Има една интересна руска шега за еден неписмен номадски народ во Магадан: "Чукча не читетел, чукча писател"
И јас на момент сум го осетил тој психички проблем, дисоцијално мислење, распространето е повеќе отколку се мисли, над 80% од народот. Мозокот не може да се концентрира и да изврши подолга операција, навикнал на мали идиотски порции, пример фејсбук, твитер, смс, некоја голема вест една страница немаш нервите да ја прочиташ, читаш три реда од горе, евентуално 3 од средина и три последни реда.
Кога ќе дојде таква ситуација, терапијата за мозокот е да прочиташ една книга, за 5-10 дена читам и мозокот ми се поправа.
Од таму е тој проблем кај мнозинството и кај тебе вклучително , на моменти кај мене. Може да гледаш турска серија или екшен филм со овие модерниве суперхерои, а да речеме читање книга, научно видео, долга статија у весник немаш нерви, мозокот да се мачи да прима и анализира информација. Да малку е незгодно што видеото не е на англиски но 70% се разбира, со малку труд на мозокот се сваќа целата конструкција.
Сега е празник на македонските свети Кирил и Методи, и така си карантин прочитај некоја книга, руски речник...
Дел од проблемот со новава идеологија: Атомско од лево, Атомско од десно, и одма со гасмаска скокаш и легнуваш на обратна страна да се заштитиш од нуклеарната експлозија.
Проблемот е идеолошки, интелектуален дефицит, не можеш да читаш, анализираш и само слушаш Корона од лево, карантин, полициски час, од утре корони нема, на есен ќе има пак, ти и поверуваш на таа идеологија и ги исполнуваш тие команди. Принцип на согласност со официјалната идеологија, без значење дали таа е канибализам, феудализам, социјализам, либерализам. Прочитаат наредба на султанот на сред село и рајата каже да така е, или гебелс каже Зи Хајл ариевска раса и германциве поверуваат и ја окупираат Европа, или Тито каже козите се најголем непријател на СФРЈ, како добар југословен го пријавуваш комшијата криминалец у полиција ако крие кози у подрум. Денес е слично но малку поапсурдно, некој над национален центар каже има корони и пола свет поверува, се радува што е карантин, полициски часови...,
Чумата и хаосот е насекаде, немам предвид ова корона настинкава, а за либералнава чума.
Некаде се на власт пример ЕУ, некаде се опозиција пример Русија, САД, некаде се кријат пример Кина, но секаде серат.
И Путин и Трамп имат проблеми со либералнава чума, корона талибанизмот е метод за генеза на нов правец во историјата, точно во која насока ќе појде светов незнам, од доле немаш точна претстава за силите на џиновите што се борат во моментов, но во секој случај тоа што било, повеќе нема да биде, пост-либералото општество ќе е сосема различно.