Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам се по старо на форумот, паника ни најмалку не е намалена дека ке испоумреме сите бидејќи два месеци не поштуемо мерки и препораки...
Се по старо, цела Европа отвара граници само за Македонија не.
Тоа дека ултра успешно поштуемо мерки и препораки.
 
Уште у првава реченица што пишал, ако знае за што збори си го сечам на парчиња.
(од по 15 cm)
Голем курајбер си бил, ќе ти стигне ли должината барем за едно парче, ако ти фалат 4-5 см да ти дам од мојов.;)
Институт Роберт Кох германски министер на здравство Јенс Шпан тешки говнари се, но користат и некаква вистинска терминологија, област статистика, "коефициент на репродукција R" или со други зборови коефициент на ширење, распространување, предавање.
Еден брз курс за форум троловите.
Пример коефициент 1.5 секој болен за целото време на болеста заразува 1,5 нови, за по неуки луѓе, двајца ќе заразат тројца. Ако е таков коефициентот стално 1.5 сите ќе се заразат прележат и на крајот станува 0, последните болни нема кого да заразат. Но се разбира не е така , кај стариве корони, грипот, и ѕверот ковид 19, почнуваш од некој коефициент пример 1,5 колку повеќе прележат се некој тип бариера, и да речеме ти си болен а тие околу тебе прележале, може никого да не заразиш, сума сумариум коефициентот паѓа, пример 1,1 на врвот на кривата, R коефициентот е 1, после тоа паѓа на крајот е нула.
Тоа е субјективен коефициент, зависи колку прележале, можеш да влијаеш врз него со грипен одмор во школи, факултети, градинки, но никој никогаш не успеал да победи таков вирус, и сега нема, треба да се прележи. Кинезиве не ги бројам, за прв пат вештачки го згасија вирусот R<1, но повеќе е за курчење, од преку граница пак им се враќа, а вечно затвор неможе, евентулано ако не планираат на кинеските зомбита да имплантираат чип ;)
Многу тешко е да се објасни на лаици, на платени тролови уште потешко.
Давам друг пример, во една касарна дојде грип, за 12 месеца 60% го прележале, 40% не се разболеле уопште, R коефициентот тука не е важен бил 1,5 на старт, на крај е 0, ако стално правиш тест болни, здрави, прележани можеш во реално време да го мериш тој коефициент, ќе видиш како се движи коефициентот. Ако ги тераш да се бањат редовно, мијат раце, маски, можеш да ја менуваш динамиката, и ако нормално на дадена етапа коефициентот би бил 1,4 ти го правиш 1,2, но во крајна сметка после 12 месеца 60% пак ќе го прележале, теориски како Кина секого ставиш во изолатор 30 дена R коефициентот е 0, вирусот изчезнува, но на ниво на цела планета, тоа не е можно и негледам смисол.
 
Последно уредено:
Пред два-три месеци ко се смеевме со тој претседателот на Туркменистан ли беше (?) што го забрани коронавирусот со декрет и ги тераше жителите да се лечат со билкарскиот прирачник што тој го напишал...
Е тогаш како по обичај си се тешевме дека барем не сме до толку забегани, нели, го имаме Филипче и целата таа комисија со експерти кои што матер му ебаваа на вирусот. И оп, фаст форвард два-три месеци покасно, тазе зетот, Реисот Сулејман Величанствени вика оти нема веќе вирус. Нареден ден излага Филипче со комисионерите експерти околу него и вели оти стварно нема вирус, ама затоа треба да има избори, да се издуваме малку оти психички оболевме од дома седење. Патем еве ви бонови, честете се по едно кафе на ваша сметка од еурообврзницата Нина што ја спрема.
 

Закржлавено племе, ваквите би ги оставил да си се лечат сами затворени во некоја пештера. Како заболи, фрли ги таму, па кој преживее ќе раскажува.

Короната може да те убие а може и не, ама ако се излаеш каде си бил на ебење умирачката е многу посигурна :icon_lol:
 
Она Интермецо кафичон по Инстаграм гледам игла нема кај да фрлиш.. Мислам ако сакаат пет пати нека фатат корона летово, проблемот е што до 2021 тешко некој да не пушти од Хоргош нагоре. Словенија се отвори само за Хрвати и странски државјани со работна дозвола, другото цурик.


Короната може да те убие а може и не, ама ако се излаеш каде си бил на ебење умирачката е многу посигурна :icon_lol:

Имаше еден наслов на почетокот, не знам дали фејк њуз или не ама доста реално - Фатил корона од љубовницата, сега во самоизолација со сопругата :icon_lol:
 
Немаа ефект мерките :) Гледај си циркузи сеа, како од кафез се пуштени.
 
На вас про коронашите никако да ви се погоди.

100 пати дискутиравме за Шведска и 100 пати ви се кажа дека тие 4220 не значат многу ако се погледне поголемата слика, изгледа стварно многу 4000 кога ќе кажеш ама кога ќе видеш како било претходно и што да очекуваш во иднина и не е така лошо во време кога имаш една опасна КОРОНА од која сите ќе умреме.

Еве линк за умирање, раѓање било што во Шведска
https://www.scb.se/en/finding-stati...liminary-population-statistics-by-month-2020/

Еве и ексел фајл со подетална статистика, имаш податоци од 2015 до 2020 на дневна основа, по возраст и сл. и јас не разбирам баш се ама се снаоѓам
https://www.scb.se/en/finding-stati...-and-graphs/preliminary-statistics-on-deaths/

Пред да отворете да ви кажам дека има разлика во бројките, во дневната статистика има непознат ден на смрта и ја сумираат на крајот, а ваму во месечната знаат дека е во тој месец умрел, се работи за 100-200 такви во месецот и до сега имало 928, а во цела 2019 само 2616, значи не мора точно да се фаќате како слеп за стап, туку да ја сватите поентата.

Значи вака во март во Шведска смртноста е во рамките на просекот од 2015-2019, просекот бил 8297, а умреле 8349, доста лоша година била 2018 со 9210 умирања, подобра година 2019 со 7570.

Во април просекот 7493, умреле само 10325 (добро де не е малку:nesumjas:), полоша година 2015 со 7694 умрени, подобра година 2019 со 7186.

До 22 мај до кога имаме податоци имаме 5309 умрени, просекот за цел месец е 7077, најлоша година 2017 со 7332 умрени, подобра 2017 со 6778, па би рекол дека ќе го надмине просекот, ама нема да биде нешто којзнае колку од некоја полоша година, бидејќи ако се погледнат дневните бројќи ќе се виде дека состојбата се нормализира и дека кај и да е ќе се спушти под просекот бидејќи околу 15 мај има некое приближување.

Да ги погледнеме малку и на годишно ниво просекот од претходните 5 години е 91157, имале лоша година 2018 со 94203 умрени и подобра година 2019 со 90705, а оваа година до 22 мај избројале 42402,
се помачив и собрав колку бил просекот од јуни до декември и излезе дека е само 49621, што излегува дека е во рамките на просекот што го имале претходните 5 години + уште 1000 и нешто што имаат непознат ден на умирање (очекуваме да има најмалку толку).

Се на се кога ќе се собере тоа што имаат 3000 повеќе при толку страшен вирус во април не е ништо кога ќе се види колку е на годишно ниво, аномалија е ама се работи за зголемен број на умрени кој се во постарата група над 65-70 години,
погледенете ја табелата 2 ќе видете дека во јануари и февруари месец имало помалку умирања во таа група на популација и е под просекот што бил изминатите 5 години, па дури и тие месеци биле најдобрите од сите 6 години (2015-2020),
не за друго туку да видите зошто на крајот од годината пак вкупниот број нема да биде којзнае колку, има стабилизација во средината на мај, па можеби следниот месец ќе биде потпросечен поради тоа што ќе нема кој да умре и на крајот вкупниот број можеби ќе биде како 2018г, а да не заборавиме дека ја имаме моќната корона која убива се пред себе (иако е докажано дека 90% не ги ни зачешува).

Базната вредност починати на ден во периодот 2015-2019 ти била ~250-300 на ден.Со појавата на вирусот за истиот период во 2020 е значајно повисока.

Починати дневно.png
 
Му откажа лојалност на кореецот :icon_lol:
Искрено не знам како им е сезона на грип во Алабама. Кај нас имавме најголем број случаи на корона во перидоот кога традиционално има голем број заболени од грип. При тоа луѓето тој период за разлика од сега, стварно беа изолирани и пазеа. Последниов месец времето беше топло, луѓето беа распуштени и правеа собири секој ден, а бројките се сепак помали од тие во Април. По тоа мислам дека бројката ќе си биде стабилна во текот на летото, меѓутоа на есен ќе има пак поголем број на заболени. Тоа е моја логика сепак.

Не баш напротив, тоа што го кажува кореецеот е клучот за Коронава. Вирусов има правила кои ако се почитуваат, нема да има проблем, болеста може дури да се искорени. Нема да треба ниту вакцина.

Тестирање, изолација и лечење, локален карантин на изолираната средина.

Ако и се дозволи да излези од контрола со пикање на бројки и мерки под тепих, ќе имаме нешто како САД, Британија, Бразил, Русија.

Не знам дали разбра од бројките или нешто прочита од текстот, но Алабама е отворена од 1 мај, а рестораните работат 2 недели, и еве ги имаат линеарен пораст на бројот на заболени. Ако замижуваат и понатаму на бројките со штимана статистика, за пред јавност, пополека ќе ги наполнат болниците, и кога ќе ги наполнат 100% тогаш ќе почни експоненционално да му расти бројот на болни и мртви.

Сите дражави што ги напишав, умрените од пневмонија не ги пишуваат во починати од корона иако бројката е некаде 4-5 пати поголема од просекот за последните 5 години. Тоа значи САД имаат барем 40% повеќе мртви.
 
Денес слободен ден и реков ке прошетам до Охрид морам да кажам дека колку толку угостителиве почитуваат мерки таму дури и непуштаа по повеке од двајца ама затоа се вратив во Струга и одма онаа нормална слика ја добив двајца на маса нигде,маски скоро па никој дури ни персоналов, ракавици се мисловна именка,дезинфициони средства на секоја маса :pos: мало сутра,растојание како шо си беше и претходно ,наргилиња се тегнат како да утре пак ке ги затворет кафичиве.
Овде не само шо ке се зголемит бројот на заболени и умрени нас во топ вести во светов ке не имат како шо не имат за сите идиотски работи.
Бедни сме до толку шо неможам да опишам
 
Не баш напротив, тоа што го кажува кореецеот е клучот за Коронава. Вирусов има правила кои ако се почитуваат, нема да има проблем, болеста може дури да се искорени. Нема да треба ниту вакцина.

Тестирање, изолација и лечење, локален карантин на изолираната средина.

Ако и се дозволи да излези од контрола со пикање на бројки и мерки под тепих, ќе имаме нешто како САД, Британија, Бразил, Русија.

Не знам дали разбра од бројките или нешто прочита од текстот, но Алабама е отворена од 1 мај, а рестораните работат 2 недели, и еве ги имаат линеарен пораст на бројот на заболени. Ако замижуваат и понатаму на бројките со штимана статистика, за пред јавност, пополека ќе ги наполнат болниците, и кога ќе ги наполнат 100% тогаш ќе почни експоненционално да му расти бројот на болни и мртви.

Сите дражави што ги напишав, умрените од пневмонија не ги пишуваат во починати од корона иако бројката е некаде 4-5 пати поголема од просекот за последните 5 години. Тоа значи САД имаат барем 40% повеќе мртви.
Алабама има 15000 и е отприлика дупло поголема од Македонија.
 
Базната вредност починати на ден во периодот 2015-2019 ти била ~250-300 на ден.Со појавата на вирусот за истиот период во 2020 е значајно повисока.

Прегледај го приврзокот 253337
Баш убаво што си отворил да видеш, ама еве ти од оваа година
yLdNO6AwTDSlTPI1PQXqhg.png

во јануари и февруари вкупниот број е помал од најдобрите години, тогаш не умирале толку, а сега короната ја исправила природната грешка, мислам дека утре ќе има ново апдејтување на податоците и ќе видеме поточно како оди оваа кривата што сега оди кон дното.

Ако си го прочитал мојот пост до крај ќе си прочитал дека јас прогнозирам скоро ист број на умрени како во некоја полоша година, досега овие 42к умрени се за малку над просекот во истиот период, ама јас очекувам во следните мсеци да умрат помалку оти короната сигурно средила добар дел од тие што биле кандидати за умирање.
 
Последно уредено:
Што било тоа со некое бебе??
 
На вас про коронашите никако да ви се погоди.

100 пати дискутиравме за Шведска и 100 пати ви се кажа дека тие 4220 не значат многу ако се погледне поголемата слика, изгледа стварно многу 4000 кога ќе кажеш ама кога ќе видеш како било претходно и што да очекуваш во иднина и не е така лошо во време кога имаш една опасна КОРОНА од која сите ќе умреме.

Еве линк за умирање, раѓање било што во Шведска
https://www.scb.se/en/finding-stati...liminary-population-statistics-by-month-2020/

Еве и ексел фајл со подетална статистика, имаш податоци од 2015 до 2020 на дневна основа, по возраст и сл. и јас не разбирам баш се ама се снаоѓам
https://www.scb.se/en/finding-stati...-and-graphs/preliminary-statistics-on-deaths/

Пред да отворете да ви кажам дека има разлика во бројките, во дневната статистика има непознат ден на смрта и ја сумираат на крајот, а ваму во месечната знаат дека е во тој месец умрел, се работи за 100-200 такви во месецот и до сега имало 928, а во цела 2019 само 2616, значи не мора точно да се фаќате како слеп за стап, туку да ја сватите поентата.

Значи вака во март во Шведска смртноста е во рамките на просекот од 2015-2019, просекот бил 8297, а умреле 8349, доста лоша година била 2018 со 9210 умирања, подобра година 2019 со 7570.

Во април просекот 7493, умреле само 10325 (добро де не е малку:nesumjas:), полоша година 2015 со 7694 умрени, подобра година 2019 со 7186.

До 22 мај до кога имаме податоци имаме 5309 умрени, просекот за цел месец е 7077, најлоша година 2017 со 7332 умрени, подобра 2017 со 6778, па би рекол дека ќе го надмине просекот, ама нема да биде нешто којзнае колку од некоја полоша година, бидејќи ако се погледнат дневните бројќи ќе се виде дека состојбата се нормализира и дека кај и да е ќе се спушти под просекот бидејќи околу 15 мај има некое приближување.

Да ги погледнеме малку и на годишно ниво просекот од претходните 5 години е 91157, имале лоша година 2018 со 94203 умрени и подобра година 2019 со 90705, а оваа година до 22 мај избројале 42402,
се помачив и собрав колку бил просекот од јуни до декември и излезе дека е само 49621, што излегува дека е во рамките на просекот што го имале претходните 5 години + уште 1000 и нешто што имаат непознат ден на умирање (очекуваме да има најмалку толку).

Се на се кога ќе се собере тоа што имаат 3000 повеќе при толку страшен вирус во април не е ништо кога ќе се види колку е на годишно ниво, аномалија е ама се работи за зголемен број на умрени кој се во постарата група над 65-70 години,
погледенете ја табелата 2 ќе видете дека во јануари и февруари месец имало помалку умирања во таа група на популација и е под просекот што бил изминатите 5 години, па дури и тие месеци биле најдобрите од сите 6 години (2015-2020),
не за друго туку да видите зошто на крајот од годината пак вкупниот број нема да биде којзнае колку, има стабилизација во средината на мај, па можеби следниот месец ќе биде потпросечен поради тоа што ќе нема кој да умре и на крајот вкупниот број можеби ќе биде како 2018г, а да не заборавиме дека ја имаме моќната корона која убива се пред себе (иако е докажано дека 90% не ги ни зачешува).
Ако се веродостојни овие бројки од ексел-табелата...
Од средината на март бројот на починати (на дневна основа) почнува да се зголемува во однос на просекот (2015-2019 година), за да во април дојде до 30-ина проценти над него. Но од средината на мај бројот на починати драстично паѓа. Последните денови од мај (20-22) за кои има податоци бројот на починати е далеку под просекот.

Наравоучение...
 
Вистинска драма се случувала на Клиниката за детски болести за спасување на животот на десетмесечното бебе, за кое се утврдило дека има тумор во мозокот, компликација за која лекарите сметаат дека е од Ковид 19, со кој било зазаразено бебето и неговата баба која го чувала. Бебето кое е швајцарски државјанин со специјален авион е префрлено во болница во Цирих, за што специјално бил отворен скопскиот аеродром. НОВА ексклузивно ги објавува фотографиите од преземањето на бебето со медицински авионски транспорт, со т.н. мини болница, организиран од страна на здравствените власти во Швајцарија


Десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести. Бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија.


Вистинска драма се случувала на клиниката за спасување на животот на бебето, утредента кога се покажало дека бебето има тумор во мозокот, а се потврдило дека тоа и неговата баба се позитивни на Ковид-19. Информацијата за НОВА ја потврди и д-р. Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести.
Ова е прв случај на дете со толку сериозни компликации од Ковид-19 каде најверојатно коронавирусот предизвикал неутропност на мозокот, односно туморозна формација“, изјави за НОВА, д-р Аспазија Софијанова, која во понеделникот утрината инцирала снимање на КТМ каде се покажала туморозна формација, а откако стигнал и резултатот од тестот за Ковид-19, кој бил позитивен, веднаш ги известила родителите на бебето во Швајцарија.

Според, д-р Софијанова коронавирусот може да предизвика Кавасаки болест, неутропни симптоми, како и симптоми на гастроинтестиналниот систем. Во разговор со швајцарските лекари било потврдено дека состојбата во мозокот на дететето најверојатно е од Ковид-19. Таа објаснува дека веднаш го известила Кризниот штаб на клиниката за сериозната и комплицирана состојбата на бебето, како и таткото на бебето.


„Кога го видов бебето во таква состојба некое внатрешно „шесто чуло“ме натера да веднаш да се направи снимање на КТМ и се покажа дека има туморозна формација, суспектен папилом. Кога му соопштив, таткото кој е швајцарски државјанин веднаш го активира неговото здравствено осигурување и за пет минути ми се јавија од Клиничкиот центар во Цирих. Со лекарскиот тим бев за цело време во комуникација, даваа инструкции, се интересираа, прашуваа што имам преземено, како се движат сите параметри“ раскажува за НОВА, д-р. Софијанова.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom