Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

C

CoolIris

Гостин
Во врска со ефикасноста на карантинот, најдобар пример е Русија. Тие беа до 1 мај во тотален карантин, месец и нешто како што кажа @chef_cook , па ете сега имаат 100 000+ случаи. Зошто? Нели беше ефикасен карантинот?
И тука ти е одлична поентата. Македонија и Русија скоро по менталитет се тука некаде. Значи дека и ние допрва ќе ги чувствуваме последиците од карантинот.

Од друга страна ја имаш Германија и Словенија, каде без да има карантин населението беше крајно совесно и одговорно кога станува збор за социјална дистанца.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
@CoolIris @Marquess џабе се расправате, ќе се разбуди газдата од втори и ќе ги избриши мислењата, воедно и ќе подели некој бан ако го фатите на лева нога :D
муабето ми е, тука генерално и се оставаат постови со ширења паники, леле сите ќе умриме и крај на светот муабети од луѓе шо приоритет им е „сејте си дома оти сите ќе умриме“. Така да слободното право на изразување го има додека не му скурчите или не отсапите преногу од нивното сфаќање и поимање на нештата...

Оптимист сум и сакам да не сум во право, ама истовремено се трудам да бидам и реалист, барем колку можам. Иако брзо реагиравме и навремено беа превземани драстични мерки за разлика од другите држави, нешто ми вика дека нема да бидат малку. Не ми е за верба, кога една Италија и Кина не можеа да се справат.
Ете ако си оптимист и реалист, дали сите испоумревме од времето кога го имаш напишано ова до денес - со оглед на тоа дека спроведувањето на мерките и почитувањето на истите е жива катастрофа?

потпрашање: Дали не се осеќаш како корисен идиот кога од влада ќе ти речат „Ти седи дома ама ние ќе шетаме во странство, за нас не важи карантин + ќе те извадиме на избори за да ти се помочаме на трудот (извини на израз) што цело ова време си седела дома?

Плавуша не сум, ама сум многу бесна бринета, ако некој ме иритира и нервира. Судејќи по наравот на народот, не верувам дека некој од таму би бил супер кул, мирен и релаксиран покрај мене.
Ете не замина во Египет на одмор, а и таму гледам нема некој како тебе релаксиран и мирен (пошто нели се знаеш па и тоа) и притоа иако година дена те нема активна на форум сепак наоѓаш за сходно во кризава да почниш повторно да пишуваш и секој втор пост да ти е „леле сите ќе умреме, седите дома“ муабет.
И како короната и кризава влијае на тебе?
Освен што во темата за економските последици рече дека многу не се разбираш од економија и за тоа не би коментирала, ајде тие последици ќе ги тргниме на страна и засега ќе се правиме на тошо, што да правиме со писхичките последици? ЕТЕ и за тоа имаш тема ама наместо таму тука пишуваш често со црни сценарија. Зошто, за почеток, не почниш да гледаш позитивно на работите па тој оптимистот во тебе што го заговараш да го пуштиш малку да исплива на површина?

И пред да се избрзаш и мене да ме нападниш или скраја да ми замешаш фамилија во муабетот (на што немаш никакво право и се чудам зошто тоа го направи со членот погоре), дали може најсмирено да си признаеш барем себе си дека малку отповеќе паничиш?
Можеби е карактерна особина, можеби е заради тоа што си осамена или несфатена или КОЈА и да е причината (твоја лична), но како мислиш дека тоа прво влијае врз тебе, а потоа и каков впечаток оставаш со твоите постови тука во однос на кризата од која сите сме дел?
Зарем луѓе како Маркез и сите други членови кои не се согласуваме за начинот на спроведување на „мерките“ не ги почитуваат истите? Во истата каша сме. Сакале или не мора да се придржуваме кон нешто што го налагаат институциите.
Но, во крајна мера, кога ќе видиш дека и покрај таквите мерки има еден куп луѓе кои не ги спроведуваат (снимката со полицијата до некаде го докажува тоа и со отворените дуќани на сред пандемија во тетово чинам беше) и редум наназад цело ова време имаше групи на луѓе кои воопшто не се грижеа за јавното здравје па ете епидемијата не не покоси. Мислам дека си медицинско лице, па оттаму треба и самата да знаеш дека ако беше баш вака како што тврдиш ти цело време (при вакво неспроведување на мерки) ние би имале случаи и бројќи бетер од италија - а еве веќе скоро два месеци се потврдува дека НЕ е така.

Нема да навлегувам во подетални дискусии и разглабања со тебе што и како и ниту имам против тебе нешто лично, но еве твојот пост и твоето понашање го зедов како пример за ширење паника - и тоа неосновано бидејќи дури и да е се' како што тврдиш ти еве ИМАМЕ мерки и СЕПАК тие ќоро-слепо се спроведуваат некако и ајде пак според твоето мислење има бенефит од нив. Значи, потребата од паника во овој случај е илузорна и може само да штети на твоето психофизичко здравје и да биди поттик за секој еден хипохондрик што ќе отвори форум да прочита и следствено на тоа да мисли дека утре е крај на свет.

Не е крај на свет. Сите ќе бидиме добро. Олабајте малце и гледајте позитивно на работите.
Надвор е сонце, уживајте во денот.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Абе уште не испоумревме, не ни се деси колапс на здравствениот систем еве чекам веќе два месеци а ние ниту половина од здравствените капацитети не сме ги исполниле... а гледам и Шведска и Белорусија идат даље, а според прогнозите на стручњациве на форум требаше пола народ од овие две држави да рикне, а уште кога ке видам дека уште се овде расправате за носење маски жал ме фаќа.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.096
Поени од реакции
11.487

Иде втор бран! Затоа избори измеѓу!
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Иде втор бран! Затоа избори измеѓу!
Втор бран по мене кога ке ја израчунаме сметката и ке видиме колку не кошта оваа пиздарија, е тогаш ма да ни бидат малку две очи за плакање.
 
C

CoolIris

Гостин
@CoolIris @Marquess џабе се расправате, ќе се разбуди газдата од втори и ќе ги избриши мислењата, воедно и ќе подели некој бан ако го фатите на лева нога :D
Види Крстев, јас не се расправам, јас го искажувам моето мислење, јасно и гласно, без да навредувам и да употребувам зборови од типот мрш и други поими што не постојат во мојот речник.

Ете ако си оптимист и реалист, дали сите испоумревме од времето кога го имаш напишано ова до денес - со оглед на тоа дека спроведувањето на мерките и почитувањето на истите е жива катастрофа?

потпрашање: Дали не се осеќаш како корисен идиот кога од влада ќе ти речат „Ти седи дома ама ние ќе шетаме во странство, за нас не важи карантин + ќе те извадиме на избори за да ти се помочаме на трудот (извини на израз) што цело ова време си седела дома?
Многу неубаво од твоја страна што ми ги копаш мислењата од пред некој месец. Конкретното мислење беше напишано за намалениот број на заразени кои ги имавме, благодарение на мерките од карантинот. Какви такви, колку - толку, мерките влодија со плод. Впрочем, уште тогаш сум погодила дека нема да бидат малку! Разлабавивме мерки за први мај, скараџиите ништо не ги спречи да прават скара и да се веселат, па последователно на тоа бројките почнаа да растат. Не, не се намалуваат! Не залажуваат со малиот број на тестови, ни ги мачкаат очите, се со цел да има брзи избори. И не треба да знаеш многу математика за пресметаш процент на заразеност во однос на направениот број на тестирања. Процентот е константо ист. Ист како пред еден месец, кога беше пикот на болеста.

Ете не замина во Египет на одмор, а и таму гледам нема некој како тебе релаксиран и мирен (пошто нели се знаеш па и тоа) и притоа иако година дена те нема активна на форум сепак наоѓаш за сходно во кризава да почниш повторно да пишуваш и секој втор пост да ти е „леле сите ќе умреме, седите дома“ муабет.
И како короната и кризава влијае на тебе?
Прво, ова цитирање најмалку има поврзаност со тоа сеа што го зборуваш.

Друго, како ти си земаш за право да ја коментираш мојата активност на форумот? Ако јас не пишувам мислења константно на форумот, не значи дека не го читам истиот и не ги следам случувањата. Знам доволно, за да знам кога и со кого треба да се впуштам во дискусија.

Трето, каде тоа секој втор пост мене ми е, седете дома сите ќе умреме, м? Конкретен цитат, ќе те молам, пошто гледам дека одлично си ги изанализирал сите мои постови на форумот. Како ПР да си ми.....мала шала :)

Освен што во темата за економските последици рече дека многу не се разбираш од економија и за тоа не би коментирала, ајде тие последици ќе ги тргниме на страна и засега ќе се правиме на тошо, што да правиме со писхичките последици? ЕТЕ и за тоа имаш тема ама наместо таму тука пишуваш често со црни сценарија. Зошто, за почеток, не почниш да гледаш позитивно на работите па тој оптимистот во тебе што го заговараш да го пуштиш малку да исплива на површина?
Тоа што не го разбирам, не го коментирам. Ама и не треба да бидам некој економист за да сфатам дека после вирусов, народот ќе падне во таква криза, што нема да има простор да се луксузира со секојдневно пиење кафе во омилениот кафич. Со преполовени капацитети во кафичи и ресторани, со поскапена храна и пијалоци, со секојдневно растење на бројката на заразени, кој ќе си дозволи да иде на вакви места и дали угостителите ќе имаат корист? Сами ќе почнат да затварааат. Затоа, не ли сметаш дека е попаметно да се бара финансиска помош од државата, а не разлабавување на мерките преку ноќ, како што прават други држави? Нели бевте против препишувањето мерки од Србија, зошто сега магично Вучиќ го гледате како бог?

И пред да се избрзаш и мене да ме нападниш или скраја да ми замешаш фамилија во муабетот (на што немаш никакво право и се чудам зошто тоа го направи со членот погоре), дали може најсмирено да си признаеш барем себе си дека малку отповеќе паничиш?
Можеби е карактерна особина, можеби е заради тоа што си осамена или несфатена или КОЈА и да е причината (твоја лична), но како мислиш дека тоа прво влијае врз тебе, а потоа и каков впечаток оставаш со твоите постови тука во однос на кризата од која сите сме дел?
Зарем луѓе како Маркез и сите други членови кои не се согласуваме за начинот на спроведување на „мерките“ не ги почитуваат истите? Во истата каша сме. Сакале или не мора да се придржуваме кон нешто што го налагаат институциите.
Но, во крајна мера, кога ќе видиш дека и покрај таквите мерки има еден куп луѓе кои не ги спроведуваат (снимката со полицијата до некаде го докажува тоа и со отворените дуќани на сред пандемија во тетово чинам беше) и редум наназад цело ова време имаше групи на луѓе кои воопшто не се грижеа за јавното здравје па ете епидемијата не не покоси. Мислам дека си медицинско лице, па оттаму треба и самата да знаеш дека ако беше баш вака како што тврдиш ти цело време (при вакво неспроведување на мерки) ние би имале случаи и бројќи бетер од италија - а еве веќе скоро два месеци се потврдува дека НЕ е така.
Стварно не е фер по машка линија да си го браниш пријателот форумџија. Ако беше малку реален, ќе увидеше дека јас никаде не употребив погрден збор, ниту пак бев вулгарна, а и не замешав никаква фамилија, се до моментот додека не бев нападната со недолични поими за дискусија.

Цивилизирана сум, знам како се дискутира, ама не дозволувам некој да комуницира на таков начин со мене.

Личните причини за мојот став се целосно лични. Ниту сум сама, ниту сум осамена, ниту пак испаничена. Моите постови не се со намера да шират паника меѓу народот, туку ги изразуваат моите ставови и мислења врз основа на тоа што ни се случува во државата.

Бројките не се како во Италија, затоа што два месеци бевме затворени дома. Колку - толку, вродија со плод и резултат. А со првото разлабавување, бројките почнаа да растат. И сега ако пресметаш и споредиш со Италија (која има неколку пати поголем број на население од Македонија), ќе забележиш дека не сме многу далеку. И допрва ќе растат бројките ако се спроведат избори.

Сум за животот да продолжи, сум за разлабавување на мерките, но тогаш кога ќе има простор за тоа.
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Баш заради се што напиша, државата заслужува да бидеш гневен на неа. Се сложувам дека ова не се личи, освен на држава. Апсурдно е на секојдневно растење на новозатворените да помислуваш на било какво разлабавување на мерките. Тоа никаде во светот го нема.

Избори ќе има, а набргу потоа ќе има и втор бан и црно ни се пишува. Ако сега имавме среќа и успешно се носевме со бројките, следниот пат нема да биде така.

Наместо да учиме од грешките на другите земји, ние правиме уште поголеми.

П.С. цел пост ти го прочитав. Као киша око Крагујевац. Со две просто проширени реченици можеше да кажиш све. Не мораше толку да се замараш :D.
Од каде си сигурна дека ќе има втор бран? Зошто мислиш дека ќе биди поопасен? Зошто се претпоставува дека ќе биди во септември октомври, а не пример јули?
Разлабавување на мерките кај нас мора да има заради тоа што не функционораа и не донесоа никаков резултат. Плус тоа што беа/се селективни. Ако имаш близок во полиција, никоја забрана не важи за тебе. Не можи за едни да фрчат казни, други да си го ладат во полициски час.
А за долгиот пост ме изритираа тие 5-6 извичници после "знам" :)
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.855
И сега што да прајме? Со маски дури да умриме да шетаме? Абе настинат човек немам видено, сите здрави, прави сосила ги разболувате луѓето се гушат во жештините за куровоздравје, оти ви наредија така тие што ви дадоа да си играте држава...

сзо.jpg
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Јас сеуште мислам дека СЗО се неспособни дебили, нивните објави воопшто не треба да се објавуваат на телевизија, бидејќи несодржат ништо корисно, освем паники.

Словенија стана првата европска земја која прогласи победа во борбата против епидемијата на опасниот коронавирус.

Словенечките власти во текот на вчерашниот ден и официјално соопштија дека повеќе нема епидемија на Ковид-19 во нивната земја. Објавата доаѓа откако во оваа земја во последните две седмици беа регистрирани помалку од 7 случаи на заразата дневно.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
И сега што да прајме? Со маски дури да умриме да шетаме? Абе настинат човек немам видено, сите здрави, прави сосила ги разболувате луѓето се гушат во жештините за куровоздравје, оти ви наредија така тие што ви дадоа да си играте држава...

Прегледај го приврзокот 251296
Права Drama queen си, Заптијо. :icon_lol:

Колку што изгинаа од досада, толку ќе изумрат и од маски носење. Ниеден.

Од друга страна безмалку 100 луѓе починаа од ~2000 заразени. Оди нив објасни им колку ти е тебе тешко дека со маска треба да шеташ.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.855
Права Drama queen си, Заптијо. :icon_lol:

Колку што изгинаа од досада, толку ќе изумрат и од маски носење. Ниеден.

Од друга страна безмалку 100 луѓе починаа од ~2000 заразени. Оди нив објасни им колку ти е тебе тешко дека со маска треба да шеташ.
Eве вака прво ќе го опишам мојот случај. - Како можам јас со мојата работа да издржам нон стоп со маска покрај фурна од 8 квадрати, 2 метри висока со четири реда и со температура од 240°C???

Ај да го видам некој друг на таква работа дали ќе носи маска???
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Во врска со тезата дека вирусов ќе изчезни во летните денови, заради топлото време, се думав кај има сега во моментов топло време како кај нас во лето и ми текна на Аризона. Температурата во април таму е од 16 - 30 C степени и прилично суво, значи лоши услови за вирусов.

Аризона има 12.000 болни со 600 и кусурот умерни и не запира епидемијата, така да се сомневам дека ќе запри вирусов во лето.

Освен ако не мутура во доволно безопасна верзија како што вели Ана Глигиќ, мислам дека не е во право дека ќе го снема вирусот заради топлото време.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.096
Поени од реакции
11.487
Во врска со тезата дека вирусов ќе изчезни во летните денови, заради топлото време, се думав кај има сега во моментов топло време како кај нас во лето и ми текна на Аризона. Температурата во април таму е од 16 - 30 C степени и прилично суво, значи ложи услови за вирусов.

Аризона има 12.000 болни со 600 и кусурот умерни и не запира епидемијата, така да се сомневам дека ќе запри вирусов во лето.

Освен ако не мутура во доволно безопасна верзија како што вели Ана Глигиќ, мислам дека не е во право дека ќе го снема вирусот заради топлото време.
Слабо пратиш вести. Вирусот исчезнува само кога има избори
 
C

CoolIris

Гостин
Од каде си сигурна дека ќе има втор бран? Зошто мислиш дека ќе биди поопасен? Зошто се претпоставува дека ќе биди во септември октомври, а не пример јули?
Разлабавување на мерките кај нас мора да има заради тоа што не функционораа и не донесоа никаков резултат. Плус тоа што беа/се селективни. Ако имаш близок во полиција, никоја забрана не важи за тебе. Не можи за едни да фрчат казни, други да си го ладат во полициски час.
А за долгиот пост ме изритираа тие 5-6 извичници после "знам" :)
Па од наравот на нашиот некултурен народ, кој не е доволно свесен дека треба сам да се изолира и социјално да се дистанцира, верува дека вирусот не постои и се е заговор на Кина, Америка и Русија. Народот кој наместо да се изолира, си продолжува со дружбите, по дома или во парк, небитно.
Џабе не споредувате со другите држави. Ние сме неколку години поназад, а владата познавајќи го својот народ перфектно, беше приморана да ги превземи мерките такви какви што беа.
И успеавме, колку толку ставивме контрола над болеста, но не е сеуште готово. Посебно не со по 29 болни на ден од смешен број на тестови направени на дневно ниво. Џабе толку издржавме, за на крај се да упропастиме.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Сега ме известија дека имаме болни во поширока фамилија. Фамилијата на прва брстучетка се болни веќе месец дена. Бидејќи она е годиште на мајка ми, не сме многу блиски и дури сега дознаваме. Мажот и и внуката се позитивни, а братучетка ми е негативна. Она има неколку хронични болести, дел од нив јако живото загрозувачки, ама има психа јака, се бори ко лав. На крај само она негативна. Маж и месец дена води битка со сумамеди и парацетамоли, се чини дека е при крај со заздравување. Внуката само со полесни симптоми.

Вирусот го добиле на погреб на член од нивна страна на фамилијата. Умрел човекот откако по неколку дена развил најтешки симптоми. Посмртно дијагностициран со корона. Он го донел вирусот од болница, каде што жена му неколку дена претходно умрела од рак, а он одел во посета. Ги тестирале сите кои биле на погребот, над половина позитивни.

Значи традиционално болнициве се најголем извор на заразата...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom