Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Статус на вонредна состојба овозможува да се воведе „полициски час“ во секое време.
Во моментов имаме сериозна ентропија.
ако имаме вонредна состојба тогаш и границите мора да бидат затворени?
( освен за посебни патници и шлепери) ...Џаба грекосите од 01,06,2020 ја отвараат границата, БраЧа срби едино преку Блгарија да стигнат до Грција , ако ги пушти Блгарија, или треба преку Косово и Албанија :eek:
 
Или новинари го читаат форумов, или вистината е таа што ја пишував за Кичево

 
Мора одговорност да превземи некој и да се затворат тие населби.
Преку к.. веќе да ги слушаме на тв како си ја префрлуваат топката едни на други.
Полицијата како и стално потфрли на велико, знат да лупаат казни низ Битола а таму седат сус.
 
Вонредната состојба и полицискиот час не се поврзани.
Полициски час можат да воведат и при немири.
Вонредната состојба може да се тера без полициски час.
Вонредната состојба се прогласува кога државата се соочува со природна непогода или епидемија.Знаеш дека Собранието е распуштено.Кога Собранието е распуштено,Владата изигрува и легислатор и егзекутива.Вонредната состојба ѝ овозможува на Владата да донесува уредби со законска сила.
Проблемот е што МВР не казнува доволно,а и што самиве министри со неносење и погрешно носење на маски и неодржување дистанца,му даваат крива слика на народов,знаеш дека секогаш има тупаци што викаат ако Венко и Наќе не носат,зошто да носам јас,ако они не држат 2 метри дистанца,зошто пак јас... :tapp:
башка ЕХ министерот Таравари, (кој избега во сељоначалник), јавно кажа дека НЕ носи од протест што се носеле Неадекватни маски, не N95
 
Најтрагично е што случаиве кои се потврдуваат сега не се заразени откако се олабавени мерките, туку се од последниве 2 недели кога уште „важеа“ построгите мерки и имаше „полициски час“. Допрва ќе го видиме хаосот од минатиот полулабав (во некои фамозни општини целосно лабав) викенд и од шабаните по кафани што се заакаа.
 
62 нови случаи, 2 мртви, 17 оздравени.

Скопје 24
Штип 14
Тетово 12
Струга 4
Куманово 2
Гостивар, Валандово, Кочани и Велес 1

Значи пак се шири низ цела Македонија. Новиве во Штип се од кластерите на конфекцииве.
 
Од денот кога ја прогласија „новата нормалност“ кривата им се вивна у небо :kafence:

Тоа е, се олабави народ, не се почитуваа мерките и сеа сркај си. Ако почне да расте бројот сами ќе почнат да бараат 24 часовни полициски часови. :icon_lol:
 
Тоа е, се олабави народ, не се почитуваа мерките и сеа сркај си. Ако почне да расте бројот сами ќе почнат да бараат 24 часовни полициски часови. :icon_lol:
Со овие бројки треба 14 дневен карантин низ цела држава да прогласат. Јакото допрва доаѓа.
 
Јас да прашам нешто, дали е можно лажирање на бројки ?
Како можи да се докажи колку лица се навистина заразени ? Најверојатно никако.
И тоа е можно кај нас, нема да ме чуди некој скандал да избувни по некое време.
Штом почнуваат за политички поени да ја користат ситуацијата ништо не ме чуди.
 
Страм и арам нека му е на оној реисон :boksix: ...ептем ја наљути короната со неговата изјава:mad:...мртва била..маме ли му .кхгкххх...
Едно не ми е јасно, дали некој знае..ЗОШТО полската болница ја демонтираа???
 
Страм и арам нека му е на оној реисон :boksix: ...ептем ја наљути короната со неговата изјава:mad:...мртва била..маме ли му .кхгкххх...
Едно не ми е јасно, дали некој знае..ЗОШТО полската болница ја демонтираа???
Затоа што се изгради нова монтажна , цврста градба. https://www.novamakedonija.com.mk/kovid-19/vo-zemjava-19/монтажната-болница-ќе-прерасне-во-ург/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom