Коронавирус (COVID-19)

Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.388
Олабавени мерки > повеќе лица кои што покажуваат симптоми > повеќе тестирани > повеќе регистрирани случаеви
Автоматски споено мислење:


И колку си спремен да одиш на ризик. Се курназеа едно време тука, па од коа им стигна честитка од 1000че, одма почнаа да плачат како не било фер. :ROFLMAO:
За мене и тебе е може ризик, ама за добар дел од популацијата не е никаков ризик. Ама не ми беше поентата тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Знаете дека ова нема крај, нели. Ако не е како сезонскиот грип да "исчезне" на потопло, само по неколку десетини да останат неоткриени во поголемите градови или ако почне меѓународен сообраќај, пак ќе се рашири.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.072
Поени од реакции
34.509
Незнам зошто смајлина што се кезат, убаво си напиша... Ама мислиш дека немаат одкриено "нешто" што го спречува вирусот да се закачи на површината на клетката на аце2 рецепторите?
Мене и една друга работа ме интересира. Ако не можат да го спречат прикачувањето, дали може да се спречи подоцнежно, пред да настапи репликацијата, односно да се спречат рибозомите од рнк та на вирусот да не произведат полимерази, што е клучен момент за репликација на рнк
За првото, не знам што би го спречило вирусот да се закачи на клетката преку АСЕ2 рецепторите. Разлика прави само состојбата на елементите од вродениот имун систем, и нивната способност за брз одговор. Кај случаите со компликации (и смрт) е регистрано немање никаков или слаб одговор од вродениот имун систем (кој прв реагира на нови патогени/вируси/бактерии). Еднаш штом вирусот премногу ќе се размножи, тогаш настануваат компликациите (заради микрозгрутчувања на крвта) и/или претераниот одговор на имуниот систем (cytokine storm и ARDS) .

За второто, за спречување на репликацијата тука мислам дека е главниот фокус на истражувањата (покрај развојот на вакцина, инаку еве нешто интересно и за вакцините).
Засега ниеден лек не е детално истражен со студии, некои ветуваат повеќе некои помалку а има многу кандидати. Хлорокин (акутелен беше пред некоја недела/месец) функционира како јонофор за цинк, а зголемена внатреклеточна количина на цинк го инхибира репликаза протеинот. Кверцетин исто така делува како јонофор за цинк и зголемува внатреклеточна количина на цинк.

И нешто интересно што читав пред некоја недела: Potential Inhibitor of COVID-19 Main Protease (Mpro) From Several Medicinal Plant Compounds by Molecular Docking Study

1589029836174.png

Тоа е само моделирање (molecular docking study направена со Autodock 4.2) на кандидатите, но за Лопинавир веќе има и подоста студии а ФДА експресно го одобри за употреба во САД. Од наведените кандидати мене ми се интересни природните состојки (кои се достапни и како суплементи), како кверцетин, алицин, куркумин, катечини, итн... Кверцетин има во зеленчук (на пример во кромид), алицин во лук, катечини во зелен/црн чај, а куркума е одличен зачин кој може секојдневно да се употребува. Или може да се земаат и во облик на суплементи. Додатен бонус е што скоро сите наведени се антиинфламаторни, што е потребно заради инфламациите кои водат кон cytokine storm.


Инаку за смајлињата и за кезачите, што се чудиш.
Кловнови се мајтапат, за што друго ги бива? :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.282
Поени од реакции
15.423
Јавна тајна е , а и на ТВ Алфа вчера покажаа слики и снимки дека за ифтарот се поставуваат огромни маси и се вечера заедно , со над 50 луѓе во линија.

Ова мислам дека ја крена бројката во Тетово, а последиците од литијата во Струга ќе ги видиме идната недела
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Се очекуваше после денешниве бројки.

