Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
колку би дала топлина(КВ) на -7 или -10 ?
@Strelec ,која од Гри е оваа?

по мало истражување гледам дека е иста со TOSOT Muse Eco,samo bez wi fi.
или многу слична со Electra да не речам иста
Electra PDesing има 2,3Kw
 
Последно уредено:
Здраво стручњаци, ми треба помош при избор на клима за подрумска просторија 25м2 која има премногу низок таван 2.20 м, климата ќе се користи за греење. Претпоставувам дека за брзо време ќе се стоплува и затоа барам клима со ниска модулација. Веќе користам Даикин ФТФХ-50А во 50м2 и сум задоволен со модулацијата. Но што да се одбере за подрум ? Дали да се оди со Даикин ФТФХ-35 А, Тошиба сузими плус рас -13 или да одам со некоја буџет клима бидејќи се работи за подрум, но ме плаши модулацијата кај буџет климите да не ми работи како Он-оф.
 
Дефинитивно со Сузуми13 една од најдобрите со модулација и квалитет или слично нешто.
 
Бидејќи сум во дилема што и како да одберам за греење/ладење на стан околу 27м2 дневна со отварање на врати би било уште плус 30тина м2, дали да земам јака 3,5ка или 5,5ка како Даикин Сенсира на пример.

Но, за викендов видов нешто невообичаено кај Хидросет ?
ASYG 18 KLCA INVERTER 5.2 (0.9~5.5) / 6.3 (0.6~7.6) 64,500.00
надворешната ознака AOYG18KLТA
ASYG 18 KMTA INVERTER 5.2 (0.9~6.0) / 6.3 (0.9~8.7) 68,100.00
надворешната ознака AOYG18KMTA (за оваа прашав во Хидросет ми потврдија дека е таа ознаката)

Од она што го видов на Еуровент двете изгледаат прилично импресивно. Дали некој друг има некое инфо или некое искуство со овие клими ? :)

Еуровент ASYG 18 KLCA INVERTER:
1589790888795.png

Еуровент ASYG 18 KMTA INVERTER:
1589790929893.png
 
Последно уредено:
Да многу се споменувани и се многу силни. Само што беа над 70000 кај нас. Колку чинат сега?
 
@bakigvg @Lithium002 колку троши со ниска модулација? 100-150w?

Зборуваме за греење, со 100-150w нема греење туку само ладење. Даикинот мој, во потопли денови спушташе до 250-260вати, но тоа во случаеви на предсезона или после сезона на затоплување. Во најголем дел од времето работеше во просек со 500-600 вати..
 
Здраво стручњаци, ми треба помош при избор на клима за подрумска просторија 25м2 која има премногу низок таван 2.20 м, климата ќе се користи за греење. Претпоставувам дека за брзо време ќе се стоплува и затоа барам клима со ниска модулација. Веќе користам Даикин ФТФХ-50А во 50м2 и сум задоволен со модулацијата. Но што да се одбере за подрум ? Дали да се оди со Даикин ФТФХ-35 А, Тошиба сузими плус рас -13 или да одам со некоја буџет клима бидејќи се работи за подрум, но ме плаши модулацијата кај буџет климите да не ми работи како Он-оф.
На 2,20 плафон ниедна нема да модулира.
Сметај, грубо, дека треба да биде наместена на 1,80 + 20 и кусур сантими колку што е висока плус тоа што останува. А треба што е можно повеќе да остани за да вовлекува исправно (во поглед на топлина)

Значи, на 2,20 веднаш ќе гасни. Па и да модулира ниско тоа ќе го прави на глуп начин со издув под 40 степени (што во зима се перципира како ладно дување)

Решение е вадење на внатрешниот термисторот со подолга жица и поставување да отчитува некаде на 1m висина.

Згора на се собата е 25 квадрати со, како што кажуваш, добра изолација. Не земај скапа клима.
 
Колку би помогнала функцијата I FEEL во овој случај, за да не дојде до гаснење на климата ?
 
Зборуваме за греење, со 100-150w нема греење туку само ладење. Даикинот мој, во потопли денови спушташе до 250-260вати, но тоа во случаеви на предсезона или после сезона на затоплување. Во најголем дел од времето работеше во просек со 500-600 вати..
па и мојата LG модулира 280вати,таа Електрата што ја спомнав,ја има мој братучед,и таа модулира со 270-290 вати.
незнам зошто толку скапи клими кога и другите клими имаат ниска модулација
 
колку брзини има внатрешниот фан?

гаранција условна или вкупна 3 год?

со убаво да си ја користите
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom