Незнам зошто смајлина што се кезат, убаво си напиша... Ама мислиш дека немаат одкриено "нешто" што го спречува вирусот да се закачи на површината на клетката на аце2 рецепторите?
Мене и една друга работа ме интересира. Ако не можат да го спречат прикачувањето, дали може да се спречи подоцнежно, пред да настапи репликацијата, односно да се спречат рибозомите од рнк та на вирусот да не произведат полимерази, што е клучен момент за репликација на рнк
За првото, не знам што би го спречило вирусот да се закачи на клетката преку АСЕ2 рецепторите. Разлика прави само состојбата на елементите од вродениот имун систем, и нивната способност за брз одговор. Кај случаите со компликации (и смрт) е регистрано немање никаков или слаб одговор од вродениот имун систем (кој прв реагира на нови патогени/вируси/бактерии). Еднаш штом вирусот премногу ќе се размножи, тогаш настануваат компликациите (заради микрозгрутчувања на крвта) и/или претераниот одговор на имуниот систем (cytokine storm и ARDS) .
За второто, за спречување на репликацијата тука мислам дека е главниот фокус на истражувањата (покрај развојот на вакцина, инаку еве
нешто интересно и за вакцините).
Засега ниеден лек не е детално истражен со студии, некои ветуваат повеќе некои помалку а има многу кандидати. Хлорокин (акутелен беше пред некоја недела/месец) функционира како јонофор за цинк, а зголемена внатреклеточна количина на цинк го инхибира репликаза протеинот. Кверцетин исто така делува како јонофор за цинк и зголемува внатреклеточна количина на цинк.
И нешто интересно што читав пред некоја недела: Potential Inhibitor of COVID-19 Main Protease (Mpro) From Several Medicinal Plant Compounds by Molecular Docking Study
COVID-19, a new strain of coronavirus (CoV), was identified in Wuhan, China, in 2019. No specific therapies are available and investigations regarding COVID-19 treatment are lacking. Liu et al. (2020) successfully crystallised the COVID-19 main protease (Mpro), which is a potential drug target...
www.preprints.org
Тоа е само моделирање (molecular docking study направена со Autodock 4.2) на кандидатите, но за Лопинавир веќе има и подоста студии а ФДА експресно го одобри за употреба во САД. Од наведените кандидати мене ми се интересни природните состојки (кои се достапни и како суплементи), како кверцетин, алицин, куркумин, катечини, итн... Кверцетин има во зеленчук (на пример во кромид), алицин во лук, катечини во зелен/црн чај, а куркума е одличен зачин кој може секојдневно да се употребува. Или може да се земаат и во облик на суплементи. Додатен бонус е што скоро сите наведени се антиинфламаторни, што е потребно заради инфламациите кои водат кон cytokine storm.
Инаку за смајлињата и за кезачите, што се чудиш.
Кловнови се мајтапат, за што друго ги бива?