C
CoolIris
Гостин
Сите луѓе се различни...Очигледно погрешно сте не сфатиле мене и Говинда.
Двајцата сме паталци, многу убаво знаеме колку е тешка и сериозна болеста и воопшто не ја игнорираме, само сакавме да го изнесеме нашиот пат кон победата врз депресијата, начинот со кој успеавме бидејќи од таблетарната терапија, на мене ете да кажам повторно, ми беше многу лошо, сум личела како робот, како зомби(така барем сопругот ми велеше)....
Убаво е тоа што вие како паталци сакате да го изнесете вашиот пат кон победата врз депресијата, ама навистина е непромислено да зборувате дека медикаментозната терапија нема апсолутно никаков ефект.
Можеби вас и не ви била потребна, но постојат луѓе таму некаде кај кои медикаментозната терапија е единственото решение.
Постојат стручни лица, психолози/психијатри и тоа е првиот чекор кој треба да го превземе секој кој искусува било какви симптоми на анскиозност или депресија. Другото е пропратно, но не и помалку важно!
Целукопуната слика е битна. И поддршка од фамилија и пријатели, психотерапија, физичка активност, здрава исхрана, здрави навики! Ама има разлика од клиничка слика, до клиничка слика, едноставно, кај некои луѓе само убавите реченици не се доволно ефикасни.