Не се согласувам со твоето мислење душо, напротив, убаво е да се даваат разноразни совети, да се споделуваат разноразни искуства, да се спознае дека тие болести или состојби се насекаде околу нас и дека многу луѓе патат од нив....а за лекот, секој ќе види што му одговара најмногу.
Совети на деликатни теми, колку и да се добронамерни можи да се контрапродуктивни. Зборање за нечија ментална состојба е како да преминваш река и полека одиш од камен на камен. Нешто шо функционирало за тебе нема да функционира за друг. Нешто шо тебе би те расположило, можи да донеси до суицид некој друг. Јас сфаќам потреба да се поможи, ама некогаш не мешање и насочвање кон некој шо можи да поможи е попаметна одлука.
Особено од она со физичка активност. Ми се враќа нешто ко ќе прочитам. Буквално советот ви е: "
не мисли на то шо те мачи, земи брза среќа и така во круг цел живот биди мизерен! Ако си доволно среќен да немаше подлабок проблем шири го ова колку шо можиш на лица на кои ова нема да им поможи и ќе завршат фатално!" - ова го читам на такви совети. Вака звучите. Најмногу можите да поможите ако насочите и советувате некој да побара стручна помош.
Физичка активност не е ВООПШТО лоша и подобрува расположение, тоа не е спорно. Спорно е дека
МОРА да се реши подлабокиот проблем.
Ако не се реши подлабокиот проблем се продлабочува. Постојано и постојано заглавуваш во круг дур не решиш да прекршиш тој круг и да побараш помош.
Помош не е совет, помош е психотерапија. Со зборање, многу зборање.
Не можам доволно ни да кажам колку е важно зборањето, разговорот, отворените прашања, зборање за минатото, пречките.
Ова е буквално зошто совети за позитивни мисли, физички активности и слични работи КОИ НЕ ГО РЕШАВААТ ПОДЛАБОКИОТ ПРОБЛЕМ туку само го поттрунуваат подлабоко и даваат МОМЕНТАЛНО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ се контрапродуктивни и некој можат да му го коштаат животот. И пак ќе речам, сфаќам да сакате да поможите, и јас сакам ама да бидиме реални, подобро тивко и подобро него гласно и полошо.
но мислам дека анксиозноста и депресијата можат да се надминат без бомбончиња, како што ги викате апчињата.
Депресија и анксиозност, и двете, можат да бидат смртоносни. Лошо расположение не е депресија. Да се уплашиш од нешто не е анксиозност. Благи депресивни епизоди и благи анксиозни епизоди можи да поминат без медикаментозна терапија туку само со психотерапија. Малку над тие благи епизоди мора медикаментозна терапија, нормално комбинирана со психотерапија. Има и тешки случаеви кои мора да се хоспитализирани зошто претставуваат опасност за себе. Знам дека толку многу се слуша депресија и анксиозност за се и сешто и не се разбираат и комплетно се занемаруваат реалните последици и сериозноста од нив. Те молам, сериозно те молам, некој ќе прочита и ќе сфати дека претерал оти за анкс пие апчиња и на душа ќе го носите. Не е само да се треси од ракав. А се на темава е тресено од ракав. Коса ми се крена дур читав.