венко спасителот, херојот. Флаери делеа по улици дека успешно се справиле со кризата, кампања тераа на сред пандемија.

Сега, кога има нов бран и висок број на заболени, е сега граѓаните се криви, народот е срање, не почитувале мерки, се собирале, се групирале. Истиот тој народ кој за Велигден и Задушница го затвораат дома по 3-4 дена, како глувци, а за рамазани и бајрами може поблаги карантини и рестрикции, како што наредил реисот.

Копилиња гнасни.
 
Инфицираните после периодот на инкубација (14 дена) не можат да го пренесат вирусот. Вирусот најчесто го шират лица кои имаат симптоми.
 
Бидна бељата кога на време не реагираа,сега не ти седам повеќе дома па што сака да биде
Не мораш, но војска и полиција мора да ги спроведуваат мерките и правилата за движење и носење заштитни маски. Здравствениот систем тоа не го може. Тоа само покажува минирање на сите мерки и правила на терен. Само една ваква изјава е доволна за вакво нешто.
 
Не е битно пак е инфективна клиника тоа така без маска, ај рукавици и јас не носам иако работам на клиника, ама маска задолжително одма ке не казнат.
Не гледаш дека е во делот каде што ја облекуваат заштитната облека, има уште една сестра во позадина.
 
Не гледаш дека е во делот каде што ја облекуваат заштитната облека, има уште една сестра во позадина.

маска и ракавици носи ли бе објасни ми и тоа е ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА

еве и кај мене на работа дошла короната
 
Ако нема никакви рестриктивни мерки од понеделник за кризните жаришта, стварно не разбирам зошто беше овој тродневен карантин и кој ефект се очекува да се постигне со толку краткорочна мерка која патем ја промашија од старт со дозволениот егзодус,
 
За да не се оди на гробишта, таму се собирале во групи, а за шетање по други градови може и не е опасно.

Мерката пропадна од старт кога прекасно ја објавија па заради што се дешаваше апокалипса по маркетите вчера.
 
Автоматски споено мислење:

 
Инфицираните после периодот на инкубација (14 дена) не можат да го пренесат вирусот. Вирусот најчесто го шират лица кои имаат симптоми.

Вчера прочитав една нова студија дека заразените после 8 дена не пренесувале веќе....
 
Ја прочитав дека асимптоматските најмногу пренесувале.
Која е оваа конфузија што ни ја прават???
 
Автоматски споено мислење:

Друже на глава да стоите сега џабе ви е,требаше мерки да преземете а не да си молчите и слепи да се правите.Ја загубивте довербата кај граѓаните,немој тие што ги мочавте сега да барате да ве слушаат.Таков статус пиши им ти сега на нив
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom