На вас про коронашите никако да ви се погоди.
Види, очигледно е дека не си многу бистар лик, ама исто ли е 4220 мртви од корона за 3 месеци и 3500 мртви од грип за цела една година? Мислам, гледаш тука негде разлика или тешка работава, м?
100 пати дискутиравме за Шведска и 100 пати ви се кажа дека тие 4220 не значат многу ако се погледне поголемата слика, изгледа стварно многу 4000 кога ќе кажеш ама кога ќе видеш како било претходно и што да очекуваш во иднина и не е така лошо во време кога имаш една опасна КОРОНА од која сите ќе умреме.
Еве линк за умирање, раѓање било што во Шведска
https://www.scb.se/en/finding-stati...liminary-population-statistics-by-month-2020/
Еве и ексел фајл со подетална статистика, имаш податоци од 2015 до 2020 на дневна основа, по возраст и сл. и јас не разбирам баш се ама се снаоѓам
https://www.scb.se/en/finding-stati...-and-graphs/preliminary-statistics-on-deaths/
Пред да отворете да ви кажам дека има разлика во бројките, во дневната статистика има непознат ден на смрта и ја сумираат на крајот, а ваму во месечната знаат дека е во тој месец умрел, се работи за 100-200 такви во месецот и до сега имало 928, а во цела 2019 само 2616, значи не мора точно да се фаќате како слеп за стап, туку да ја сватите поентата.
Значи вака во март во Шведска смртноста е во рамките на просекот од 2015-2019, просекот бил 8297, а умреле 8349, доста лоша година била 2018 со 9210 умирања, подобра година 2019 со 7570.
Во април просекот 7493, умреле само 10325 (добро де не е малку

), полоша година 2015 со 7694 умрени, подобра година 2019 со 7186.
До 22 мај до кога имаме податоци имаме 5309 умрени, просекот за цел месец е 7077, најлоша година 2017 со 7332 умрени, подобра 2017 со 6778, па би рекол дека ќе го надмине просекот, ама нема да биде нешто којзнае колку од некоја полоша година, бидејќи ако се погледнат дневните бројќи ќе се виде дека состојбата се нормализира и дека кај и да е ќе се спушти под просекот бидејќи околу 15 мај има некое приближување.
Да ги погледнеме малку и на годишно ниво просекот од претходните 5 години е 91157, имале лоша година 2018 со 94203 умрени и подобра година 2019 со 90705, а оваа година до 22 мај избројале 42402,
се помачив и собрав колку бил просекот од јуни до декември и излезе дека е само 49621, што излегува дека е во рамките на просекот што го имале претходните 5 години + уште 1000 и нешто што имаат непознат ден на умирање (очекуваме да има најмалку толку).
Се на се кога ќе се собере тоа што имаат 3000 повеќе при толку страшен вирус во април не е ништо кога ќе се види колку е на годишно ниво, аномалија е ама се работи за зголемен број на умрени кој се во постарата група над 65-70 години,
погледенете ја табелата 2 ќе видете дека во јануари и февруари месец имало помалку умирања во таа група на популација и е под просекот што бил изминатите 5 години, па дури и тие месеци биле најдобрите од сите 6 години (2015-2020),
не за друго туку да видите зошто на крајот од годината пак вкупниот број нема да биде којзнае колку, има стабилизација во средината на мај, па можеби следниот месец ќе биде потпросечен поради тоа што ќе нема кој да умре и на крајот вкупниот број можеби ќе биде како 2018г, а да не заборавиме дека ја имаме моќната корона која убива се пред себе (иако е докажано дека 90% не ги ни зачешува).