Не го разбираш хајпот зашто ја гледаш сега, 2020, Лост сама по себе е најуникатната серија која го поременти целиот интернет како ниедна серија до сега, најблиску до неа беше ГОТ, ама кој гледаше лост епизода по епизода како излага серијата може многу лесно да ја повлече паралелата и со ГОТ, и нема равна и тоа е факт.
Целиот интернет свет беше едно после секоја епизода што до тогаш беше невидено, 200 блогови имаше кои стварно вредеа да се посетуваат, луѓе стварно се трудеа редовно да ги ажурираат и да ги полнат со квалитетна содржина (морам да го посочам и македонскиот блог на лостич, кој го памти знае за што зборам), 20 форуми, ебаната lostpedia, стандард после секоја епизода се изместуваше нетот, до најситен детал се анализираа сите епизоди, теориите беа прича за себе, доста уникатен период да се живее беше тоа кога е у прашање една тв серија. ГОТ беше по книги праена, лесно се спојлнуваа луѓе, не беше тоа тоа, никад нема да биде тоа тоа.
Лост искуството беше 40 минути епизода, и уште 3 саати читање содржини на нет за истата.
Контрадикторно звучи али тоа и ја усра серијата зашто беа пробиени па импровизираа, плус ги поеба и штрајкот со сценаристите, може боље беше ко 24 да паузираат цела година а не да кратат сезони и дополнително да тераат со импровизации.
Али што е тука е, од тој аспект лост засекогаш ќе остане број 1, има многу бољи серии ама таквo интернет обединување ко што праеше лост никад нема да има, хајп за секоја епизода, од 20 букмаркс,19 за лост ми беа, а и да, денешниве генерации никад нема да знаат каква неизвесност владееше кога симнуваш епизода од emule и се молиш да не е подметната порка, а и ако веќе е порка се молиш да не е бар геј порка.
Него зашо дојдов на темава, DEFENDING JACOB, мој совет за серијава, чекајте ја цела да искочи ( има уште 2 епизоди ), преспора е, преразвлечена е, серија која можеше комотно да трае 4 епизоди, максимум 5, ебано фрустрирачко спора серија мајката да и ја изнаебам.