Ја иам меѓу 20-30 години точно и неам проблем со тие 2,3,6,8 месеци. Проблемот е што тргнавте од две недели дома не може да издржите до ова. Два месеци веќе пројдоа, а утре може ќе станат и 2,3,8 години. И не знам зашто се фаќате за мојата возраст, ова мислење не го имаат само луѓе на мој години. Нема никаква гаранција дека нема мене да ме убие. Едноставно година е премногу од животот за некаков социјален експеримент, кој најверојатно нема да даде никаков резултат. И за мене, и за моите кој се покритична група. Не знам што е тешко да сватите, барате премногу од луѓето. Година време на 16 и на 70 не е исто, тоа е факт колку и брутално да звучи. И да зборите со бабите и дедовците истото ќе ви го кажат. Децата треба да растат во нормален живот ко што сме растеле ние, ко што растеле и постарите што пробуваме да ги заштитиме. А не живот во изолација.
Јас спомнав 20-30 години затоа што тие се години кои што се очигледно најмалку загрозени а се личности кои што најмногу пекаат по социјални мрежи и најмногу скитаат во „слободно“ време. Не се фатив директно за твојата возраст затоа што и јас имам 30 години, немислев јас конкретно за тебе него општо зборам цело време. Не можам нит пак сакам тебе да те таргетирам како „лошиот лик“, него дискутираме на темава а имаме очигледно различни ставови.
Јас мислам дека ова мислење го имаат претежно личности на наша возраст и повозрасни личности кои мислат дека со вакцина ќе ни стават чипови.
Се слагам дека децата треба да растат во нормални услови ама ова не се нормални услови. Конфликтот во 2001ва немаше нормални услови за живот. Верувам дека да би бил на оваа возраст тогаш, не би викал „абе што ме затворате дома, оставете ме да си шетам, јас за себе си одговарам“.
Има разлика помеѓу бивање неодговорен ропак и желба за живеење понормално и остварување економски права. И не може неодговорните ропаци да бидат изговор за да се силува животот на сите. Има државата механизми да ги казнува.
Има разлика ама ти ја правиш таа разлика, некој не ја прави. Не може и не треба и истите треба да се казнуваат, јас се слагам и неколку пати имам пишано дека според мене треба да се казнуваат со ќутек а не со парични казни (за кои што ќе фатат врски и истите ќе им бидат „скинати“). За жал, државата не ни фунцкионира и ние ќе трпиме најмногу поради такви неодговрни ропаци. Не е тоа само поради ситуацијава, секогаш било така. Ќе го парафразирам
@Almeida по не знам кој пат веќе на темава, мислење кое што вечно ќе ми остане врежано во меморија. Не знам зошто ве чуди нефунцкионалноста на државава во вонредна состојба кога истата не фунцкионира како што треба во нормално окружување (а сме збореле јас и ти мал милион пати, не си ни приближно необразуван, мутав, неначинат, напротив ѕверски ставови имаш и секогаш сакам да ти читам мислења кои што ти ги почитувам).
Те цитирав зошто очекуваш и наметнуваш мислење на луѓе кои воопшто не се ризични групи или пак самоволно не сакаат да живеат затворени. Очекуваш дека ете сите треба сега да прифатиме да се затвориме дома, дека е е нормално. Извини ама не е.
Види, апсолутно никогаш не пробувам да наметнам свое мислење и да убедам некој дека е глуп, мутав, не знае или греши со цел да го навредам соговорников, нит во живо нит на форумов. Дискутирам и си бранам свои ставови и мислења. Ако ти мислиш дека јас те форсирам да го прифатиш моето мислење како единствена вистинска опција, тогаш извини ти.
Голем дел идеме на работа и сега, никој не се секира за нас.
Не е точно. Тоа јас го пишувам цело време, дека мене ми е жал за оние кои што одат секој ден на работа, се возат со јавен превоз, имаат контакт директен со странки итн итн. Затоа, контактот со луѓе треба да го сведеме на минимум.