- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.819
- Поени од реакции
- 115.856
Па Ериксен како дојде во Интер за 20 милиони со 0 слаби сезони во Тотенхем? Убаво ти викаат Оби и Донев, речиси не постојат шанси за испод 100м да си отиде Санчо од Дортмунд, дали летово или следното, сеедно. Тоа со последна година од договорот влијае кај одредени играчи, нема никакви дилеми, прво што ми паѓа на памет е ситуацијата со Алдервирелд, ете и со Ериксен, ама за играчи како Санчо кои се топ таргети на европските гиганти искрено и не игра баш улога.Тука ја редам несоодветната состојба со споредбата со Хазард. Од една страна Хазард беше лидер во Челзи, главен играч кој имаше само 1 лоша сезона (во кој Челзи беше како колектив просечен таа сезона) во изминатиот период со желба за заминување таа сезона но без да го оштети Челзи, а од друга страна го имаш Реал кој по секоја цена им требаше да донесат таков играч по заминувањето на Роналдо и не беше спремен да чека уште една година за поинаква ситуација. Хазард во тој случај би можел да потпишеше и договор со Челзи и Реал да се најде во полоша ситуација затоа што Хазард имаше висока почит и лојалност кон Челзи. Значи на Реал не му се чекаше и уште во мај го договори. Нешто што е малку веројатно да се случи со Санч
Друга ствар, не знам зошто има толку убедени фанови на Јунајтед дека Санчо ќе оди таму, небитно сумата. Ако не играат ЛШ, а добри се шансите за тоа, само би ја отежнило работата затоа што сигурно ќе улетаат Сити, Реал и остала багра. Секако, не викам дека и во такви услови не би отишол во Јунајтед, ако сака играчот тоа е тоа, Јунајтед има пари и ќе кешира.