@CoolIris @Marquess џабе се расправате, ќе се разбуди газдата од втори и ќе ги избриши мислењата, воедно и ќе подели некој бан ако го фатите на лева нога
Види Крстев, јас не се расправам, јас го искажувам моето мислење, јасно и гласно, без да навредувам и да употребувам зборови од типот мрш и други поими што не постојат во мојот речник.
Ете ако си оптимист и реалист, дали сите испоумревме од времето кога го имаш напишано ова до денес - со оглед на тоа дека спроведувањето на мерките и почитувањето на истите е жива катастрофа?
потпрашање: Дали не се осеќаш како корисен идиот кога од влада ќе ти речат „Ти седи дома ама ние ќе шетаме во странство, за нас не важи карантин + ќе те извадиме на избори за да ти се помочаме на трудот (извини на израз) што цело ова време си седела дома?
Многу неубаво од твоја страна што ми ги копаш мислењата од пред некој месец. Конкретното мислење беше напишано за намалениот број на заразени кои ги имавме, благодарение на мерките од карантинот. Какви такви, колку - толку, мерките влодија со плод. Впрочем, уште тогаш сум погодила дека нема да бидат малку! Разлабавивме мерки за први мај, скараџиите ништо не ги спречи да прават скара и да се веселат, па последователно на тоа бројките почнаа да растат. Не, не се намалуваат! Не залажуваат со малиот број на тестови, ни ги мачкаат очите, се со цел да има брзи избори. И не треба да знаеш многу математика за пресметаш процент на заразеност во однос на направениот број на тестирања. Процентот е константо ист. Ист како пред еден месец, кога беше пикот на болеста.
Ете не замина во Египет на одмор, а и таму гледам нема некој како тебе релаксиран и мирен (пошто нели се знаеш па и тоа) и притоа иако година дена те нема активна на форум сепак наоѓаш за сходно во кризава да почниш повторно да пишуваш и секој втор пост да ти е „леле сите ќе умреме, седите дома“ муабет.
И како короната и кризава влијае на тебе?
Прво, ова цитирање најмалку има поврзаност со тоа сеа што го зборуваш.
Друго, како ти си земаш за право да ја коментираш мојата активност на форумот? Ако јас не пишувам мислења константно на форумот, не значи дека не го читам истиот и не ги следам случувањата. Знам доволно, за да знам кога и со кого треба да се впуштам во дискусија.
Трето, каде тоа секој втор пост мене ми е, седете дома сите ќе умреме, м? Конкретен цитат, ќе те молам, пошто гледам дека одлично си ги изанализирал сите мои постови на форумот. Како ПР да си ми.....мала шала
Освен што во темата за економските последици рече дека многу не се разбираш од економија и за тоа не би коментирала, ајде тие последици ќе ги тргниме на страна и засега ќе се правиме на тошо, што да правиме со писхичките последици? ЕТЕ и за тоа имаш тема ама наместо таму тука пишуваш често со црни сценарија. Зошто, за почеток, не почниш да гледаш позитивно на работите па тој оптимистот во тебе што го заговараш да го пуштиш малку да исплива на површина?
Тоа што не го разбирам, не го коментирам. Ама и не треба да бидам некој економист за да сфатам дека после вирусов, народот ќе падне во таква криза, што нема да има простор да се луксузира со секојдневно пиење кафе во омилениот кафич. Со преполовени капацитети во кафичи и ресторани, со поскапена храна и пијалоци, со секојдневно растење на бројката на заразени, кој ќе си дозволи да иде на вакви места и дали угостителите ќе имаат корист? Сами ќе почнат да затварааат. Затоа, не ли сметаш дека е попаметно да се бара финансиска помош од државата, а не разлабавување на мерките преку ноќ, како што прават други држави? Нели бевте против препишувањето мерки од Србија, зошто сега магично Вучиќ го гледате како бог?
И пред да се избрзаш и мене да ме нападниш или скраја да ми замешаш фамилија во муабетот (на што немаш никакво право и се чудам зошто тоа го направи со членот погоре), дали може најсмирено да си признаеш барем себе си дека малку отповеќе паничиш?
Можеби е карактерна особина, можеби е заради тоа што си осамена или несфатена или КОЈА и да е причината (твоја лична), но како мислиш дека тоа прво влијае врз тебе, а потоа и каков впечаток оставаш со твоите постови тука во однос на кризата од која сите сме дел?
Зарем луѓе како Маркез и сите други членови кои не се согласуваме за начинот на спроведување на „мерките“ не ги почитуваат истите? Во истата каша сме. Сакале или не мора да се придржуваме кон нешто што го налагаат институциите.
Но, во крајна мера, кога ќе видиш дека и покрај таквите мерки има еден куп луѓе кои не ги спроведуваат (снимката со полицијата до некаде го докажува тоа и со отворените дуќани на сред пандемија во тетово чинам беше) и редум наназад цело ова време имаше групи на луѓе кои воопшто не се грижеа за јавното здравје па ете епидемијата не не покоси. Мислам дека си медицинско лице, па оттаму треба и самата да знаеш дека ако беше баш вака како што тврдиш ти цело време (при вакво неспроведување на мерки) ние би имале случаи и бројќи бетер од италија - а еве веќе скоро два месеци се потврдува дека НЕ е така.
Стварно не е фер по машка линија да си го браниш пријателот форумџија. Ако беше малку реален, ќе увидеше дека јас никаде не употребив погрден збор, ниту пак бев вулгарна, а и не замешав никаква фамилија, се до моментот додека не бев нападната со недолични поими за дискусија.
Цивилизирана сум, знам како се дискутира, ама не дозволувам некој да комуницира на таков начин со мене.
Личните причини за мојот став се целосно лични. Ниту сум сама, ниту сум осамена, ниту пак испаничена. Моите постови не се со намера да шират паника меѓу народот, туку ги изразуваат моите ставови и мислења врз основа на тоа што ни се случува во државата.
Бројките не се како во Италија, затоа што два месеци бевме затворени дома. Колку - толку, вродија со плод и резултат. А со првото разлабавување, бројките почнаа да растат. И сега ако пресметаш и споредиш со Италија (која има неколку пати поголем број на население од Македонија), ќе забележиш дека не сме многу далеку. И допрва ќе растат бројките ако се спроведат избори.
Сум за животот да продолжи, сум за разлабавување на мерките, но тогаш кога ќе има простор за тоа.