бројките се слични, зависно каков и колкав примерок се бира за тестирање.
претходно пуштив за 2 месеци. Еве само за мај

Trend_Virus_1.jpg
 
Последно уредено од модератор:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.508
Поени од реакции
2.876
Чаре карантин. Ама ме плаши тоа што ќе има се поголем и поголем отпор кон карантинот доколку трае пак долго. Па после пак истото, ќе пуштат сите ќе бидат како пуштени од кафез и пак у круг ќе се вртиме... Па не само ние, цел свет. Дека некој ќе успее скрос да го искорени од сопствена територија мислам нема шанси. Така да убаво некои кажаа, ќе мора да се научиме следнава година со корона да живееме.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Чаре карантин. Ама ме плаши тоа што ќе има се поголем и поголем отпор кон карантинот доколку трае пак долго. Па после пак истото, ќе пуштат сите ќе бидат како пуштени од кафез и пак у круг ќе се вртиме...
чаре сите ќе се заразат, кога тогаш. Проблемот е да издржат (по)ризичните групи до вакцина или лек кој делува.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.194
Поени од реакции
13.049
чаре сите ќе се заразат, кога тогаш. Проблемот е да издржат (по)ризичните групи до вакцина или лек кој делува.
Никогаш нема да има вакцина и лек што делува...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.537
Поени од реакции
2.712
чаре сите ќе се заразат, кога тогаш. Проблемот е да издржат (по)ризичните групи до вакцина или лек кој делува.
Поризична група кај нас е голем поим.Ни умираат луѓе просек 50 год,со други заболувања е секој втори кај нас плус и повеќето семејства како што живеат заедно е тоа е преголем број на ризична група кај нас.Масакр би било тоа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.072
Поени од реакции
34.509
чаре сите ќе се заразат, кога тогаш. Проблемот е да издржат (по)ризичните групи до вакцина или лек кој делува.
Тешко вакцини во скоро време, можеби некој лек што ќе помогне... Но јас би додал дека најголемото „чаре“ е за ризичните групи да има место во болници. За жал местата по болниците ќе ги заземат „храбрите“ што не им требаат маски, и што не можат без кафичи и кафани, цркви/џамии.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.736
А будаливе у Тетово го отворија и пазарот.
Плус сеа и џамии коа ќе отворат ќе се чудат.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.388
чаре сите ќе се заразат, кога тогаш. Проблемот е да издржат (по)ризичните групи до вакцина или лек кој делува.
И за ова некој треба да ја каже реалноста. Нема да биде тоа некој лек кој ќе ја искорни болеста. Ќе биде некој лек што ќе ја намали смртноста или периодот на лечење за одреден процент. Пак ќе си умираат луѓе. Како и лековите за сите други болести.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Поризична група кај нас е голем поим.Ни умираат луѓе просек 50 год,со други заболувања е секој втори кај нас плус и повеќето семејства како што живеат заедно е тоа е преголем број на ризична група кај нас.Масакр би било тоа.
Првиот дел со ризичните групи, се подразбира листата од страната на МЗ плус лица со висок притисок. Истите оние кои се ризични при зараза со сезонски грип.
Вториот дел е проблем, изолација во семејствата со оглед на просторот во кој живееме.
Автоматски споено мислење:

И за ова некој треба да ја каже реалноста. Нема да биде тоа некој лек кој ќе ја искорни болеста. Ќе биде некој лек што ќе ја намали смртноста или периодот на лечење за одреден процент. Пак ќе си умираат луѓе. Како и лековите за сите други болести.
да, на таков лек мислев. Јбг, некој има кец, некој четворка на лото, живот :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.388
Првиот дел со ризичните групи, се подразбира листата од страната на МЗ плус лица со висок притисок. Истите оние кои се ризични при зараза со сезонски грип.
Вториот дел е проблем, изолација во семејствата со оглед на просторот во кој живееме.
Автоматски споено мислење:

да, на таков лек мислев. Јбг, некој има кец, некој четворка на лото, живот :)
Имаше на темава постирано вести за револуционерни откритија, па морав да искоментирам. Такви за сида и рак се иаме изначитано, секој месец по едно излага.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom