Не знам ова дали ќе има ефект или дали еден ден САД или некоја битна европска земја ќе добијат прогресивен претседател или премиер (Германија веројатно има најголеми шанси за такво сценарио) но нешто друго ќе кажам за на тие што им изгледа неверојатно некакво сценарио за претседател на САД со социјалистички тенденции.
Пред некоја година некој да кажеше дека Трамп и негови истомисленици ќе командаат во Белата куќа, ќе му се исмееја во лице.
Таа клика собрана околу Трамп во белата куќа и неговата медиумска булумента до пред некоја година беа смешни маргиналци на кои им се тераше сеир, најдолниот шлајм, рамноземјаши, Алекс Џонс фанови, најбедни расистии и ксенофоби, негирачи на холокауст и апла фашисти, со некакви обскурни сајтчиња, подкасти и радија, но тивко, со работа на терен, со искористување на разочараноста на народот од класичните политичари, си изградија база и си добија моќ за која не можеле да замислат дека ќа ја имаат.
Републикансиот естаблишмент кој со гнасење гледаше кон овие луѓе, сега има се клања и лиже каде што плукаа, типови како Мич Меконел, Линдзи Греам, Тед Круз, кој сигурно лично не можат да го поднесат Трамп не смеат ни на шега да кажат лош збор за него.
Така ќе биде и во другиот камп, ако Бајден изгуби во ноември, демократската партија во оваа постава нема да постои, два пати Трамп да им ги тепа неолибералите, капиталистички естаблишмент демократи веќе ќе биде јасен знак дека така на долг рок Демократски претедател нема да видат. На некој начин, на прогресивците и на крајната левица во САД им одговара Трамп да добие втор мандат, само така може да им преживее движењето, ако победи Бајден тоа ќе биде разбрано како знак дека Демократите се движат во права насока и ќе тераат со континуитетот Обама, Хилари, Бајден.