Мислам дека последиците на тоталната неорганизираност и летаргија од секоја сфера во општеството излагаат на виделина во кризава.
Како требаше да се изолира Скопје и останатите жаришта? Толку едноставно, но толку недостижно за МК.
Карантинот да се најавеше порано, но да се ставеше полиција на секој излез од градот, и да филтрира. Оној кој има место на живеење во лк Скопје, нека си седи Скопје, без разлика дали е битолчанец, охриѓанец или прилепчанец.
Е сеа тука стапува на сцена македонското, голем дел од тие што живеат во Скопје, во ЛК адресите им се водат во други градови. Зошо, пошо ко прво никој не те пријавува дека седиш под кирија за да избегне плаќање данок, ко второ и да најдеш некој таков, а шансите ти се многуу мали,треба да изгубиш два дена во МВР за да смениш адреса, па да се сликаш за нова ЛК, пасош итн.
Да функционираа работите како што треба, секој да си плаќаше данок за кириите, да имаше електронска промена на адреса, изолацијата по градови ќе беше возможна. Ова ми е само пример, замислете колку вакви дупки има за останатите сфери на живеење.
Сите приватни бизниси ги избегнуваат давачките кон државата, секоја индивидуа сака некако да го заебе системот, се нешо да не се плати, да не се почитува, да се биде над законот. Сите сакаме од состојба на тотален хаос сега да се премине во некое средено општество, кај шо сите ќе седат дома и ќе почитуваат мерки.
Уште се чудам, во Скопје е полициски час а луѓе на темава пишуваат дека раздвиженоста била помала за разлика од минатиот пат кога имало полициски час? Нели треба ситуацијата да е иста, т.е да нема НИКОЈ на улица? Шо значи ова, дека сеа малце се "вразумија" луѓето па помалце се рашетуваат за време на полицискиот час?