Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.396
Јас бев за мерките воведување и целосно поддршка до пред некое време.
Е сега имаме константно прогледување низ прсти на одредени категории луѓе или правни субјекти.
Изворот на новите два случаи во Охрид е фабрика меѓу Охрид и Струга, една од тие странски инвестиции кои нели работат се по пропис и нивните работници се со целосна заштита.Очигледно.
Битно ресторани затворивме, сега на работа ќе се заразуваме.
Доктори преку 2 скафандери се заразуваат, ти мислиш некакви мерки и прописи у фабрика ќе го спречат заразувањето?
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
250000+ тука карантинот беше за да го успорат растот на кривата и да се подготват за евентуално италјанско сценарио.Сами си кажаа.
Да не извадат наеднаш 30 000 мртви :icon_lol:
Знам дека е за успорување ама некои тука уште мислат дека ќе исчезни вирусот со карантин.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.298
Поени од реакции
13.184
Да не извадат наеднаш 30 000 мртви :icon_lol:
Знам дека е за успорување ама некои тука уште мислат дека ќе исчезни вирусот со карантин.
од утре почнуваат со масовно тестирање,по 200.000 луѓе секој ден до 15 јули
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.613
Поени од реакции
7.743
Јас бев за мерките воведување и целосно поддршка до пред некое време.
Е сега имаме константно прогледување низ прсти на одредени категории луѓе или правни субјекти.
Изворот на новите два случаи во Охрид е фабрика меѓу Охрид и Струга, една од тие странски инвестиции кои нели работат се по пропис и нивните работници се со целосна заштита.Очигледно.
Битно ресторани затворивме, сега на работа ќе се заразуваме.
Работничката се заразила од сопругот.
 

Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.612
Поени од реакции
1.167
250000+ тука карантинот беше за да го успорат растот на кривата и да се подготват за евентуално италјанско сценарио.Сами си кажаа.
Mnogu go zemaat za reper toa italijansko scenario,a mnogu zemji pominaa poloso i poloso se spravija so krizata ako se zeme vo obzir deka Italija bese prva na udar i drugive imaa najmalku dve nedeli prednost da reagiraat. Samo previse fama se krena za Italija.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.298
Поени од реакции
13.184
Mnogu go zemaat za reper toa italijansko scenario,a mnogu zemji pominaa poloso i poloso se spravija so krizata ako se zeme vo obzir deka Italija bese prva na udar i drugive imaa najmalku dve nedeli prednost da reagiraat. Samo previse fama se krena za Italija.
da
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Ќе си цитирам едно мислење од 4ти април. Не оправдувам нечии постапки, ама е логичен тек на настаните.
Не треба да се игра пинг понг повеќе со мерките, задолжително маски како до сега, нема дискотеки концерти и слични настани кај што се мал број на луѓе без заштита.

Јас мислам дека непотребно си ставаме притисок на прогнози, има 3 сценарија и сите се со еднаква можност:
1. Летото да го убие вирусот
2. Точка 1 па повторна појава на есен, откривање на вакцина до декември
3. Шведска сценарио ако точка 1 не се случи

Мое мислење е дека ако до јуни или јули не се смири вирусот, ќе отидат сите земји како Шведска, мора да се функционира.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Италијанското сценарио кај и да е ќе треба да се замени со друго, а во моментов и може да се замени со белгиско (Белгија ме изненади по бројот на смртни случаи, односно процентот на истите од вкупниот број случаи, кој е скоро 16.5%) или шпанско, а за кратко време најверојатно и со британско, заради тоа што сите овие имаат полоша состојба на смртни случаи од Италија. И Британија најверојатно кај и да е ќе ја помине Италија по овој параметар.

Во моментов Италија е трета по смртни случаи на милион жители (пред неа се Белгија и Шпанија), ако ги изземеме Сан Марино (41 смртен случај на 30 и кусур илјади жители) и Андора (49 смртни случаи на 20 и кусур илјади жители) коишто имаат петцифрен број на жители.

Ама како и да е, Италија ќе остане во најмалку топ 10 најлошо погодени земји од пандемијава по неколку параметри, како во моментов, така и по релативното стивнување на кризава.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Еве едно видео од денес како припрема за што (потенцијално) ќе следи и кај нас:

 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.542
Поени од реакции
114.821
Не ми се верува дека говореше за предизборни активности и како ќе се одело од врата на врата во време кога студенти и ученици седат дома лишени од образование, основни лекарски услуги и прегледи е речеси невозможно да се направат, ама битно имаат план кампања како да тераат.
Пред недела дена Тодор Петров имаше доста добро интервју на Алфа ако не се лажам и баш зборуваше за евентуалните избори. Велеше дека нема никакви услови за избори, прво и основно забрането е групирање, ќе мора еден по еден да влегуваат луѓето што многу би го отежнално процесот, потоа ќе треба дезинфекција на пенкала, курци палци, и сето тоа се само дел од потешкотиите. Али добро, левелот на ретардираност кај СДСМ е огромен и верувам дека ќе си го истераат своето до крај и ќе организираат избори.

Од друга страна денес малце поише тестирани и одма 29 заболени што кажува дека вирусот е далеку од победен.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.705
Поени од реакции
19.009
Тест за антитела во Шпанија, покажува дека само 5% од населението има антитела.
Тоа значи смртноста е 1.1% од корона, т.е. 10 пати повеќе од појак грип.

Процентов ќе биде различен секаде, Њујорк сега засега е 0.7%.
Во Шпанија ако не си фудбалер или политичар тест ќе добиеш исто колку и кај нас :) барем од луѓе кои живеат таму што слушам, е сега Педро Санчез друго изјавува дека се тестира масовно шо мислам дека е 'мижи асан да ти јадам слатките"
 
C

CoolIris

Гостин
Според постот не делуваше така.
Ништо од приватен сектор нека не се отвора, буџетот на вукојебината ќе го наполни ѓуптинот од СЗО.
Кажуваш за државата да му поможела на бизнисите и на луѓето за плати. Која држава? Државата во која сите функционери се контрадикторни? Носат една уредба, наредниот ден пу пу не важи, па наредниот ќе важи ама половично. Државата во која Заев излезе на прес дека цела јавна администрација и функционери ќе одат на минималец, па некој го чукна по глава и му рече чекај малку, избори идат ни требаат гласовите на административците и одма ја смена одлуката. Наредна беше дека само функционерите ќе одат на минималец, па падна на уставен одлуката. Донесената одлука за неотпуштање на равотници до крајот на годината, па се премислија ај 3 месеци да не се отпуштаат, па уште еднаш се премислија дека можи после 1 месец да се одјававуваат работници. Донесоа уредба да исплатат минималец на секоја фирма 2 месеци, па после да ги врателе фирмите тие пари! ? (за ова не сум 100% сигурен). Државата која пишува казни од по 2 000 евра за непочитување на полициски час, а од друга страна во Тетово работи колонијал турбо и меѓу купувачите има и полицајци и ресторан во Струмица кој си работи нормално. Од една страна казнети играорци во Гевгелија (оправдано според мене), а од друга масовен протест во Сингелич без ниедна казна и ослободени притвореници. Држава која ти вели СЕДИ ДОМА, а дозволи отворање на џамиите и организирање на литија во Струга. Држава која за 1ви мај најде златна средина за полицискиот час само заради што се ближат избори. Држава која носи одлука за тридневен карантин во Куманово 3 часа пред почетокот на истиот!? Држава која за да те тестира единствен услов беше да имаш директен контакт со заболено лице или да си патувал во странство.
Јас на 9ти март бев во Грција, 10тина дена покасно бев страшно болен ама не добив дозвола за тестирање.
Ова е таа држава за која велиш дека треба да му поможи на приватните фирми и работниците во нив?
Некако мислењето твое многу розово беше.
И од сите овие работи тебе ти засмета дека се отвориле кладилниците кои патем работат на принцип како банките, пред секој вработен има стакло и се заштитени од директното дишење на играчите.
Отворање кафичи ти смета, а групни собиранки по викендици и паркови не ти сметаат.
За ова држава прајме муабет.
Секој украден денар политичарите во аптека да ги потрошат за лекови најмилото да му го ебам!!!!

Во врска со ефикасноста на карантинот, најдобар пример е Русија. Тие беа до 1 мај во тотален карантин, месец и нешто како што кажа @chef_cook , па ете сега имаат 100 000+ случаи. Зошто? Нели беше ефикасен карантинот?


П. С. Знам дека нема да го прочитате постот дека е долг, ама морав сите работи да ги напишам :icon_lol:
Баш заради се што напиша, државата заслужува да бидеш гневен на неа. Се сложувам дека ова не се личи, освен на држава. Апсурдно е на секојдневно растење на новозатворените да помислуваш на било какво разлабавување на мерките. Тоа никаде во светот го нема.

Избори ќе има, а набргу потоа ќе има и втор бан и црно ни се пишува. Ако сега имавме среќа и успешно се носевме со бројките, следниот пат нема да биде така.

Наместо да учиме од грешките на другите земји, ние правиме уште поголеми.

П.С. цел пост ти го прочитав. Као киша око Крагујевац. Со две просто проширени реченици можеше да кажиш све. Не мораше толку да се замараш :D.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom