- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.081
- Поени од реакции
- 6.569
Да, напоменав во постот дека е дел од постојаната поставка во ООН, сеуште и ден денесВо голема мера ова што го кажуваш е вистина, но, не сум убеден дека до толку влијаело во поделбата на колачот, тоа кој е православен или Словен, а кој не е. Можеби влијаело, но сигурно не повеќе, на пример, од географијата. На пример, Унгарците не се Словени, екстремни католици се, се дел, да кажам, од благородничката европска традиција, беа една од владеачките половини на Австро-унгарија, а останаа зад завесата.
Понашањето на Британија не е непознато. Нивното влијание во Југославија, ја внесе во војна. Но, со тоа можеби историски ја постави на вистинската страна во конфликтот. Нешто кое, за време и после војната, се покажа дека многу придонесе, прво земјата да биде единствена во Европа која сама се ослободила од окупаторот (влезот и излезот на Советите не го рачунам). Не викам никако дека сами ги победивме Германците, ама никој не не ослободи. Цела окупирана Европа беше ослободена или од советски, или од западни сили, Југославија - не. Сето тоа придонесе и за уникатен развој после војната, надвор од едниот или другиот блок, нешто кое малкумина го можеа, а и создавање на сопствен блок, не толку многу базиран на воена соработка и поврзаност, колку другите два.
Да не беше превратот, Југославија веројатно со Бугарија и Албанија ќе асистираше во Грција, против Британците.
Војната (да речеме) непланирана во Југославија и Грција, ја одложи Барбароса и според јавниот наратив, придонесе за неуспехот на Барбароса. Но, ова се повеќе се покажува како еден од митовите за оваа војна и се повеќе налетувам на инфорации дека всушност немало да има никакво поголемо влијание врз исходот. Поголемо влијание врз Војната имало врзувањето на дивизиите во Југославија и на Балканот, заради партизанските движења.
Инаку за Британците и нивните постапки, никој не е зачуден. Имаат они такви испади, кај што суровата практичност бара гушење на хуманоста (гладот у Индија, на пример). Но, треба да се види поголемата слика, околу ова нивно мешање во Југославија. Тој период, работите стојат вака:
Хитлер ги згази сите. Тие што не ги згази, прејдоа од негова или се неутрални: ама со страв (имал и план да ја освои и Швајцарија), или пак само на хартија (Шведска, Шпанија...). Најбитно, го уби у појам својот најголем противник - Франција. Значи буквално цела Европа е освоена од непријателот на Британија. Британија е единствената земја на планетата која се бори против Хитлер, кој буквално, има цел континент зад себе. Советскиот Сојуз, во заднина, го снабдува хитлеровиот воен виор, штедро, со огромни количества суровини. Парадоксално, Германците никогаш не успеаја да извадат суровини, пред се мислам на нафта, подоцна, од огромните окупирани пространства на СССР, во поголем обем, одошто добиваа од самите Совети, преку договорот, пред да ги нападнат.
Америка е бастион на изолационизмот (влегувањето во војната на земјата, тогаш, го одобрувал помал процент на Американци, отколку било која војна, од Кореа до Ирак и Афганистан). Плус, у тој момент Америка, надвор од економскиот потенцијал, има помала војска од Бугарија.
Јапан се заканува над далекуисточните поседи.
Буквално Британија е сама, со своите сегашни и бивши колонии, против, ај да речеме, скоро цел свет. И Грција.
Грција и е на Британија последниот сојузник во Европа, а може да се каже и воопшто. Павле ја носи Југославија кај Бугарија, Унгарија, Романија...
Оттука некако е разбирлив тој потег на Британците, во тие ужасно тешки моменти за нив.
Автоматски споено мислење:
Веќе не смеат никако во тој darkest hour да изгубат влијание, територија и сл. Грчевито се борат.
Автоматски споено мислење:
Оваа слика треба тука да биде. Пред да го обесат.
![]()
сликава стоела на влезот во ООН во Њу Јорк, не знам дали сеуште
Автоматски споено мислење:
Стаљин и Хитлер и нивниот однос со генералите
Тие се движат во обратни насоки, на таа тема. Хитлер ја почнува војната со поголема доверба во генералите, па како што тече војната таа преоѓа во хронична недоверба, хранета од зголемена самодоверба и месијанска убеденост. Стаљин пак се движи низ војнава во обратна насока.
Тоа дека само Жуков смеел да не се согласува и да му пркоси, е вистина.
Има еден виц за тоа. Излегува Жуков од кај Стаљин и видно изнервиран, си мрмори у брада: - Ах тие злосторнички мустаќи!
Го слушнала секретарката Људмила, крај која поминал и веднаш откако заминал, влегла кај Стаљин и му кажала што чула. Стаљин само трепнал со око и Жуков веќе го вратиле во канцеларија назад.
- Дали ти другар Жуков си го рекол ова? - го прашал Стаљин.
- Секако.
- На кого мислеше?
- Како на кого, па на Хитлер. На кој друг злосторник би мислел?
- На Хитлер. - па и се свртил на Људмила: - А вие другарке Људмила на кого мислевте?
Ова не е баш така. Ова е еден од митовите за Втора Светска Војна. Значи не е нешто што е целосно неточно туку е пренапумпано.
Ќе се обидам да ти објаснам зошто и зошто ти мислиш вака, само ќе ми треба еден поголем пост.

Интересно е што бил заробен од четници и предаден на Гестапо при крај на 1941 или почеток на 1942 не знам како беше, после што следело тешко изживување врз него.
Толку од причите за четниците како наводни антифашисти...
Прв кој се осмелил да се супротстави на Стаљин бил Ворошилов, министерот за одбрана, и тоа било неочекувано пошто во други околности бил куче на Стаљин

А за Југославија и Грција, којзнае, ако Барбароса започнеше едно 40 дена порано...what if.