Не можат да разберат многу луѓе(а и не ги интересира) што значи да бидеш 'ркан само дека си црнец и што значи да имаш семејна лоза на роб за роб. Затоа има вакви муабети ,,хехе црнците не се интегрираат". А никој не се запрашал зошто не се интегрираат или зошто стапката на криминал е највисока кај нив. Лесно е вака пред компјутер да се суди, но ставете се барем малку во нивна ситуација, кај нив секоја фамилија има свежи сеќавања на легалното ропство, секој еден од нив бил дискриминиран на расна основа уште од мало дете, а па за работна позиција да не разговараме. Не, не може никој да се стави во нивна ситуација, пошто никој не може да замисли како пред кафиќ/на автобус/пред маркет стои табла ,,Само за белци". И не, тоа не исчезнува со еден мочан закон од пред неколку децении.
Дискусијата за интеграција е долга и широка и факт е дека е многу полесно да се вработиш или скокнеш повисоко на скалата ако си белец отколку ако си црнец. Ама секако дека на медиумите, кои се контролирани од неколку корпорации најисплатливо им е да ја замајуваат сета приказна со некој, кој украл пари од маркет, наместо да се воведат суштински реформи. Пошто ако тргне оттука возот, потоа ќе се отворат уште други прашања, како на пример класната дискриминација каде што повеќе од половина од народот на ,,најразвиената, наслободоумната, најдемократската држава во Свет" не може да си дозволи најобична операција на скршеница, а не па некои си покомплицирани и неколкукратно поскапи. Или па дека некој богаташ може да те отепа со пиштол, ама со правни заврзламии на крајот и крив ќе го извадат отепаниот. Доколку почнат вакви дискусии по CNN, NBC, FOX и што ти јас знам, веднаш и најглупиот човек во САД би се запрашал кај одат сите тие народни пари и која е таа слобода и демократија за која сите се фаќаат кога повеќе од половина од населението не може да си дозволи судење/операција/колеџ кој е врата за сите јаки фирми. Дали е тоа демократија или аристократија? И веројатно подобро би ја сфатил дискриминацијата како поим и би удрил на магарето наместо на самарот.
Класната дискриминација е гнасна и процентуално позастапена, ама расната е уште погнасна и поболна.