Патетика. Саудиска Арабија, Турција и слични ќе забранат најстрого викендов, овие нешто изиграваат најголеми верници.
Исламската верска заедница пред два дена испратила писмо до Владата, кое денеска го објавија и јавно, со кое бараат да не се воведува дополнителен полициски час за време на продолжениот викенд, односно празникот Рамазан Бајрам. Во писмото наведуваат дека нема да се откажат ниту од молитвата во...
a1on.mk
Значи прво да кажам дека и јас славам Бајрам и сум за тотален најригозорен локдаун за Бајрам.Ова со ИВЗ е политика на покажување мускули а сите овие се најголемите преваранти,курвари и лошо што може да се каже што нема никаква врска со верата.Ја користат ситуацијата да придобијат што повеќе верници кое на крај ке резултира со земање на што повеќе пари донации и трошење од страна на реисот по Фламинго казина,кафани итн итн.
Никој ама апсолутно никој не може да рекламира повеќе вера од самиот Ердоган кој и таму го нарекуваат Султан и неговите победи се стриктно базирани на верски вредности.Кога еден Ердоган ти прави локдаун и тоа 4 дена за најголемиот верски празник дава до знаење колку е сериозна работата со вирусот а во тоа се сложува и Арабија со Мека мајка на исламот.
Е кај нас работата е политичка и се плашам дека читам на некој портали дека се размислува и за поблаг полициски час во Недела и Понеделник од 14 до 5 кој ја сметам е тотално погрешен ако го земаме Бајрам како причина.Прво зошто џамиите ке бидат полни од 5.30 сабајле и честитањето се врши денски кој до 14 часот ке направат луѓето каша попара по гости.Ова се им иде во прилог на сограѓаните мои Албанци нормално на политичка база со заканувања по партиите дека ако се блокира Бајрам а следуваат битни избори дека на избори ке има огромна непослушност а тоа на ниедна од партиите и македонски не им одговара.Така да дај боже да има локдаун што поригорозен со казни иако тешко ке биде ова со оглед пак ке кажам на големата непослушност на самите верници што ке ги искористат сите подли механизми да си продолжат по своето.
А гледам и читам дека Скопје е лом особено по албанските општини како мојата Чаир,Бутел Сарај итн итн кој секој ден имаат се повеќе и повеќе заразени и пак џабе не им доаѓа памет.Изгледа и овие надлежните не ја сфаќаат работата сериозно дека во сите овие општини има луѓе што работат на високи позиции и се мешаат со нормалниот народ и свесно и несвесно ја шират заразата која со сигурност тврдам ја немаат под контрола како што кажува Филипче по пресови.
Немаме ние наш Ердоган кој кога ке каже Не и не.Ситуацијата само ке иде на полошо и полошо само поради непослушноста на луѓето.Не се плашам од вирусот искрено зошто се чувам колку што можам и добро ми иде засега.Ме плашат луѓето околу мене кој гајле немаат и си тераат како ништо да нема.А јас и моите истомисленици кој сме малцинство ке бидеме изгледа колатерална штета во цел овој циркус.