Здраво дечки сакав да прашам дали некој од вас има искуство со поручки од пазар 3? И какви ви се вашите лични искуства. Вчера резервирав кученце и за 2 месеци би требало да го добијам бидејќи е уште малецко, и сега јас го контактирав бројот даден на огласот и прашував прашања од обичен тип, дали има нешто друго да прашам во врска со гарантираноста дека кучето ќе ми биде дадено целосно како ветено? Сега договор со неа ми е 70% од цената да биде исплатена преку трансакциска, а останатиот дел кога ќе одам да го земам бидејќи далеку живиме и немам можност да патувам два пати за safety check. Како да знам дека нема да ми го блокне бројот откако ке ги исплатам тие 70% или нешто слично? Леле помагајте ве молам на почеток воопшто не размислував за оваа можност бидејќи уште бев на деветто небо како што велат но станувам параноична и под стрес сум цело време. Ми прати неколку слики од него заедно со другите кучиња дури и видео но не знам. Дали да барам уште? Едвај ги молев моите да ми позајмат пола од цената, ќе ме убијат ако нешто се деси. Што мислите?