Па од наравот на нашиот некултурен народ, кој не е доволно свесен дека треба сам да се изолира и социјално да се дистанцира, верува дека вирусот не постои и се е заговор на Кина, Америка и Русија. Народот кој наместо да се изолира, си продолжува со дружбите, по дома или во парк, небитно.
Џабе не споредувате со другите држави. Ние сме неколку години поназад, а владата познавајќи го својот народ перфектно, беше приморана да ги превземи мерките такви какви што беа.
И успеавме, колку толку ставивме контрола над болеста, но не е сеуште готово. Посебно не со по 29 болни на ден од смешен број на тестови направени на дневно ниво. Џабе толку издржавме, за на крај се да упропастиме.