Еве одлична илустрација за сите инвеститори што значи сентимент на пазарот:
Во 2016. година пред исплата на првата дивиденда, СТБ направила 128 денари профит по акција, а акцијата чинела околу 400 денари. Лани, во 2019. година, СТБ направила 136 денари профит, а акцијата чини скоро 1.200 денари! Плус, во првата ситуација економската ситуација била одлична, а сега сме среде корона-криза со несогледиви последици и можност предизборно против банките да се донесат популистички мерки поради несолидарност со граѓаните и економијата во справувањето со кризата.