- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.145
- Поени од реакции
- 12.761
Ти си тој кој ја минимизира улогата на Велика Британија и Франција во воениот и територијалниот раст на Нацистичка Германија во периодот помеѓу 1935 и 1939 година.Напротив, не побарале дозвола од Романија, туку тоа било во теорија, а ти споменав и за АДД, да не се повторувам.
Значи СССР игра иста улога во т.н. Мир во нашето време, само што Молотов не мафта со договор излегувајќи од авион.
Нема никакви, ни најмали показатели, било какви, дека армијата на ЧСР имала намера да се бори, па тоа на стража да стојат илјадници покрај граница ќе пукне случајно пушка па ќе падне некоја чарка, овие ништо, тотално никаков порив за одбрана, едноставно положиле оружје, оставиле недирнати силни фабрики за модерно оружје на Рајхот, кој во меѓувреме го вовел чехословачкиот ловец Авија Б-534 во своите единици
Но подраматично е кај тенкови. Имено, 1/3 од тенковите кои догодина тргнуваат на Бенелукс и Франција ќе бидат од запленетите чехословачки одлични ЛТ-38 и солидните ЛТ-35. Настрана пушкомитралези Збројевка М.26 и М.37. Нивниот квалитет бил толкав што една Британија откупува лиценца и го воведува М.26 под името Брен како основен пушкомитралез на својата пешадија !
Каков неофицијален сојузник, и де факто и де јуре русите биле сојузници со нацистите, гледаш си пазареле авиони од кај нив коа им текне. Количините на ресурси кои оделе во правец на Германија, помагајќи и драматично да го прегази Бенелукс и победи Франција се неброени! СССР е делумно виновен за Данкерк
Ти упорно сакаш да ја минимизираш улогата на СССР во оската, сакаш тоа да остане Табу, како што и беше до пред деценија и пол некаде, но помина тоа време, фактите наметнуваат нов заклучок, лишен од идеолошки предзнак.
Јас никогаш не ги негирав злосторствата на Советскиот Сојуз, туку само потенцирав дека во втората половина на 1939 година Советскиот Сојуз тргнал по истиот пат по кој оделе Велика Британија и Франција во претходните 4 години - ако на нив не им смета да им бидат индиректни сојузници на Адолф Хитлер и на Нацистичка Германија, тогаш и на Советскиот Сојуз не треба да му смета да биде уште еден индиректен сојузник, а истовремено и да профитира од таквото неофицијално сојузништво.
Се согласувам дека неофицијален сојуз, односно неофицијално сојузништво е погрешен израз, ќе го користам изразот неформален сојуз, односно неформално сојузништво, бидејќи официјално, односно формално, Нацистичка Германија била во сојуз со Фашистичка Италија и со Јапонија, а Советскиот Сојуз го посочувале како свој главен непријател.
Евакуацијата на Британците кај Данкерк можеби воопшто не би се случила доколку Британците и Французите би поработиле повеќе на зближување со Советскиот Сојуз отколку на правење отстапки кон Хитлер и Нацистичка Германија.
На крајот на краиштата, договорот Молотов-Рибентроп бил потпишан преку ноќ и неформалниот сојуз помеѓу Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз започнал нецели месец дена после потпишувањето на договорот Молотов-Рибентроп, но патот до потпишување на тој договор бил долг 3 (ТРИ) години, ако не и подолго.