Дијагностицирани 13 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 4 пациенти
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од ковид-19. По градови: Скопје-25, Куманово-13, Прилеп-5, Струга-1, Битола-4, Охрид -1 и Кочани-4.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.
Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.
Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2.
Направените 289 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -9 , Авицена –12 ,Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -38 и МАНУ -4 . Досега во земјата се направени вкупно 15409 тестирања на ковид -19.
Многу умрени бе у пм више.Ке дојдеме во ситуација повеќе умрени од новозаразени на дневна база да имаме за жал.А за бројот на тестирања не сакам ни да коментирам ама ајде недела било па не работеле.
12 пациенти се на респираторна машина.На инфективна се 5 и во 8 септември уште 7
