Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Владава дигна раце.....со еден збор кажано, други држави можеа да издржат и карантини и примена на сите препораки....ние не. Кај нас правилата за едни грагани важеа, за други не....плачевме, сакавме да се шетаме, да се групираме, журкаме.....од утре бујрум
Ко преживи, причаче......нека ни е со лесно
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Постот за гледање позитивно на ситуацијата беше заебанција и одговор за членот Aleksandar. Од каде знаеш дали некој од моите останале без работа кога мене ме отпуштија 3 недели по пандемијата. Па никаде не се пожалив и на никој оти и многу други луѓе што им беше повеќе потребна останаа без работа. Верувам постигнав повеќе од овие што се жалат за мерките заради економијата а истите не ги почитуваат. Да не ги почитував немаше на почетокот на Април кога одев во маркет со маска луѓето да ме гледаат чудно за сега истите тие сите да ги носат. Единствена мерка што сум ја прекршил е тоа за повеќе од 2 да не се собираат. Во случајот ние бевме 5. Ама еве најди некој што ја нема прекршено ова за групирање повеќе од 2ца.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
И јас носев маска секаде во затворен простор, а бев против полицискиот час оти беше непотребен. И шо постигна ти поќе од мене?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Да ама мерките ги воведува комисијата за заразни, не ги прашува мвр дали воопшто имаат капацитет да ги спроведат. Едноставно си го гледаат нивниот дел од работата и ништо друго не ги интересира. Тука имаш работа со маса народ, не со 100 пациенти. Требаше да имаат осет до кај може да го тераат ова.
На сите тие вработени во МВР да кажеш дека нема капацитет да се воведе ред со шака народ е срамно, во најмала рака.
На селендрине во Ченто им пуштија две патроли па се пичкаше градоначалникот, на тивкарине во Струга пуштија две патроли па се шлаат со нив низ чаршија али затоа кога имаме студентски протести и протести против власт, тогаш можеме да пуштаме и специјална единица за да воведе ред и мир. Те молам брат, нема основ да се правда неспособноста на МВР во било која опција.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922


Zasega 100 od 100 predviduvanje. Vakvo predviduvanje sum nemal u najdobrite denovi na sportska a bogami i na rulet.

Sagata prodolzuva, samo najumnite ke se spasat.
Првиот ред си го погодил.
Вториот, да речам, си го погодил.
Третиот си го промашил за месец дена. Но, во април, да си прашал, многумина би претпоставувале, како и ти, дека кафичи би се отварале во/околу јули.
За понатаму ќе видиме.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
И јас мислев вака ко тебе. Ама сега не. Се беше правење на паника во светот терање агенди од нечија страна на глобално ниво
Има една стара поговорка:
Определено време можеш да ги лажеш сите, еден дел можеш да ги лажеш вечно, но неможеш сите да ги лажеш вечно.
Првите три дена бев малку уплашен од ова корониве, но потоа станав скептик, неверен Тома, секој ден, на се повеќе луѓе им станува јасна корона далаверата, дека короната број 19 е опасна колку и другите корони 18...корона 1, што порано секој ги имал прележано.
Кај мене во дијаспората, кој работи оди на работа, има некој наредби за маски, но кој ќе исполни тоа, неможеш 8 саата со маска, од 200 колеги околу 10 параноици ги носат тие работи, у некој големи продавници ги тераат работнициве да носат маски, душа да им е јака, за греота се, таму може и тебе да те натераат да ставиш за 10'. Иначе е како на дивиот запад, добар лош и грд, пример вчера влегувам во такси и шоферот ме гледа у очи, а ја приготвил раката кон маската, ако јас тргнам да ставам маска он пред мене ја ставил, ако не, јасно е дека не сме коронофили, исто важи и за мали продавници без камери, работава е он се плаши ти да не го снимаш, искодошиш на газдите или инспекција, и да си има проблем. За три месеца од да речеме 20% скептици, денеска сме над 80% корона скептици.

Многу е важно каде живееш, самиот режим, систем, држава прави информативно поле, и зависи од самото општество, народ, како ќе по дејствува тоа поле, или пропаганда, зависи и кој тези се рекламираат.
Да речеме во Сирија порано, модерни луѓе, фабрики, произведуваат, хотели, мирен ислам. Дојде ИСИС и за 5 години 90% станаа алах Акбари, печат живи луѓе во кафез, средновековни казни...
Или Шведска, детево се раѓа со куренц* но родителите решаваат дека тоа им е ќерка и го облекуваат со фунстанчиња, сето тоа таму е законски, нормално, дури е забрането да го убедуваш детето дека не убаво да е хомосексуалец... За разлика од старите Швеѓани воини, со мечот, секирата, сече глави, да види денеска што направија за 50-60 години од гордите швеѓани...
Зборот ми е, со определени методи може да се смени мирогледот, по било која тема, се може да прифатиш, само треба да го управуваш тој тоталитарен систем, плус ти треба и време.
Исто е и со ова корона економскиот вирус, зависи во која држава живееш, не зависи само од образование, има многу образовани и коронофили и корона скептици, но нивниот однос зависи од самото општество и пропагандата, едино како универзален параметар е кај поборбените народи, да не кажам примитивни, коронофилијата не дејствува, пример авганистанците, циганите, албанците, кај овие повеќеполовите, прекршените коронофилијата дејствува многу повеќе.
Пример во САД, Србија не веруваат, во Кина и Македонија веруваат многу. Башка има и цензура, пробај напиши нешто различно во другава тема по корониве, да видиш како се добива БАН од ова госпоѓичкава од втори, исто е и со маинстрим вестите, фејсбук, гугл, твитер, цензура каква немало никогаш досега.
Некој наивен мисли дека нешто не у реду со него ако е скептик, а незнае дека половината мислења се на тролови, а другите скептици се избришани од дискусијата. Да бришат видеа од професори и академици од тубата, Гебелс - Ал Багдади цензура.
Интересна книга од 2019, малку подлабоко ниво за корона економскиов вирус, аналитика невидена досега, работиве одамна се јасни, но точно како детали, дати не сум можел да предвидам, кој сака може да ја прочита:
Хазин М. - Воспоминание о будуштем. Идеи современној экономики
 
Последно уредено:
B

Beginner

Гостин
И јас носев маска секаде во затворен простор, а бев против полицискиот час оти беше непотребен. И шо постигна ти поќе од мене?
Ништо постот ми беше дека Македонија економски неможе да се носи веќе и небитно колку ќе има новозаразени сега или наредниот период. А ти ми врати како сега ми текнало на економијата. Мислам 10годишно дете знае и е свесно оти заради ковидот цел свет има проблеми и ќе има со економијата ама тоа не го менува фактот ако некој овде цело време се истото го пишува дури и замара нема ништо да смени.
Туку се укл на лајвот и одма се изгасив на што дроги е овој бе сме имале систем одма изгасив доста е.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.839
граѓаните се истоштени и економски и психички до тој степен да одбиваат да веруваат у вирусот. А вирусот и понатака е на стандардните бројки од претходно.
Наметнаа победничка атмосфера и тенденција дека ја добивме борбата со вирусот, иако бројките си останаа исти и покрај новите построги алгоритми за тестирање. Сѐ тоа заради политички интереси.

И после се чудат зошто растел бројот на скептици за вирусов и не се почитувале мерки. Е ај да не расте, им скурчи на сите, го прават будала народот. Ни институции, ни влада, ни народ знае кај тера веќе.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Ништо постот ми беше дека Македонија економски неможе да се носи веќе и небитно колку ќе има новозаразени сега или наредниот период. А ти ми врати како сега ми текнало на економијата. Мислам 10годишно дете знае и е свесно оти заради ковидот цел свет има проблеми и ќе има со економијата ама тоа не го менува фактот ако некој овде цело време се истото го пишува дури и замара нема ништо да смени.
Туку се укл на лајвот и одма се изгасив на што дроги е овој бе сме имале систем одма изгасив доста е.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Готово бе, ќе ве остајме седачите дома да си пишите на темата и 100 000 мртви во мк од короната.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Ова што решија, во овие услови да го укинат часот и да пуштат кафани, ми личи на било кое од овие две (може и двете):

- штом неќете да почитувате мерки, еве ви на, кршите глава
- избори за месец дена не може у карантинска состојба
Автоматски споено мислење:

Јасно ми е дека ИВЗ има тим од експерти кои порано дознаваат од нашето здравство, дека вирусот е победен, па се дешаваат смешни ситуации, кај што реисот вика - победен е, а ние му се смееме, Филипче одма го демантира, за после два дена и самиот министер, а и власта дознава и самата дека стварно бил победен.

Она што не ми е јасно, е како уште не дојде овде некој Албанец и да вика како нема везе, не се мнозинството новозаболени од Чаир, сарај, Тетово од ифтари и други попуштања кон, и непочитувања од страна на Албанците. Да вика како лажат со податоците и како нема везе.
 
Последно уредено:

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.392
Поени од реакции
7.325
СКОПЈЕ ИМА ТРИ АКТИВНИ КЛАСТЕРИ ВО ЧАИР, ГАЗИ БАБА И САРАЈ, ТЕТОВО НИ Е ПОГОЛЕМ ПРОБЛЕМ, РЕЧЕ ЕПИДЕМИОЛОГОТ КАРАЏОВСКИ
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека со олабавувањето на мерките, кое почнува од утре со укинување на полицискиот час, одговорноста, товарот паѓа на свеста на граѓаните. (Фото: К. Попов)

Петнаесет лица од вкупната бројка на починати 116 од КОВИД-19 дошле во терминална фаза на Инфективната клиника или во Градската општа болница „8 Септември“, рече вечерва на прес-конференцијата епидемиологот од Институтот за јавно здравје и претседател на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, на презентацијата на заклучокот од справувањето со коронавирусот во изминатите три месеци.

„Дел од лицата или не се осмелуваа веднаш кога ќе ги почувствуваат симптомите да дојдат на преглед или дојдоа предоцна“, рече Караџовски.
Епидемиологот рече дека слушал секакви шпекулации за коронавирусот, дека здравствените лица измислувале и болеста не постои, и затоа апелираше до граѓаните што така мислат да се стават во кожата на фамилиите на 116 починати, за да можат да ја сфатат неговата опасност.

„Што можеме да очекуваме, еве гледате една моќна држава како САД сѐ уште кубури со здравствен персонал. Гледаме вирусот се шири во јужната хемисфера, во Бразил има 270 илјади заболени и околу 1.000 лица умираат дневно. Тоа е блиску до Екваторот, што значи дека дека топлото време и сувата клима не го уништуваат вирусот. Кога потенцирам дека миењето раце и дезинфекција е мерка број еден за заштита од ширењето на заразата, ми велат дека препорачувам мерки од 19. век. Мерката е секаде иста, вирусот го уништување честото миење раце, носење маска и памет во глава, не можеме да се надеваме дека вирусот ќе нѐ заобиколи. Сите сме потенцијални жртви“, кажа Караџовски.


Докторот смета дека македонскиот здравствен систем покажал оти ги држи институциите под контрола, битката е добиена, но вирусот нема да исчезне.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 2.014, од кои оздравени се 1.453, починати се 116, а во моментов активни се 445.
Од досегашната работа на Комисијата во изминативе 3 месеци, од првиот случај на појава на КОВИД-19 во земјава на 26 февруари, Караџовски рече дека заклучиле оти мерките дале одредени резулати.
„Светската здравствена организација (С30) побара од нас да имаме под контрола 60 до 80 отсто од кластерите. Ние немаме новорегистрирани случаи, точно знаеме во оние фамили или општини каде веќе знаеме кои лица биле во изолација или самоизолација и во нивните фамилии и ги контролираме“, кажа епидемиологот.
Караџовски кажа дека во седум градови има од 1 до 3 пациенти, во 5 градови има активни случаи, а во другите нема ниту еден активен случај. Во петте градови има до 20 кластери, и тоа Скопје со кластерите во Чаир, Гази Баба и во Сарај, како и Велес, Штип, Струга и дека како поголем проблем го третираат Тетово.
На новинарско прашање дали очекува зголемен број на заболени после ифтарските вечери, тој кажа дека може да се случи зголемен број, но ќе држат под контрола, и додаде дека силината на вирусот слабее, врз основа на податоците од ЕУ.
„Имаме систем базиран на медицина базирана на докази“, рече тој.
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека со олабавувањето на мерките, кое почнува од утре со укинување на полицискиот час, одговорноста, товарот паѓа на свеста на граѓаните.
 
C

CoolIris

Гостин
Значи сега останува колективниот имунитет да видиме колку ќе ни помогни..... само да не плачеме на крај.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.481
На сите тие вработени во МВР да кажеш дека нема капацитет да се воведе ред со шака народ е срамно, во најмала рака.
На селендрине во Ченто им пуштија две патроли па се пичкаше градоначалникот, на тивкарине во Струга пуштија две патроли па се шлаат со нив низ чаршија али затоа кога имаме студентски протести и протести против власт, тогаш можеме да пуштаме и специјална единица за да воведе ред и мир. Те молам брат, нема основ да се правда неспособноста на МВР во било која опција.
Ако ви е полесно да се тешите дека стратегијата не им успеала ради Мвр, така нека биде. Реалноста е дека заболените како што кажа и самиот Филипче се од близок контакт на фамилијарни и комшиски собири а не на познатите масовни собири во сингелиќ и струга. Нешто што полицијата у никој случај не може да го контролира. И покрај тоа тие настојуваа на полициски час на цела популација, што е многу нелогично.
Меѓутоа ПР от на Филипче изгази периодов па не ме ни чуди ваквото размислување кај целата популација. Тоа што 3 месеци немаше никаква здравствена услуга во болниците при 100 пациенти веројатно исто вината ќе се бара на друго место.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom