Не очекувам некоја си сериозна и суштинска анализа на темава, освен клипчиња и останати медиумски глупости. Немаат ни желба, ни интерес 99% од луѓето за нешто, што не ги тангира, така што се гледа ептен површно работата и се голта тоа што им се сервира од мас медиумите, ништо поразлично од другите сфери, како на пример класната/родовата/религирската/националната класификација. Просечен балканец смета дека црнците имаат исти можности, како и белците во САД, но од друга страна чим појде на работа во З.Европа и забележи на своја кожа дека при трка за работно место е неправедно дискриминиран на национална основа(што е пи*кин дим наспрема расната) веднаш почнува да плаче.
Инаку имам една интересна анегдота да раскажам, каде што се гледа таа потиштеност и комплекс на пониска вредност. Доаѓа странски пар во теретана во Скопје, машкото црнец, а женското бела и прашуваат дали може да вежбаат во теретаната неколку дена. Вработената им објаснува дека не примаат членови на неколку дена и им дава број за контакт за друга теретана. А и навистина теретаната има таква политика, пошто е преполна, а посебно навечер. Океј се спремаат да си одат луѓево, женското дури и излезе, но наеднаш се враќа црнецов и ја прашува уште еднаш вработената дали има некој друг проблем зашто не ги примале.
ЕДИТ: Тука да напоменам дека човекот најкултурно праша, без гримаси, повишен тон и сл. а вработената најкултурно му одговори.
Тука веројатно 90% од луѓето кои не се сретнале со ваков вид на дискриминација би интерпретирале дека црнците само се жалат, но суштината е дека кога си стотици пати расно дискриминиран во животот и посебно уште од најмала возраст и за најбанални работи, за жал и при вакви ситници си сомничав.