Според постот не делуваше така.
Ништо од приватен сектор нека не се отвора, буџетот на вукојебината ќе го наполни ѓуптинот од СЗО.
Кажуваш за државата да му поможела на бизнисите и на луѓето за плати. Која држава? Државата во која сите функционери се контрадикторни? Носат една уредба, наредниот ден пу пу не важи, па наредниот ќе важи ама половично. Државата во која Заев излезе на прес дека цела јавна администрација и функционери ќе одат на минималец, па некој го чукна по глава и му рече чекај малку, избори идат ни требаат гласовите на административците и одма ја смена одлуката. Наредна беше дека само функционерите ќе одат на минималец, па падна на уставен одлуката. Донесената одлука за неотпуштање на равотници до крајот на годината, па се премислија ај 3 месеци да не се отпуштаат, па уште еднаш се премислија дека можи после 1 месец да се одјававуваат работници. Донесоа уредба да исплатат минималец на секоја фирма 2 месеци, па после да ги врателе фирмите тие пари! ? (за ова не сум 100% сигурен). Државата која пишува казни од по 2 000 евра за непочитување на полициски час, а од друга страна во Тетово работи колонијал турбо и меѓу купувачите има и полицајци и ресторан во Струмица кој си работи нормално. Од една страна казнети играорци во Гевгелија (оправдано според мене), а од друга масовен протест во Сингелич без ниедна казна и ослободени притвореници. Држава која ти вели СЕДИ ДОМА, а дозволи отворање на џамиите и организирање на литија во Струга. Држава која за 1ви мај најде златна средина за полицискиот час само заради што се ближат избори. Држава која носи одлука за тридневен карантин во Куманово 3 часа пред почетокот на истиот!? Држава која за да те тестира единствен услов беше да имаш директен контакт со заболено лице или да си патувал во странство.
Јас на 9ти март бев во Грција, 10тина дена покасно бев страшно болен ама не добив дозвола за тестирање.
Ова е таа држава за која велиш дека треба да му поможи на приватните фирми и работниците во нив?
Некако мислењето твое многу розово беше.
И од сите овие работи тебе ти засмета дека се отвориле кладилниците кои патем работат на принцип како банките, пред секој вработен има стакло и се заштитени од директното дишење на играчите.
Отворање кафичи ти смета, а групни собиранки по викендици и паркови не ти сметаат.
За ова држава прајме муабет.
Секој украден денар политичарите во аптека да ги потрошат за лекови најмилото да му го ебам!!!!
Во врска со ефикасноста на карантинот, најдобар пример е Русија. Тие беа до 1 мај во тотален карантин, месец и нешто како што кажа
@chef_cook , па ете сега имаат 100 000+ случаи. Зошто? Нели беше ефикасен карантинот?
П. С. Знам дека нема да го прочитате постот дека е долг, ама морав сите работи да ги напишам