- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.081
- Поени од реакции
- 6.569
Ти немаш никакво правно задолжение да го бркаш џанакот, може да ти извади нож, може влечка боксер ил чак утока, не знаеш. Но џанакот (СССР)Јас не сум му потпишал никаков документ на идиотот кој ја нападнал старицата со кој му дозволувам да ја нападне и да ја ограби. Велика Британија и Франција од друга страна го имаат потпишано црно на бело Минхенскиот договор, со кој им дозволуваат на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија да ја окупираат Судетската област од Чехословачка.
Сите негативни вистини кои ги спомна за Советскиот Сојуз не ја негираат одговорноста на Велика Британија и Франција за воениот и територијалниот раст на Нацистичка Германија помеѓу 1935 и 1939 година.
Доколку не си знаел, Советскиот Сојуз воопшто не бил ниту поканет на Версајската мировна конференција - бидејќи и онака немале што да бараат таму како држава која произлегла од распаѓањето на Руската Империја, која била тешко поразена во Првата Светска Војна - па затоа воопшто и не бил потписник на Версајскиот мировен договор.
Од друга страна, Велика Британија и Франција како држави победнички во Првата Светска Војна и како потписнички на Версајскиот договор, освен бенефитите кои истиот ги донел за нив, исто така прифатиле и обврски кои произлегле од истиот, вклучувајќи ја и можноста за воена интервенција против Германија почнувајќи со де-милитаризираната Рајнска област, а потоа и со Австрија доколку некогаш повторно влезе во било каков сојуз со Германија.
Чехословачка како држава потписничка на Версајскиот договор била под заштита на државите победнички - Велика Британија и Франција - кои ги гарантирале, или подобро кажано, требале да ги гарантираат независноста и самостојноста на Чехословачка.
Но историјата говори дека Британците и Франзуците не се занимавале нешто многу со нивните обврски кои произлегле од Версајскиот договор.
Советскиот Сојуз не бил потписник ниту на Версајскиот договор, ниту на Женевската Конвенција, поради што дипломатските потези на Јосиф Висарионович Сталин и на Вјачеслав Молотов во 1939 година се многу пооправдани во споредба со дипломатските потези на Велика Британија и Франција во 1938 и 1939 година.
Твојата приказна за граница на злото не држи вода на исток колку што држи вода на запад, бидејќи единственото нешто потребно за триумф на злото е добрите луѓе да не прават ништо - ако може империјалистички сили како Велика Британија и Франција да се набројат меѓу добрите луѓе.

Тоа што СССР не бил потписник на цивилизациските текови од кои произлегле Женевска конвенција кажува многу

Значи потезите на СССР при агресијата на Полска од нивна страна, се пооправдани од Минхенскиот договор, за кој, многумина погрешно мислат дека на тацна била ставена Чехословачка. Не, договорот се однесувал на Судетенланд, дел од ЧСР кој биднал анектиран од Германија. Тоа е во Сеп.1938
Инвазијата и целосното окупирање на Чешка е во Март 1939 кога чесите се предале без испукан куршум, а Словачка веднаш прогласиле независност со нивниот пандан на Анте Павелиќ = Емил Хаха (знам, заебано презиме

Значи чесите не сакале и самите да пролеат макар една капка крв, а очекувале некој од Дижон или од Хадерсфилд га гине за нивна сметка? Ма немој. Што ако МИ-5-6 и ДБ (Дисјем Биро) имале инфо дека Чесите нема да се борат а Словаците ќе киднат па секој воен судир ќе биде на сметка на Британија и Франција без учество на воените сили на ЧСР?
Треба и да се има контекст на ситуацијата. Имено, фактот дека ЧСР не сакале да се борат за својата си домовина на прво место.
ЧСР имала огромна, одлично и модерно опремена армија и мини-мажино линија. Нивната авијација била прилично бројна и би можела да направи проблеми на Рајхот.
Малку се знае дека во поделбата на ЧСР учесвувала и Полска во 1939 окупирала Тешинска област со тенкови и све по списку, и таму чесите не испукале ниту еден куршум.
Британија и Франција немаат некоја голема одговорност бидејќи тие објавија војна на Рајхот поради Полска па ликот од Дижон и оној од Хадерсфилд требало да гинат за Полска. И така и биднало. А ако пољаците (и самите окупатори на дел од ЧСР) очекувале масовен напад на западен фронт за бидат спасени нивните идиотски генерали тоа е сулудо и несериозно во најмала рака.
Неприфаќање на бранењето зад Одра поради "полска земја не се дава никому" заедно со блиц-погроми на германцска мањина во Полска, мех, но сепак првиот капиталец, носачот Корејџс од 28К тони е потопен на денот кога СССР влегува во војна со 1000+ мртви, како што кажав, војната на море и воздух се многу реални на запад. Колку можеле толку и направиле.
Истовремено, има фотки на кои немачки и советски војници си даваат букети (?!) се церекаат, се гушкаат, некаква бизарна хомоеротска ситуација на линијата која споразумно ја поделиле Полска.
Значи нечинење нешто и активно чинење зло не е едно те исто, колку тоа и да боли кај русофилската популација.
Ако направиме листа на најнегативните земји во ЊЊ-2 тоа се 1.Рајхот 2.Јапан 3.НДХ 4.СССР итн.
Автоматски споено мислење:
Да, но во никој случај во иста реченица не треба да стои удоволувањето и отвореното воено сојузништво на Рајхот и СССР. Да не заборавиме дека покрај Полска, СССР изврши агресија над Естонија, Латвија, Литванија, Тува (централна Азија), Романија, Финска, значи во 1939 и 1940 бројот на земји нападнати од страна на Рајхот е исти со оној од страна на СССР.Британија, СССР и САД, тоа се земјите кои ја победија војната.
Но, меѓу историчарите има една изрека која вели дека воено-политичката агресија на Хитлер, ја овозможија британско-француското удоволување, американската изолација и советската колаборација.
Автоматски споено мислење:
Имаше и еден лик со никнејм Лет 3 и фотка од Менсон ама неам видено одамна да постирал, тој беше американофил, како што овој Декстер е русофил и тврдеше дека ленд-лис била причината за победата на исток, многу сомнително тврдењеПотполно се согласувам со ова, мерак да му е на човек да ве чита
Затоа и на @Beric Dondarrion во гурманско катче му реков дека е добредојден на ракија во секое време
Има доста муабет во него, како и во сите неколку души шо пишувате одлично и имате многу добри познавања од тематикава.
![]()

Последно уредено: