Здраво. Ве предупредувам на долг текст, но искрено ми треба мислење.
Имав сообраќајка на 30.04. Не беше некоја штета(крилото, браникот и бандажот),но мораше да се оди преку полиција ради тоа што колата не беше во возна состојба ради гумата и бандажот.
После тоа поднесов записник во полиција и во осигурителна и требаше 2-3 дена да чекам да дојде проценител да ја види колата. Во меѓувреме прашував по мајсториве, сите рекоа дека цената би била 200-300 евра. Потоа најдов мајстор, почнавме да збориме, за сообраќајката,во која осигурителна сум итн.. премногу се беше пријателски, изгледаше уверливо. Ми вети дека има луѓе во осигурителна и дека ќе среди се, пошто ми беше страв да не ми дадат помалце пари од што е штетата. Се понуди да ја земе колата кај него и он се знаел со директорот и проценителите и место кај мене дома, кај него во сервис да напраат проценка и да пишат се што треба и рече да не се секирам, колата ќе ја напраел како што била предходно и нема да доплатам ни денар, па дури и ќе остане нешто. Исто вети дека ќе ја напраи за 3-4 дена и ќе му платам од коа ќе ги земам парите од осигурување.
После тоа се слушавме повеќе пати и ми рече утре оди и потпиши во осигурителна за цената и барај ме. Отидов наредниот ден, кога на листот гледам 79 fucking илјади. За штета од 200-300 евра, они ми даваат 79 000.
Се слушнавме после тоа со него, пошто он имаше пишано фар, гума, ракавец, казанче за прскалка, амортизер итн.. ми се јави и ми рече ти пишав дека гумата е за мењање ама гумата ти е здрава па затоа 100евра за тебе.Ти ќе добиеш 79 000, а мене 73 000 ќе ми дадеш. Си мислам океј, знам дека ми ќари многу, али битно ми колата да добра па и 100 евра плус. Вика колата уште денес ќе ти е готова(еден ден порано од договореното) дојди накај 3 да си ја земеш. Викам супер, ама коа ќе бидат париве(ветуваше ќе среди и таму за побрзо да се земат) викам ти супер ја напраи колава, ама викам незгодно ми е да ти ги должам парите, вика уживај не се секирај, за 3 дена ќе ургираме ќе ги земеме. Ок викам супер.
Доаѓа 3 саат, му се јавувам дека тргам.. вика оди земи ја колата од сервис,а после ќе се најдеме во Центар за парите пошто не сум таму. Викам аман бе како толку брзо стигнаа? Вика не бе не стигнале ама ти ќе ми платиш. Што бе викам да ти платам. Па како вика да ти ја дадам колата...се јавувам пак, викам друже ајде вака, ќе смениме трансакциска место кај мене, кај тебе нека стигнат парите. Не може вика, епа добро викам ајде ќе напраиме договор на нотар, исто неќеше. Вика или плати па земи ја, или чекај ги парите. Се распрашував после тоа, записникот од увидна се чекал со месеци, а без тој не пуштаат пари. Се слушнав пак му викам друже ја те остсив да ќариш, со проценителот сте напраиле дубари и сеа на штета од 300 евра ти ми бараш 1200 евра. Викам ако пишевте 300 000 денари, зарем 300 000 ќе требаше да ти платам јас? Зарем парите од дубарата од мене сакате да ги наплатите? После наредниот ден пак зборевме, бараше да се консултира со адвокат за договор. Па бараше вработен човек да гарантира пошто ја не сум вработен. Реков нема проблем и пак рече ќе збори со адвокат. После тоа не сакаше. Ангажирав адвокат и отидовме таму кај него. Тогаш почна да се праи будала, дека сменил се што е пишано на листот. Мојата кола освен браник, крило и бандаж немаше никакви други штети. Викам другар пак ќе ти кажам, не ми е воопшто криво, ако си можел и 5000 евра ќари, јас ја сакам колата и викам не ме праи будала дека си мењавал ракавец , амортизер, браник, ФАР ... си праиме отворен муабет кажи ми што праеше. Искрено чисто сумјам дека нешто и е сменето на колата, едино крилото можеби, браникот беше само изгребан. Фарот се познаваше дека е мојот и не глеав причина да ме лаже коа двајџата бевме свесни плус зошто би сменил здрав фар. По инсистирање на адвокатот,старите делови не ги покажа, а исто така му побара и влез на роба т.е делови и фактура што а тпа следеше "кој си бе ти да ми бараш фактури"... се нафати да симне од 73 на 58 000, но сепак да се плати цената. Мене мојот ќар воопшто не ме интересира, ми треба само колата. Адвокатот си ја накриви опашката, искрено мкслам се уплаши при односот на мајсторот и се вративме дома бе кола, и со задоволен адвокат што мисли дека напраил добро што спуштил на цена, а знаеше дека по колата сме отидени..па по пат ми идеше да го претепам. Адвокатот ми вети дека ќе најде човек во увидна и ќе средиме работа, а за тка ќе треба да подмачкам убаво. А таму ме убедуваше дека договор не е паметно од причина што е 7000 денари, а ја сега со се друго имам повеќе трошоци и плус без кола.
Адвокатот и денес на телефон ме убедува дека може да не ми ја даваат колата, иако не знам како кола од 8000 евра ми држи за цена од 58 000, иако реалната цена е 300евра.
Сеа за сеа и да го платам записникот и се тоа, уште 2-3 недели па и до месец ќе сум без кола. Некој идеја што би можел да направам, освен да отворам deep web, и да нарачам некој калаш и ги утепам од мајстор, до проценител и адвокат. Фала и извинете на долг текст.