Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.081
Поени од реакции
6.569
Во голема мера ова што го кажуваш е вистина, но, не сум убеден дека до толку влијаело во поделбата на колачот, тоа кој е православен или Словен, а кој не е. Можеби влијаело, но сигурно не повеќе, на пример, од географијата. На пример, Унгарците не се Словени, екстремни католици се, се дел, да кажам, од благородничката европска традиција, беа една од владеачките половини на Австро-унгарија, а останаа зад завесата.

Понашањето на Британија не е непознато. Нивното влијание во Југославија, ја внесе во војна. Но, со тоа можеби историски ја постави на вистинската страна во конфликтот. Нешто кое, за време и после војната, се покажа дека многу придонесе, прво земјата да биде единствена во Европа која сама се ослободила од окупаторот (влезот и излезот на Советите не го рачунам). Не викам никако дека сами ги победивме Германците, ама никој не не ослободи. Цела окупирана Европа беше ослободена или од советски, или од западни сили, Југославија - не. Сето тоа придонесе и за уникатен развој после војната, надвор од едниот или другиот блок, нешто кое малкумина го можеа, а и создавање на сопствен блок, не толку многу базиран на воена соработка и поврзаност, колку другите два.
Да не беше превратот, Југославија веројатно со Бугарија и Албанија ќе асистираше во Грција, против Британците.
Војната (да речеме) непланирана во Југославија и Грција, ја одложи Барбароса и според јавниот наратив, придонесе за неуспехот на Барбароса. Но, ова се повеќе се покажува како еден од митовите за оваа војна и се повеќе налетувам на инфорации дека всушност немало да има никакво поголемо влијание врз исходот. Поголемо влијание врз Војната имало врзувањето на дивизиите во Југославија и на Балканот, заради партизанските движења.

Инаку за Британците и нивните постапки, никој не е зачуден. Имаат они такви испади, кај што суровата практичност бара гушење на хуманоста (гладот у Индија, на пример). Но, треба да се види поголемата слика, околу ова нивно мешање во Југославија. Тој период, работите стојат вака:
Хитлер ги згази сите. Тие што не ги згази, прејдоа од негова или се неутрални: ама со страв (имал и план да ја освои и Швајцарија), или пак само на хартија (Шведска, Шпанија...). Најбитно, го уби у појам својот најголем противник - Франција. Значи буквално цела Европа е освоена од непријателот на Британија. Британија е единствената земја на планетата која се бори против Хитлер, кој буквално, има цел континент зад себе. Советскиот Сојуз, во заднина, го снабдува хитлеровиот воен виор, штедро, со огромни количества суровини. Парадоксално, Германците никогаш не успеаја да извадат суровини, пред се мислам на нафта, подоцна, од огромните окупирани пространства на СССР, во поголем обем, одошто добиваа од самите Совети, преку договорот, пред да ги нападнат.
Америка е бастион на изолационизмот (влегувањето во војната на земјата, тогаш, го одобрувал помал процент на Американци, отколку било која војна, од Кореа до Ирак и Афганистан). Плус, у тој момент Америка, надвор од економскиот потенцијал, има помала војска од Бугарија.
Јапан се заканува над далекуисточните поседи.

Буквално Британија е сама, со своите сегашни и бивши колонии, против, ај да речеме, скоро цел свет. И Грција.
Грција и е на Британија последниот сојузник во Европа, а може да се каже и воопшто. Павле ја носи Југославија кај Бугарија, Унгарија, Романија...
Оттука некако е разбирлив тој потег на Британците, во тие ужасно тешки моменти за нив.
Автоматски споено мислење:

Веќе не смеат никако во тој darkest hour да изгубат влијание, територија и сл. Грчевито се борат.
Автоматски споено мислење:

Оваа слика треба тука да биде. Пред да го обесат.

сликава стоела на влезот во ООН во Њу Јорк, не знам дали сеуште
Автоматски споено мислење:

Стаљин и Хитлер и нивниот однос со генералите
Тие се движат во обратни насоки, на таа тема. Хитлер ја почнува војната со поголема доверба во генералите, па како што тече војната таа преоѓа во хронична недоверба, хранета од зголемена самодоверба и месијанска убеденост. Стаљин пак се движи низ војнава во обратна насока.

Тоа дека само Жуков смеел да не се согласува и да му пркоси, е вистина.

Има еден виц за тоа. Излегува Жуков од кај Стаљин и видно изнервиран, си мрмори у брада: - Ах тие злосторнички мустаќи!
Го слушнала секретарката Људмила, крај која поминал и веднаш откако заминал, влегла кај Стаљин и му кажала што чула. Стаљин само трепнал со око и Жуков веќе го вратиле во канцеларија назад.
- Дали ти другар Жуков си го рекол ова? - го прашал Стаљин.
- Секако.
- На кого мислеше?
- Како на кого, па на Хитлер. На кој друг злосторник би мислел?
- На Хитлер. - па и се свртил на Људмила: - А вие другарке Људмила на кого мислевте?

Ова не е баш така. Ова е еден од митовите за Втора Светска Војна. Значи не е нешто што е целосно неточно туку е пренапумпано.
Ќе се обидам да ти објаснам зошто и зошто ти мислиш вака, само ќе ми треба еден поголем пост.
Да, напоменав во постот дека е дел од постојаната поставка во ООН, сеуште и ден денес :) на незадоволство на некои хрватски политичари.
Интересно е што бил заробен од четници и предаден на Гестапо при крај на 1941 или почеток на 1942 не знам како беше, после што следело тешко изживување врз него.
Толку од причите за четниците како наводни антифашисти...

Прв кој се осмелил да се супротстави на Стаљин бил Ворошилов, министерот за одбрана, и тоа било неочекувано пошто во други околности бил куче на Стаљин :D

А за Југославија и Грција, којзнае, ако Барбароса започнеше едно 40 дена порано...what if.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
А за Југославија и Грција, којзнае, ако Барбароса започнеше едно 40 дена порано...what if.
Мое лично мислење е дека ништо немало да смени. Едноставо Советскиот сојуз бил крајно потценет од страна на Рајхот, а верувам и САД у УК биле изненадени што така жилаво издржале. Самиот Сталин сигурно не му се верувало што преживеале со оглед на нервниот слом што го доживеал првите недели од војната.

Можда Операција Тајфун би ја реализирале порано и евентуално би ја зазеле Москва, но заземањето на Москва немало шанси да стави крај на војната, Советите и во такво сценарио ќе се регрупираа, индустријата во Сибир ќе им тераше во полна пареа, ќе се мобилизираа и ќе удреа со контранапад. Рајхот немаше ресурси, луѓе, техника и време да се справи со освојување на толкаво простраснство со тогашната технологија и начин на водење војна, посебно и со нивната окупациона политика која не ги искористила доволно сите противници на Советите на територија на бивша царска русија. Друго е денес, сега да би се водела слична војна нема да треба со тенкови и пешадија да се освојува километар по колометар, се војува на поинаков начин.

Единствена шанса, некаква хипотетичка за победа би била евентуално до крај на 1941 да успееле да уништат толку многу советски армии со онеспособување на десетици и десетици милиони трупи, да на Советите би им бил преголем удар за да и со дополнителна мобилизација би ги надоместиле тие загуби.
 
40 дена би биле 40 дена помалку Распутица (руско есенско и пролетно блато) и мраз.
Но самото одење на Москва било дебилен потег, несфатлива идиотштина.
Она што требало најпрво да се насочат е нафта,нафта и само нафта т.е. нафтените полиња околу Баку/Касписко езеро. Второ, Украјина како Лебенсраум и огромна житница, заедно со прибалтичките земји и Беларус.

Москва воопшто не им требала, а имајќи ги во раце нафтните извори и лишувајќи го СССР од нафта и храна (Украјина) би имале барем пар години да се спремат за евентуален советски контраудар со ленд лиз и све тоа, настрана што ќе имале искуство и со руската зима и распутица.

Интересно, барем од тоа што сум видел до сега на форумов, најцивилизирана, најпоткрепена со факти, најквалитетна и најмирна конверзација има на темата за - најголемиот конфликт евер :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.515
Поени од реакции
85.018
Интересно, барем од тоа што сум видел до сега на форумов, најцивилизирана, најпоткрепена со факти, најквалитетна и најмирна конверзација има на темата за - најголемата кланица евер :icon_mrgr:
there, fixed
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.081
Поени од реакции
6.569
Може и така да се каже :)
А што беше муабетот за влијанието на Адолф во водењето на војната на оперативно ниво, секако на стратешко ниво неговата (чат-пат Химлерова) била последна...

Рандом мисла - Рокосовски е еден од потценетите офицери (генерал, не знам дали стигнал до Маршал) во ЊЊ-2 сферата, никогаш не го споменале на докуметарец или артикл или било што...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.515
Поени од реакции
85.018
Рандом мисла - Рокосовски е еден од потценетите офицери (генерал, не знам дали стигнал до Маршал) во ЊЊ-2 сферата, никогаш не го споменале на докуметарец или артикл или било што...
На предавања го спомињаат.
Редок пример на генерал во Црвената Армија кој се грижи за животот и здравјето на своите војници. Нешто како Монтгомери, а спротивно од Жуков.

Тоа за Хитлер и неговото мешање или "мешање" на различни нивоа и стратегиската перспектива, е подолго и ќе пишам што мислам.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.081
Поени од реакции
6.569
Во текот на 9 годишната војна против фашизмот, комунистичката СССР несомнено беше на крајот главен чинител во вкупната победа на сојузниците над оската, но нивната соработка и овозможување да германците го изиграат Версај со тајни авио и оклопни школи во СССР (кој кадар подоцна ќе командува единици против своите поранешни учители :icon_mrgr: ) соработката со Мусолини околу изградбата на воени бродови и на крај апла отворениот пакт и сојузништво со Адолф - сето тоа е озовможување на нивниот иден непријател да се претвори во гигантска воена сила.
Пакт потпишан само неколку месеци откако завршува шпанска граѓанска каде се табаат наци вс. совјети. :angel: има тука материјал за Орвел.

Ако се има превид ситуации како Катинската шума или запирањето пред Варшава 1944, би рекол дека СССР е на граница на злото, и од тогашна и од сегашна страна гледано.
Загубата на војници и цивили е стравична, колку од тие 27М се поради некадарност, тупост, глупост, подобност кон Коба, дали ригидниот сталинизам е одговорен за горе долу ист број сопствени жртви како и германците? Па само кај Кијев и Вјазма заробуваат 1,36 милиони војници, две битки само.

Знам дека САД немале копнени граници со Немачка, сепак на крај со 400К жртви стигнуваат скоро до Берлин.

Пар фотки од Роберт Капа кој учествувал во Денот Д со цел фотографско сведоштво за настанот, фотката е од неговиот десантен чамец, минути пред истиот да се отвори и врз нив да почне да штека славниот МГ-42 или подобро познат како Шарац.
Првата слика е погоден републиканец, троцкист или анархист, смртта фатена на дело :)

Член од
24 април 2008
Мислења
11.145
Поени од реакции
12.761

Чекај бе Франкфурт со границата на злото, настрана вистините кои ги спомна за тајните авио и оклопни школи во Советскиот Сојуз за потребите на Нацистичка Германија, што чекале Велика Британија и Франција од 1936 до 1939 година за да го спречат воениот раст на Нацистичка Германија, или барем за да се зближат со Советскиот Сојуз ?

Во 1935 година Нацистичка Германија отворено и јавно ја претставува новата германска воена авијација Луфтвафе - спротивно на Версајскиот договор;

Во 1935 година Велика Британија го потпишува Лондонскиот поморски договор со кој и` дозволува на Нацистичка Германија да ја зголеми големината на својата морнарица на 35% од целокупната тонажа на британската морнарица - спротивно на Версајскиот договор;

Во 1936 година Нацистичка Германија ја ре-милитаризира Рајнската област - спротивно на Версајскиот договор;

Во 1938 година Нацистичка Германија го врши аншлусот на Австрија - спротивно на Версајскиот договор;

Во 1939 година Нацистичка Германија ја окупира Чехословачка - спротивно на Минхенскиот договор од 1938 година, со кој Велика Британија и Франција им ја подаруваат на златна тацна Судетската област од Чехословачка на Адолф Хитлер и на Нацистичка Германија;

Во периодот од 1936 до 1939 година за време на граѓанската војна во Шпанија, Велика Британија и Франција не прават речиси ништо - да не речам апсолутно ништо - за да ја помогнат шпанската република, додека Нацистичка Германија и Фашистичка Италија од една страна, и Советскиот Сојуз и доброволците од повеќе држави од друга страна, си ги мерат силите на шпанска територија;

Во период од 4 (ЧЕТИРИ) години, Велика Британија и Франција не прават апсолутно ништо за да се зближат со Советскиот Сојуз и за да формираат коалиција против Нацистичка Германија, а во меѓувреме Јосиф Висарионович Сталин треба да дреме со скрстени раце додека Хитлер ги менува политичките мапи на Европа ?

Договорот Молотов-Рибентроп е подеднакво анти-морален, анти-етички и анти-човечки колку и сите други отстапки кои западњаците ги имаат направено кон Хитлер и Нацистичка Германија. Ако Британците и Французите сакаат да играат на картата на лицемерието, претставувајќи се себеси како бранители на слободниот свет, додека истовремено прават отстапки кон анти-семитистичкиот, анти-комунистичкиот, расистичкиот и националистичкиот режим на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија, тогаш и Советскиот Сојуз има право да игра на истата карта.

Не очекувај морални или етички вредности во свет во кој никој не ги почитува, ниту ги брани.

Ако една работа Русите имаат покажано и докажано низ вековите, од Петар Велики па наваму, тоа е дека секогаш ги бива за да го копираат западот - само на многу подобар начин и со многу полоши последици.

Па затоа немој многу да се изненадуваш кога Сталин ќе направи пакт со Хитлер, бидејќи само ги копира истите идиотизми кои западот ги прави - само на многу подобар начин и со многу полоши последици.

Винстон Черчил му се восхитувал на Бенито Мусолини поради неговите анти-комунистички политики, а за Чанг Кај Шек - наводно негов сојузник во Втората Светска Војна - единствено знаел да коментира за бојата на неговата кожа. Несомнено ваквиот начин на размислување од страна на Черчил придонел за бенгалскиот глад од 1943 година, кој резултирал помеѓу 2 и 3 милиони луѓе кои биле изгладнети до смрт.

За 22.000 полски офицери стрелани по наредба на Сталин во Катинската шума ќе се удира со дрва и камења по Советскиот Сојуз и по денешна Русија најверојатно со генерации, а за изгладнување на милиони невини цивили во Индија поради наредбите на Черчил за извоз на храна од Индија за потребите на британските војници во Европа најверојатно само одвреме навреме ќе се спомнува по нешто.

А ако правиш споредби со две третини од германската војска на источниот фронт, наспроти помалку од една третина од германската војска во Франција, па се прашуваш како и зошто САД со само 400.000 жртви речиси пристигнале до Берлин, тогаш само провери ги бројките - колку од 1.9 милиони германски војници во Франција во 1944 година загинале, а колку се предале на Сојузниците, наспроти над 9 милиони војници на источниот фронт, од кои над 5 милиони загинале, а над 4 милиони биле заробени.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.069
Поени од реакции
1.190
Во голема мера ова што го кажуваш е вистина, но, не сум убеден дека до толку влијаело во поделбата на колачот, тоа кој е православен или Словен, а кој не е. Можеби влијаело, но сигурно не повеќе, на пример, од географијата. На пример, Унгарците не се Словени, екстремни католици се, се дел, да кажам, од благородничката европска традиција, беа една од владеачките половини на Австро-унгарија, а останаа зад завесата.

Понашањето на Британија не е непознато. Нивното влијание во Југославија, ја внесе во војна. Но, со тоа можеби историски ја постави на вистинската страна во конфликтот. Нешто кое, за време и после војната, се покажа дека многу придонесе, прво земјата да биде единствена во Европа која сама се ослободила од окупаторот (влезот и излезот на Советите не го рачунам). Не викам никако дека сами ги победивме Германците, ама никој не не ослободи. Цела окупирана Европа беше ослободена или од советски, или од западни сили, Југославија - не. Сето тоа придонесе и за уникатен развој после војната, надвор од едниот или другиот блок, нешто кое малкумина го можеа, а и создавање на сопствен блок, не толку многу базиран на воена соработка и поврзаност, колку другите два.
Да не беше превратот, Југославија веројатно со Бугарија и Албанија ќе асистираше во Грција, против Британците.
Војната (да речеме) непланирана во Југославија и Грција, ја одложи Барбароса и според јавниот наратив, придонесе за неуспехот на Барбароса. Но, ова се повеќе се покажува како еден од митовите за оваа војна и се повеќе налетувам на инфорации дека всушност немало да има никакво поголемо влијание врз исходот. Поголемо влијание врз Војната имало врзувањето на дивизиите во Југославија и на Балканот, заради партизанските движења.

Инаку за Британците и нивните постапки, никој не е зачуден. Имаат они такви испади, кај што суровата практичност бара гушење на хуманоста (гладот у Индија, на пример). Но, треба да се види поголемата слика, околу ова нивно мешање во Југославија. Тој период, работите стојат вака:
Хитлер ги згази сите. Тие што не ги згази, прејдоа од негова или се неутрални: ама со страв (имал и план да ја освои и Швајцарија), или пак само на хартија (Шведска, Шпанија...). Најбитно, го уби у појам својот најголем противник - Франција. Значи буквално цела Европа е освоена од непријателот на Британија. Британија е единствената земја на планетата која се бори против Хитлер, кој буквално, има цел континент зад себе. Советскиот Сојуз, во заднина, го снабдува хитлеровиот воен виор, штедро, со огромни количества суровини. Парадоксално, Германците никогаш не успеаја да извадат суровини, пред се мислам на нафта, подоцна, од огромните окупирани пространства на СССР, во поголем обем, одошто добиваа од самите Совети, преку договорот, пред да ги нападнат.
Америка е бастион на изолационизмот (влегувањето во војната на земјата, тогаш, го одобрувал помал процент на Американци, отколку било која војна, од Кореа до Ирак и Афганистан). Плус, у тој момент Америка, надвор од економскиот потенцијал, има помала војска од Бугарија.
Јапан се заканува над далекуисточните поседи.

Буквално Британија е сама, со своите сегашни и бивши колонии, против, ај да речеме, скоро цел свет. И Грција.
Грција и е на Британија последниот сојузник во Европа, а може да се каже и воопшто. Павле ја носи Југославија кај Бугарија, Унгарија, Романија...
Оттука некако е разбирлив тој потег на Британците, во тие ужасно тешки моменти за нив.

Британија поради одвоеноста од Европско копно преживеа, морето нив ги спаси.
Инаку да беа споени со копно.....

Британија дебело ја зезна Српската кауза во Југославија, на наговор на Британците во 1939 кнез Павле прифати да се прилично исполнат барањата на Хрватите и да се направи бановина Хрватска и со тоа се и отвори патот на расформирање на Југославија подоцна после војната.
Британија го наговори Павле во 1939 година да им попушти на Хрватите и со тоа демек Хрватите немало да ја предадат Југословенската држава и војска во евентуална војна со нацистичка Германија. А штом се запука на 6 Април 1941 Хрватите веднаш напуштаа Југословенска војска, и дури и вршеа саботажи кај можеа, баш и Хрватски пилоти претходно избегаа од Југославија со мапи и карти кај Германците за овие што полесно да знаат каде да бомбардираат со штуките.
Британија ги пикна во војна во 5 до 12 тотално неспремни, но тоа е. Југославија во тоа време имаше војска банда без команда, каде се знаеше дека Хрватите, Муслиманите, Словенците нема да мрднат со прст во војна.

Гледај во 1999 Србите сами во војска издражаа 78 дена сурово НАТО бомбардирање, а во 1941 со пета колона во војска се знаеше дека брзо ќе изгубат.

Дури неколку денови пред 6 Април 1941 пучистите Бора Мирковиќ и Душан Симовиќ испратиле делагација во Москва и молеле од Сталин и СССР помош и му велеле на Сталин дека Југославија нјмалку 6 недели може да издржи во војна со Германија, а Сталин на тоа се насмеал и рекол: Во најдобар случај 2 недели. И капитулираа на 17 Април, после 11 дена војна.

Србите да беа паметни и организирани како народ ќе изиграа многу помудро во таа ситуација, како што играа Хрватите, Хрватите со секоја завојувана страна од таа војна имаа контакти и во секој исход да излезат како победници, и најмногу и профитираа Хрватите од лицемерната тактика, добија море од преку 600 километри, а се вклучија на сериозен начин против нацистичка Германија тек после Сталинградската битка во 1943. До 1943 колкав беше процентот на Хрвати во партизани?
Отиди денес во Хрватска, тие замисли слават ликови од НДХ, пример во датумите од 1941 кога низ Хрватска се организирала НДХ управа тие во денешно време тоа го слават. И какви се тие антифашисти со тоа? Во 90-тите низ Хрватска се урнати многу антифашистички споменици. Зошто?

Да виновни се и Србите, посебно тие кои организираа пуч на 27 Март 1941, знаеја дека следи сурова казна од Германија, и не организираа евакуација на Народна библиотека во Белград, изгореа многу стари книги и списи во таа библиотека.
Дури тие Симовиќ и останата екипа во очај неколку денови пред 6 Април 1941 на Хрватите им нудеа брдо и долини не само огромна автономија туку и да имаат Хрватите своја полиција, и идна независност. Оваа неспособност на Србите од 1941 денес ме потсетува на нашите политичари и двете водечки партии кои за фотелја и власт и држава ќе дадат на едно малцинство.

Инаку не, да опстоеше троен пакт, Југославија немаше да влегува во Грција ниту да асистира со војска.
Првичниот напад над Грција, Германија ќе го изведеше преку Бугарија, е подоцна можеби и ќе мораше да се дозволи премин на Германски трупи преку Југословенска територија на патот кон Грција.

Имав читано некаде, дека кнез Павле инсистирал кај Германците Југославија да не се користри како транзитна територија за Германски трупи, а ако мора да се користи во крајно неизбежни ситуации тогаш не смееле Германските војници да стапнат на почвата на Југословенска земја за време на транспортот, пример кога ќе поминувале вагони и возови со Германските војници тие да не смееле да се симнуваат од возовите и да стапнуваат на Југословенска територија. Сето ова го барал Павле бидејќи знаел за антигерманско расположение кај Српскиот народ и да не се провоцира Српскиот народ со Германска војска.

Најголемиот проблем при сето ова е секако тоа што тие возови со Германски војници би поминувале низ територија на денешна Србија а знаеме какво е антигерманско расположение кај Српскиот народ од првата светска војна.

Не го оправдувам потегот на кнез Павле за троен пакт, но сето тоа е изнуден потег, поради тоа што Павле знаел што ќе биде со Српскиот народ во војна со Германија, и се случи тоа, Србите беа брутално убивани од НДХ теророт.
Баш после пучот на 27 Март 1941, кога го уапсиле кнезот Павле, самиот кнез Павле рекол: Јадни Срби шта че бити са њима. Исходот го знаеме сите.

Инаку Шведска е синоним за демек неутрална држава во војната, а тоа што од Шведска со руди и ресурси е снабдувана нацистичка Германија нормално никому ништо за тоа.
Шведска за тоа и не беше казнета. Нормално тие не се Словени и не се казнети.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.515
Поени од реакции
85.018
Јас до сега немам сретнато ниту еден доказ, ниту индиција, за тоа дека Шведска требала да биде казнета по Војната, ама ете не ја казниле пошто не се Словени.
А за Србија/Југославија, сум 100% убеден дека со тоа што не влезе во Оската. направи ретко добар чекор, кој подоцна и овозможи на земјата оригинален развој во блоковскиот свет.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.081
Поени од реакции
6.569
Чекај бе Франкфурт со границата на злото, настрана вистините кои ги спомна за тајните авио и оклопни школи во Советскиот Сојуз за потребите на Нацистичка Германија, што чекале Велика Британија и Франција од 1936 до 1939 година за да го спречат воениот раст на Нацистичка Германија, или барем за да се зближат со Советскиот Сојуз ?

Во 1935 година Нацистичка Германија отворено и јавно ја претставува новата германска воена авијација Луфтвафе - спротивно на Версајскиот договор;

Во 1935 година Велика Британија го потпишува Лондонскиот поморски договор со кој и` дозволува на Нацистичка Германија да ја зголеми големината на својата морнарица на 35% од целокупната тонажа на британската морнарица - спротивно на Версајскиот договор;

Во 1936 година Нацистичка Германија ја ре-милитаризира Рајнската област - спротивно на Версајскиот договор;

Во 1938 година Нацистичка Германија го врши аншлусот на Австрија - спротивно на Версајскиот договор;

Во 1939 година Нацистичка Германија ја окупира Чехословачка - спротивно на Минхенскиот договор од 1938 година, со кој Велика Британија и Франција им ја подаруваат на златна тацна Судетската област од Чехословачка на Адолф Хитлер и на Нацистичка Германија;

Во периодот од 1936 до 1939 година за време на граѓанската војна во Шпанија, Велика Британија и Франција не прават речиси ништо - да не речам апсолутно ништо - за да ја помогнат шпанската република, додека Нацистичка Германија и Фашистичка Италија од една страна, и Советскиот Сојуз и доброволците од повеќе држави од друга страна, си ги мерат силите на шпанска територија;

Во период од 4 (ЧЕТИРИ) години, Велика Британија и Франција не прават апсолутно ништо за да се зближат со Советскиот Сојуз и за да формираат коалиција против Нацистичка Германија, а во меѓувреме Јосиф Висарионович Сталин треба да дреме со скрстени раце додека Хитлер ги менува политичките мапи на Европа ?

Договорот Молотов-Рибентроп е подеднакво анти-морален, анти-етички и анти-човечки колку и сите други отстапки кои западњаците ги имаат направено кон Хитлер и Нацистичка Германија. Ако Британците и Французите сакаат да играат на картата на лицемерието, претставувајќи се себеси како бранители на слободниот свет, додека истовремено прават отстапки кон анти-семитистичкиот, анти-комунистичкиот, расистичкиот и националистичкиот режим на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија, тогаш и Советскиот Сојуз има право да игра на истата карта.

Не очекувај морални или етички вредности во свет во кој никој не ги почитува, ниту ги брани.

Ако една работа Русите имаат покажано и докажано низ вековите, од Петар Велики па наваму, тоа е дека секогаш ги бива за да го копираат западот - само на многу подобар начин и со многу полоши последици.

Па затоа немој многу да се изненадуваш кога Сталин ќе направи пакт со Хитлер, бидејќи само ги копира истите идиотизми кои западот ги прави - само на многу подобар начин и со многу полоши последици.

Винстон Черчил му се восхитувал на Бенито Мусолини поради неговите анти-комунистички политики, а за Чанг Кај Шек - наводно негов сојузник во Втората Светска Војна - единствено знаел да коментира за бојата на неговата кожа. Несомнено ваквиот начин на размислување од страна на Черчил придонел за бенгалскиот глад од 1943 година, кој резултирал помеѓу 2 и 3 милиони луѓе кои биле изгладнети до смрт.

За 22.000 полски офицери стрелани по наредба на Сталин во Катинската шума ќе се удира со дрва и камења по Советскиот Сојуз и по денешна Русија најверојатно со генерации, а за изгладнување на милиони невини цивили во Индија поради наредбите на Черчил за извоз на храна од Индија за потребите на британските војници во Европа најверојатно само одвреме навреме ќе се спомнува по нешто.

А ако правиш споредби со две третини од германската војска на источниот фронт, наспроти помалку од една третина од германската војска во Франција, па се прашуваш како и зошто САД со само 400.000 жртви речиси пристигнале до Берлин, тогаш само провери ги бројките - колку од 1.9 милиони германски војници во Франција во 1944 година загинале, а колку се предале на Сојузниците, наспроти над 9 милиони војници на источниот фронт, од кои над 5 милиони загинале, а над 4 милиони биле заробени.
Што само изнапиша :) Ова е емотивен изблик повеќе отколку обид за дискусија и се работи за старата болест која е присутна еднемично по исток а тоа е Русофилијата како феномен.

Не можеш да го изедначиш нечинењето не нешто со активното учество во истото. Пример одиш по улица и некој џанак и мава бокс на некоја баба и зема новчаник и полека си оди потпевнувајќи нешто.
Тоа што ти си можел да интервенираш а не си го сторил тоа не те става во ист кош со џанакот. Од морално-етички аспект не е во ред што не си помогнал, но во никаков случај не си крив, разбираш?
Тоа ти е наједноставна аналогија за да сфатиш разликата меѓу западот и СССР 1922-1941, 16 од тие 19 години фашисти и комунисти се сојузници.

Знаеш што е Шнајдер-Крезо? Ако не знаеш види по гугл. После види зошто толку често се споменува тој поим во списоците оружје со кои располагала Репулбиката.
Имиња како Девоатен, Бреге, Потез, Марсел Блок се јавуваат сомнително често во списоците на авиони со кои се борела републиката. Не се кинески брендови него француски.
Знаеш дека минофрлачи, полски и брдски топови, хаубици, митралези на ангро влегувале во Шпанија од Франција на црно? За да се запази законот за неутралност, Франција правела фиктивни продажби (како на ловците Д.373) во трети земји кои после преку приватни фирми праќале авионите расклопени со бродови во Шпанија. Франција неколку пат целосно ја отварала граицата за да обкружени републикански сили се повлечат и регрупираат на нивна територија.
Да споменуваш ШГЃ а да не ти е ништо од ова познато, треба да си феномен. Но ти не си тоа, туку си русофил. А тоа е не чини, не можеш да направиш објективен осврт ради емоции.

Франција е прва која го призна СССР, ја признаа владата на Републиката во Шпанија и Леон Блум предложи закон по кој воено ќе се интервенира а кој закон бил повлечен поради сериозен британски притисок? Е сеа Леон Блум сигурно си напраил сметка, дали да остане близок со Британија или да праќа аскер во Шпанија. Одговорот го знаеме.

Улогата на Сталин во падот на Релубликата е малку позната ствар, имено од крајот на 1937, предосеќајќи веројатно дека ќе победат фашистиве, Сталин скоро целосно ја запира воената помош и ги враќа дома инструкторите и пилотите, за да се припреми пат за подоцнежен пакт со Германија.
Кобната улога на СССР во падот на Републиката ја имаш и кај Орвел, шпански борец, два пати рануван, во неговиот Омаж за Каталонија. Имаш таму и за гомнариите на НКВД и стрелања на 15 годишни дечки дека биле фашистички кодоши и многу срања.
Најкратко кажано, Сталин јако ги напали репулбликанциве 1936 и 1/3 од 1937 дека ќе имаат постојат дотур на воен материјал и после им го закачи онака, без лубрикант и ја поеба републиката.

Франција втора во светот (британската објава е прва за неколку часа разлика :D ) му објави војна на нацистичка Германија. И тоа во време кога, да потсетиме, Рајхот и СССР беа воени сојузници.
Да ставаш равенства помеѓу објава на војна поради Полска и од друга страна инвазија и окупација на истата таа Полска од страна на СССР не е на арно.

Значи објава на војна=инвазија?!
Дали си ти арен, вака надвор од темава да прашам? :)
Автоматски споено мислење:

Британија поради одвоеноста од Европско копно преживеа, морето нив ги спаси.
Инаку да беа споени со копно.....

Британија дебело ја зезна Српската кауза во Југославија, на наговор на Британците во 1939 кнез Павле прифати да се прилично исполнат барањата на Хрватите и да се направи бановина Хрватска и со тоа се и отвори патот на расформирање на Југославија подоцна после војната.
Британија го наговори Павле во 1939 година да им попушти на Хрватите и со тоа демек Хрватите немало да ја предадат Југословенската држава и војска во евентуална војна со нацистичка Германија. А штом се запука на 6 Април 1941 Хрватите веднаш напуштаа Југословенска војска, и дури и вршеа саботажи кај можеа, баш и Хрватски пилоти претходно избегаа од Југославија со мапи и карти кај Германците за овие што полесно да знаат каде да бомбардираат со штуките.
Британија ги пикна во војна во 5 до 12 тотално неспремни, но тоа е. Југославија во тоа време имаше војска банда без команда, каде се знаеше дека Хрватите, Муслиманите, Словенците нема да мрднат со прст во војна.

Гледај во 1999 Србите сами во војска издражаа 78 дена сурово НАТО бомбардирање, а во 1941 со пета колона во војска се знаеше дека брзо ќе изгубат.

Дури неколку денови пред 6 Април 1941 пучистите Бора Мирковиќ и Душан Симовиќ испратиле делагација во Москва и молеле од Сталин и СССР помош и му велеле на Сталин дека Југославија нјмалку 6 недели може да издржи во војна со Германија, а Сталин на тоа се насмеал и рекол: Во најдобар случај 2 недели. И капитулираа на 17 Април, после 11 дена војна.

Србите да беа паметни и организирани како народ ќе изиграа многу помудро во таа ситуација, како што играа Хрватите, Хрватите со секоја завојувана страна од таа војна имаа контакти и во секој исход да излезат како победници, и најмногу и профитираа Хрватите од лицемерната тактика, добија море од преку 600 километри, а се вклучија на сериозен начин против нацистичка Германија тек после Сталинградската битка во 1943. До 1943 колкав беше процентот на Хрвати во партизани?
Отиди денес во Хрватска, тие замисли слават ликови од НДХ, пример во датумите од 1941 кога низ Хрватска се организирала НДХ управа тие во денешно време тоа го слават. И какви се тие антифашисти со тоа? Во 90-тите низ Хрватска се урнати многу антифашистички споменици. Зошто?

Да виновни се и Србите, посебно тие кои организираа пуч на 27 Март 1941, знаеја дека следи сурова казна од Германија, и не организираа евакуација на Народна библиотека во Белград, изгореа многу стари книги и списи во таа библиотека.
Дури тие Симовиќ и останата екипа во очај неколку денови пред 6 Април 1941 на Хрватите им нудеа брдо и долини не само огромна автономија туку и да имаат Хрватите своја полиција, и идна независност. Оваа неспособност на Србите од 1941 денес ме потсетува на нашите политичари и двете водечки партии кои за фотелја и власт и држава ќе дадат на едно малцинство.

Инаку не, да опстоеше троен пакт, Југославија немаше да влегува во Грција ниту да асистира со војска.
Првичниот напад над Грција, Германија ќе го изведеше преку Бугарија, е подоцна можеби и ќе мораше да се дозволи премин на Германски трупи преку Југословенска територија на патот кон Грција.

Имав читано некаде, дека кнез Павле инсистирал кај Германците Југославија да не се користри како транзитна територија за Германски трупи, а ако мора да се користи во крајно неизбежни ситуации тогаш не смееле Германските војници да стапнат на почвата на Југословенска земја за време на транспортот, пример кога ќе поминувале вагони и возови со Германските војници тие да не смееле да се симнуваат од возовите и да стапнуваат на Југословенска територија. Сето ова го барал Павле бидејќи знаел за антигерманско расположение кај Српскиот народ и да не се провоцира Српскиот народ со Германска војска.

Најголемиот проблем при сето ова е секако тоа што тие возови со Германски војници би поминувале низ територија на денешна Србија а знаеме какво е антигерманско расположение кај Српскиот народ од првата светска војна.

Не го оправдувам потегот на кнез Павле за троен пакт, но сето тоа е изнуден потег, поради тоа што Павле знаел што ќе биде со Српскиот народ во војна со Германија, и се случи тоа, Србите беа брутално убивани од НДХ теророт.
Баш после пучот на 27 Март 1941, кога го уапсиле кнезот Павле, самиот кнез Павле рекол: Јадни Срби шта че бити са њима. Исходот го знаеме сите.

Инаку Шведска е синоним за демек неутрална држава во војната, а тоа што од Шведска со руди и ресурси е снабдувана нацистичка Германија нормално никому ништо за тоа.
Шведска за тоа и не беше казнета. Нормално тие не се Словени и не се казнети.
Шведска извозела и за сојузниците :)
Од ратни дејства, само помош во оружје и пилоти и авиони за Финска во време на инвазијата на СССР.
Без британското мешање, немаше никогаш да постои Македонија, прво како федерален дел а потоа како независна, каква таква држава.
Оние кои се сметаат за патриоти би требало да се замислат над тој факт.
Историјата понекогаш е многу чудна, и денес, гледано во hindsight, испаѓа дека Фицрој Меклин направил повеќе за Македонија него самиот Гоце Делчев :D
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.145
Поени од реакции
12.761
Што само изнапиша :) Ова е емотивен изблик повеќе отколку обид за дискусија и се работи за старата болест која е присутна еднемично по исток а тоа е Русофилијата како феномен.

Не можеш да го изедначиш нечинењето не нешто со активното учество во истото. Пример одиш по улица и некој џанак и мава бокс на некоја баба и зема новчаник и полека си оди потпевнувајќи нешто.
Тоа што ти си можел да интервенираш а не си го сторил тоа не те става во ист кош со џанакот. Од морално-етички аспект не е во ред што не си помогнал, но во никаков случај не си крив, разбираш?
Тоа ти е наједноставна аналогија за да сфатиш разликата меѓу западот и СССР 1922-1941, 16 од тие 19 години фашисти и комунисти се сојузници.

Знаеш што е Шнајдер-Крезо? Ако не знаеш види по гугл. После види зошто толку често се споменува тој поим во списоците оружје со кои располагала Репулбиката.
Имиња како Девоатен, Бреге, Потез, Марсел Блок се јавуваат сомнително често во списоците на авиони со кои се борела републиката. Не се кинески брендови него француски.
Знаеш дека минофрлачи, полски и брдски топови, хаубици, митралези на ангро влегувале во Шпанија од Франција на црно? За да се запази законот за неутралност, Франција правела фиктивни продажби (како на ловците Д.373) во трети земји кои после преку приватни фирми праќале авионите расклопени со бродови во Шпанија. Франција неколку пат целосно ја отварала граицата за да обкружени републикански сили се повлечат и регрупираат на нивна територија.
Да споменуваш ШГЃ а да не ти е ништо од ова познато, треба да си феномен. Но ти не си тоа, туку си русофил. А тоа е не чини, не можеш да направиш објективен осврт ради емоции.

Франција е прва која го призна СССР, ја признаа владата на Републиката во Шпанија и Леон Блум предложи закон по кој воено ќе се интервенира а кој закон бил повлечен поради сериозен британски притисок? Е сеа Леон Блум сигурно си напраил сметка, дали да остане близок со Британија или да праќа аскер во Шпанија. Одговорот го знаеме.

Улогата на Сталин во падот на Релубликата е малку позната ствар, имено од крајот на 1937, предосеќајќи веројатно дека ќе победат фашистиве, Сталин скоро целосно ја запира воената помош и ги враќа дома инструкторите и пилотите, за да се припреми пат за подоцнежен пакт со Германија.
Кобната улога на СССР во падот на Републиката ја имаш и кај Орвел, шпански борец, два пати рануван, во неговиот Омаж за Каталонија. Имаш таму и за гомнариите на НКВД и стрелања на 15 годишни дечки дека биле фашистички кодоши и многу срања.
Најкратко кажано, Сталин јако ги напали репулбликанциве 1936 и 1/3 од 1937 дека ќе имаат постојат дотур на воен материјал и после им го закачи онака, без лубрикант и ја поеба републиката.

Франција втора во светот (британската објава е прва за неколку часа разлика :D ) му објави војна на нацистичка Германија. И тоа во време кога, да потсетиме, Рајхот и СССР беа воени сојузници.
Да ставаш равенства помеѓу објава на војна поради Полска и од друга страна инвазија и окупација на истата таа Полска од страна на СССР не е на арно.

Значи објава на војна=инвазија?!
Дали си ти арен, вака надвор од темава да прашам? :)
Јас не сум му потпишал никаков документ на идиотот кој ја нападнал старицата со кој му дозволувам да ја нападне и да ја ограби. Велика Британија и Франција од друга страна го имаат потпишано црно на бело Минхенскиот договор, со кој им дозволуваат на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија да ја окупираат Судетската област од Чехословачка.

Сите негативни вистини кои ги спомна за Советскиот Сојуз не ја негираат одговорноста на Велика Британија и Франција за воениот и територијалниот раст на Нацистичка Германија помеѓу 1935 и 1939 година.

Доколку не си знаел, Советскиот Сојуз воопшто не бил ниту поканет на Версајската мировна конференција - бидејќи и онака немале што да бараат таму како држава која произлегла од распаѓањето на Руската Империја, која била тешко поразена во Првата Светска Војна - па затоа воопшто и не бил потписник на Версајскиот мировен договор.

Од друга страна, Велика Британија и Франција како држави победнички во Првата Светска Војна и како потписнички на Версајскиот договор, освен бенефитите кои истиот ги донел за нив, исто така прифатиле и обврски кои произлегле од истиот, вклучувајќи ја и можноста за воена интервенција против Германија почнувајќи со де-милитаризираната Рајнска област, а потоа и со Австрија доколку некогаш повторно влезе во било каков сојуз со Германија.

Чехословачка како држава потписничка на Версајскиот договор била под заштита на државите победнички - Велика Британија и Франција - кои ги гарантирале, или подобро кажано, требале да ги гарантираат независноста и самостојноста на Чехословачка.

Но историјата говори дека Британците и Франзуците не се занимавале нешто многу со нивните обврски кои произлегле од Версајскиот договор.

Советскиот Сојуз не бил потписник ниту на Версајскиот договор, ниту на Женевската Конвенција, поради што дипломатските потези на Јосиф Висарионович Сталин и на Вјачеслав Молотов во 1939 година се многу пооправдани во споредба со дипломатските потези на Велика Британија и Франција во 1938 и 1939 година.

Твојата приказна за граница на злото не држи вода на исток колку што држи вода на запад, бидејќи единственото нешто потребно за триумф на злото е добрите луѓе да не прават ништо - ако може империјалистички сили како Велика Британија и Франција да се набројат меѓу добрите луѓе.
 
Последно уредено:
T

Torchyrus

Гостин
Интересно, барем од тоа што сум видел до сега на форумов, најцивилизирана, најпоткрепена со факти, најквалитетна и најмирна конверзација има на темата за - најголемиот конфликт евер :icon_mrgr:
Потполно се согласувам со ова, мерак да му е на човек да ве чита (y)
Затоа и на @Beric Dondarrion во гурманско катче му реков дека е добредојден на ракија во секое време :)
Има доста муабет во него, како и во сите неколку души шо пишувате одлично и имате многу добри познавања од тематикава.
(y)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.515
Поени од реакции
85.018
Британија, СССР и САД, тоа се земјите кои ја победија војната.
Но, меѓу историчарите има една изрека која вели дека воено-политичката агресија на Хитлер, ја овозможија британско-француското удоволување, американската изолација и советската колаборација.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
582
Поени од реакции
1.363
Британија поради одвоеноста од Европско копно преживеа, морето нив ги спаси.
Инаку да беа споени со копно.....

Британија дебело ја зезна Српската кауза во Југославија, на наговор на Британците во 1939 кнез Павле прифати да се прилично исполнат барањата на Хрватите и да се направи бановина Хрватска и со тоа се и отвори патот на расформирање на Југославија подоцна после војната.
Британија го наговори Павле во 1939 година да им попушти на Хрватите и со тоа демек Хрватите немало да ја предадат Југословенската држава и војска во евентуална војна со нацистичка Германија. А штом се запука на 6 Април 1941 Хрватите веднаш напуштаа Југословенска војска, и дури и вршеа саботажи кај можеа, баш и Хрватски пилоти претходно избегаа од Југославија со мапи и карти кај Германците за овие што полесно да знаат каде да бомбардираат со штуките.
Британија ги пикна во војна во 5 до 12 тотално неспремни, но тоа е. Југославија во тоа време имаше војска банда без команда, каде се знаеше дека Хрватите, Муслиманите, Словенците нема да мрднат со прст во војна.

Гледај во 1999 Србите сами во војска издражаа 78 дена сурово НАТО бомбардирање, а во 1941 со пета колона во војска се знаеше дека брзо ќе изгубат.

Дури неколку денови пред 6 Април 1941 пучистите Бора Мирковиќ и Душан Симовиќ испратиле делагација во Москва и молеле од Сталин и СССР помош и му велеле на Сталин дека Југославија нјмалку 6 недели може да издржи во војна со Германија, а Сталин на тоа се насмеал и рекол: Во најдобар случај 2 недели. И капитулираа на 17 Април, после 11 дена војна.

Србите да беа паметни и организирани како народ ќе изиграа многу помудро во таа ситуација, како што играа Хрватите, Хрватите со секоја завојувана страна од таа војна имаа контакти и во секој исход да излезат како победници, и најмногу и профитираа Хрватите од лицемерната тактика, добија море од преку 600 километри, а се вклучија на сериозен начин против нацистичка Германија тек после Сталинградската битка во 1943. До 1943 колкав беше процентот на Хрвати во партизани?
Отиди денес во Хрватска, тие замисли слават ликови од НДХ, пример во датумите од 1941 кога низ Хрватска се организирала НДХ управа тие во денешно време тоа го слават. И какви се тие антифашисти со тоа? Во 90-тите низ Хрватска се урнати многу антифашистички споменици. Зошто?

Да виновни се и Србите, посебно тие кои организираа пуч на 27 Март 1941, знаеја дека следи сурова казна од Германија, и не организираа евакуација на Народна библиотека во Белград, изгореа многу стари книги и списи во таа библиотека.
Дури тие Симовиќ и останата екипа во очај неколку денови пред 6 Април 1941 на Хрватите им нудеа брдо и долини не само огромна автономија туку и да имаат Хрватите своја полиција, и идна независност. Оваа неспособност на Србите од 1941 денес ме потсетува на нашите политичари и двете водечки партии кои за фотелја и власт и држава ќе дадат на едно малцинство.

Инаку не, да опстоеше троен пакт, Југославија немаше да влегува во Грција ниту да асистира со војска.
Првичниот напад над Грција, Германија ќе го изведеше преку Бугарија, е подоцна можеби и ќе мораше да се дозволи премин на Германски трупи преку Југословенска територија на патот кон Грција.

Имав читано некаде, дека кнез Павле инсистирал кај Германците Југославија да не се користри како транзитна територија за Германски трупи, а ако мора да се користи во крајно неизбежни ситуации тогаш не смееле Германските војници да стапнат на почвата на Југословенска земја за време на транспортот, пример кога ќе поминувале вагони и возови со Германските војници тие да не смееле да се симнуваат од возовите и да стапнуваат на Југословенска територија. Сето ова го барал Павле бидејќи знаел за антигерманско расположение кај Српскиот народ и да не се провоцира Српскиот народ со Германска војска.

Најголемиот проблем при сето ова е секако тоа што тие возови со Германски војници би поминувале низ територија на денешна Србија а знаеме какво е антигерманско расположение кај Српскиот народ од првата светска војна.

Не го оправдувам потегот на кнез Павле за троен пакт, но сето тоа е изнуден потег, поради тоа што Павле знаел што ќе биде со Српскиот народ во војна со Германија, и се случи тоа, Србите беа брутално убивани од НДХ теророт.
Баш после пучот на 27 Март 1941, кога го уапсиле кнезот Павле, самиот кнез Павле рекол: Јадни Срби шта че бити са њима. Исходот го знаеме сите.

Инаку Шведска е синоним за демек неутрална држава во војната, а тоа што од Шведска со руди и ресурси е снабдувана нацистичка Германија нормално никому ништо за тоа.
Шведска за тоа и не беше казнета. Нормално тие не се Словени и не се казнети.
Се е јасно после фактот. Но мали работи можеби имаат последици кои менуваат се.
Еве алтернативна историја.
Меѓу другото, во преговорите помеѓу Југославија и Германија се разговарало за анектирање / пристап на Солун. Тоа би значело цела Вардарска долина во Југославија а можеби и повеќе.
Нема априлска војна. Нема усташки колења. После војната државата се демократизира и обединува со Бугарија со што е вистинска држава на јужните Словени. Вакви работи речиси успеа во триесетите, читајте за покретот Звено во Бугарија и интегрално југословенство.
Македонците се признати како посебни, ни Срби ни Бугари .
Операција Барбароса почнува почеток на Мај,Германците се во Москва октомври 1941. Сад не се меша, Британија потпишува мир за да ја зачува својата империја.
Бугарите ја земаат Тракија, Југославија егејска, Епир е влашки италијански протекторат. Грција е сведена на Пелопонез и Атика со силна автономија на Арванитите ( под италијанска заштита).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom