Најискрено мн те ценам како член на форумов и твоите мислења во глобала ама ова стварно мислам дека ти е тешка глупост од епски размери.
Ти ако останеш дома 2-3-4-8 месеци "губиш" толку време од својот живот на свои 20 или 30 години од друга страна со тие "изгубени" месецужу, да не сме по кафани, кафичи, дискотеки, планинарења, одмори или што ти јаа знам, продолжуваме или зачувуваме живот на возрасните.
Можеби на крај, после пола година или цела година се' ова ќе излезе како фарса и глупост но зошто да ризикуваме и да изгубиме наши драги кои спаѓаат во ризична категорија?
Јас, најискрено живеам сам во свој стан, работам од дома и можам да се терам по "кур ми е двор ми е" терк ама совеста не ми дозволува.