Пчеларство

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.519
Поени од реакции
34.647
дали има метални делови во пчеларникот? или таму каде е лоцирана матицата?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
... што ќе кажете околу медот препорачано да се манипулира само со дрвена лажица?
Додека да стаса медот до лажица поминува преку метална центрифуга, преку метални сита, преку метални или пластични садови...
Дрвената лажица е само нечија луда замисла.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.519
Поени од реакции
34.647
... се сложувам тие неколку секунди контакт метал-мед се занемарливи од лажица од тегла и во уста или нама на лепче, но што со металната лажица ако се остави цела ноќ во медот? кога купувам тазе месо и го сечам со метален нож по неколку минути на местото на рез самото месо добива потемна боја од другото несечено парче, значи оксидира тој дел? што со медот?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
дали има метални делови во пчеларникот? или таму каде е лоцирана матицата?
Понекогаш се користи, мада ретко, матична решетка која може да биде метална(има и пластични). Матицата е кралица мајка, нема директна врска со медот! Постоењето на метал кај неа или до неа е ирелевантен за самиот мед.
Нема многу метал во пчелниот сандак, освен жицата за сотни основи и шајчињата со кои е кована рамката. Ама со време пчелите го изолират тоа со прополис, така да може да се каже дека не се љубители на метал, ниту на панк или таква тешка музика :D
П.С. Медот е антиоксиданс;) има теории дека ако се чува во метален сад може да оксидира, макар што и на таа тема може да се дискутира!
П.С.2 Медот е еден од најзапоставените лекови на светот. Благодарение на фармацевската индустрија, за обични работи голтаме секакви лекови, до мед и природни лекови не доаѓа ред! Најверојатно затоа што не може да се патентира и на таа фора да се дере народот:(
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704
... што ќе кажете околу медот препорачано да се манипулира само со дрвена лажица?
нема врска тоа со лажицата дали е метална или не, само запрашај се како се цеди медот и дали центрифугата во која се цеди е метална или дрвена .. хе хе, плус отклапувачите за мед се исто така од метал, жицата која се вметува во сотната основа е од метал.Така да слпбодно си јади со метална лажица, само немој да ја чуваш лажицата во медот подолго време, или медот да го чуваш во стаклени садови
Автоматски споено мислење:

Ако пак зборуваме за матична млеч е тука веке нема никакава употреба на метал, таа си бара посебни начини на вадење , чување и употреба.
 
Последно уредено:

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.162
Поени од реакции
15.952

Па зашто се продава мед у стаклена тегла?
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Колку што имам читано млечот има проблем ако дојде во контакт со метал медот не.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.620
Поени од реакции
34.863
Теоретски да можеби има проблем ако се јаде со метална лажица, иако тоа е доста краток процес, али не гледам проблем да користите и пластична ако имате по дома.
Инаку во државава самите центрифуги што се користат како прво не кај сите пчелари се иноксни, сеуште се користат тие старите од поцинкуван лим така да веќе бил во реакција медот и пред вие да го донесете дома, реално иноксните се скапички.

Околу лековите тука има некои интересни рецепти.

Инаку прополисот е добар за имунитетот и ако имате можност обавезно конзумирајте го, на следниот линк имате детали како се прават растворите.

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Јас, прополис, мало зрнце на забите од кај непцето и уала, раствори за рани и слично!
 
Последно уредено:
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704
Како е пчелари ? како сте задоволи од досегашниот тек на годината. Кај мене на исток секој ден ветер, и оваа година изгледа е промашена.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Скопско исти миленко, или ветер или дожд или ладно! Дали два дена имаше нормални, багремот го промашивме, се развиваат благодарение на тревите и липата ако ја биде сега, ама како што гледам прогнозата тешко!
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Денеска драката(чајлијата) ја напаѓаат и сеуште со граориката се занимаваат!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.519
Поени од реакции
34.647
... дали најинтересното смирувачко хоби “пчеларство’ ќе има главна улога во наоѓање на некаков „лек“ против болеста КОВИД19?
... во Вухан биле акентирани околу 700 пчелари (за еден месец) од вкупо 5000 во епицентарот на епидемјата со коронавирус во Хубеи, од кои ниеден немал никакви симптоми околу КОВИД19, ниту пак било каков здравствен проблем,

beevenomtherapy0115_707403.jpg

секојдневниот можен пчелин убод го активирал имунолошкиот систем на пчеларот да не би развил алегиски реакции со што во тек на цела година не се разболувал, нит пак во време на пандемија нешто се заразиле со коронавирус, дали е тоа на повидок нешто слично како вакцина искористувајќи го пчелиниот отров останува да видиме!

@fennel еве на време да обезбедиш природна колективен имунитет- антитела намести тоа неколку маси со растојание од 2 метри земи гајба пиво и еден транзистор и пушти тоа пчелите!:)
 
Прегледај го приврзокот 259743

Ризично малку!
Голем број на луѓе се со нарушен имунитет, и може нема да им легне ваква терапија. Пре ќе ги испоубијам отколку да створат антитела :D
Плус моите не се нешто силно агресивни, мене вкупно од Март до сега дали 5-6 ме имаат каснато. Јас можам да поделам лично искуство дека се куртулив од реума после 4-5 години пчеларење. Ама тоа беа пчели, ако не си тип-топ заштитен ќе те направат решето, сегашниве не се такви. Изгледа и тие седат пред копјутер и не ги интересираат стари марифети како касање;)
Инаку на темава, нема никаков научен доказ дека е поврзано тоа што се збори со имунитетот на пчеларите и короната. Ама пак од друга страна никој ништо саглам не знае за короната па и за пчелите, така да се е можно.
Мое толкување е дека имунитетот на пчеларите е не само јак ами и трениран да не се потресува од ненадејни шокови. А знаеме дека доста луѓе починаа од сопствениот имунитет, кој претерано бурно реагирал на короната.
Здравје догодина ќе пробам нешто како аписоба, ама прво на себе:D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom