Не, ова не е втор бран. Ова е првиот бран, неразбрануван доволно. Само да не испадне цунами на крај.
Вака ќе биде се додека законите не важат за сите исто! Не може за едни важат правилата на игра, за други не. Па мајку му стара, каква држава е ова? Ако не може полицијата, нека се вклучи и војската!
Вчера полицаец прашува човек, кај ти е маската?..... Одговорот: "Сум го заборавил дома". Е ако си го заборавил дома, дома да се вратиш!..... Па после муабети маската не била 100% сигурна. Сто постотна гаранција нема за ништо во животот!!! Што е до нас треба да се придржуваме до сите правила и да се заштитиме колку можеме. Не знам зошто се чудите потоа што не останале лекари во државата. За кого да останат?
И сега некој ќе рече малку ни е сето ова, барем ќе подлегнеме на природна селекција.
Каква природна селекција? Па заради тие неодговорните и несовесните страдаме и ние.
И покрај сите надежи кои ми ги влеваше Филипче, како извонреден неврохирург на самиот почеток, очекував дека на крај се ќе оплескаме. Лошо е кога политиката ќе замеша прсти во медицината. Филипче ме разочара.
Не сте свесни колку сум нервозна. Се надевам дека денес нема да биде многу полошо од вчера. Ама вака како што тераме, бетер од Италија ќе биде. И не, не е ова сеење паника и страв, ова е реалност! Заради менталитетот наш и муабетите од типот: "Не е ништо страшно, ова е само вирус" се доведовме сега во позиција од 5/6 болни на ден, да имаме 89! Еднаш, барем само еднаш да направевме нешто како што треба. Сите имаме корист од тоа, на сите ни оди во прилог да сме здрави и живи.