Србија и Косово ќе разменат територии ?

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Victim Olympics ли играте кој повеќе бил жртва? Не иде тоа така.

Фактот е дека Косово и пред да си заминат Србите беше 85%+ албанско, сега тоа е 90%+ албанско. Не збориме за општина, туку за една цела територија со 1.5 мил. + население и со доволно ресурси да може да функционира како независна држава. Западот нема да го повлече признавањето (Србија не вреди толку), 2 од 4 нивни комшии нема да го повлечат, членови се веќе на многу меѓународни организации итн.

Србија не попушта, меѓународните текови денес им одат во прилог да не мора да попуштат и да го признаат Косово без компензација во територија. Албанците со тоа добиваат меѓународно признавање и се ослободуваат од србите на северот и голема Албанија станува и меѓународно признаен факт. Србите спасуваат што се спасит да од Косово и си отвараат врата за ширење во БиХ. Објективно гледано од страна на некој кој што нема ни тронка симпатии за било која од страните, оваков договор им е кец на десетка и на едните и на другите.

Таков договор само на нас не ни одговара бидејќи прави преседан во кој што границите веќе не значат толку многу. Тоа ја отвара вратат за конфликт и поделба и на Македонија.
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Дечкото што велеше дека албанците бегале од Нато.

Еве жената доктор специјалист, ја зеле од амбулантата во која работела, и ја задржале личната карта и ја протерале за Албанија. Бара помош бидејќи нема контакт со сопругот и двете деца, стравува за нивната судбина.


Или овдека како кажуваат дека им барале пари и дека земале луѓе од тракторите, некои ги убивале на лице место.



Според дечкото на форум ќе испадне дека српските сили ги штителе албанците од Нато, а бегалците велеле друго, им било дадено ултиматум да го напуштат Косово или сите ќе бидат убиени ноќе. А исто така се гледа како ги тераат да ги извадат регистерските таблици, со цел да не можат во иднина да се вратат.


Нека објасни некој зошто на своите граѓани би му ги задржале личните документи? Етничко чистење?


40.000 албанци на ведро небо, протерани од своите домови само со лични работи, не им се дава да влезат во Црна Гора.
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
@Dardan-ia мислам дека е инат во прашање и омраза. Реално треба да си тотален кретен да негираш дека 99та беше направен масовен злочин врз албанците од страна на тогаш Југославија.
Не сте ни вие цвеќенца за мирисање, не е дека ги галевте србите што ви паѓаа во рака, ама да збориш како албанците бегале уствари од НАТО или ради глума е тотална глупост.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.481
Поени од реакции
84.917
Србите праеле поголеми злосторства, ерго злосторствата на Албанците се оправдани.
Најверојатно Дарданија е еден од оние кои ги оправдува двата милиони случаи на силувани Германки во 45-та. Пошто Германците силуваа 10 милиони жени во Советскиот сојуз.

Исто така, веројатно според неговата искривена логика е скроз оправдано за Бајрам во Македонија некој каур да убие неколку Албанчиња. Онака, само да честита верски празник по терк на Албанците.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.626
Поени од реакции
5.266
Аи сега излезе Срби го сториле тоа, и 2004 и 99 беа Срби така, на Харадинај му кажаа Срби да ја напише таа книга каде признава како убивал, претпоставувате ли дека да го стореа Срби како ке го растргнеа тогаш Милошевиќ западните медиуми или тоа не ви паѓа на памет.

И да, само луд може да не признае дека во секоја војна страда невино цивилно население во овој случај и на двете страни, а албанците имаат страдано највееќе од своите учк формации па после од сите други.
Албанците од Косово ќе платат скапо ако дефинитивно не ги осудат своите злосторници.
А за случајов ти цитирав српски медиуми, знам дека тебе ти е тешко за верување, како што и мене би ми било тешко да верувам дека албанци би убиле деца за пропагандни цели.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.481
Поени од реакции
84.917
А за случајов ти цитирав српски медиуми, знам дека тебе ти е тешко за верување, како што и мене би ми било тешко да верувам дека албанци би убиле деца за пропагандни цели.
Така е, нема фрка. Албанските злосторства скроз неверојатно е дека се десиле. Тие деца и овие кај нас најверојатно не ги убија Албанци. Било кој, само не Албанци.
Од друга страна да го прашаш и Тrooper, веројатно ќе каже и дека Јасеновац бил камп за одмор.
Тоа е. Објективноста е јака страна.

Пак велам, сето тоа никој нема да го земе во предвид, при решавањето на прашањево. Србите не идеа по Африки и пичке си материне, со аргумент - глејте Албанците што ни направија на 17-ти март, туку иде таму со кинеско или руско пусулче у џеб.

Глејте Србите, или глејте Албанците што ни направија, се првенствено за домашна публика наменети. А, кога ќе мора да се седне и потпише нешто, малку потешко ќе биде покрај таа кампања да се објасни како тоа се потпишува нешто, со овие кои вака ни правеа.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Исто како што ќе ги вратат и териториите кои ги контролираа пред Олуја, а кои површински чинат дупло од Косово. Ама оти гласот не им се слуша не ми е јасно? Нешто страв?



Прочитај историја, србите од албанците не виделе мака никогаш, туку само спротивното, албанците трпеле зло од србите, не само на Косово туку насекаде, во 1878 албанците беа сотрени од Топличкиот округ, околината на Ниш.
Србите направиле зло и врз албанците во Македонија, Црна Гора па дури и самата Албанија.

Сите тие митови за Косово се создадени бидејќи мораат да го оправдаат геноцидот.
Напиј се вода со шеќер.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
На 25 и 26 март 1999 во селото Мала Круша се стрелани 113 машки лица од албанска националност, на возраст од 13 години и нагоре.
Тие откако биле собрани во еден објект било пукано во нив, главните сторители на оваа дело се соселаните срби.
6 албанци успеале да се спасат преправајќи се дека се мртви, а во тоа им помогнало што биле покриени од мртвите и нивната крв. Тие успеале на време да побегнат пред злосторниците повторно да се вратат за да ги горат телата.

Србија ги крие и не ги суди осомничените злосторници, Косово успеало да обезбеди двајца од учесниците, еден живеел сеуште на Косово, а другиот бил екстрадиран од Унгарија.

 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Од друга страна да го прашаш и Тrooper, веројатно ќе каже и дека Јасеновац бил камп за одмор.
Тоа е. Објективноста е јака страна.
Trooper нема никогаш да го тврди тоа.Трупер секогаш ќе каже дека усташкиот режим е најлошото нешто што се случило на овие простори и најголем срам за хрватите. Нешто што со децении уште се користи против нив и што србите го користеа за да ја спречат незавнисноста на Хрватска.

Трупер само ќе укажува кога на правите бројки ќе им се додава уште една нула (што е повторно огромна бројка, речиси 10 пати поголема од Сребреница) со цел да се направи од хрватите геноциден народ и да им се налага колективна кривица.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Србите праеле поголеми злосторства, ерго злосторствата на Албанците се оправдани.
Најверојатно Дарданија е еден од оние кои ги оправдува двата милиони случаи на силувани Германки во 45-та. Пошто Германците силуваа 10 милиони жени во Советскиот сојуз.

Исто така, веројатно според неговата искривена логика е скроз оправдано за Бајрам во Македонија некој каур да убие неколку Албанчиња. Онака, само да честита верски празник по терк на Албанците.
Каде тоа реков дека албанците не извршиле злосторства?

Треба да разликуваш:
-злосторствата сторени од албанците по број и интензитет, по злобност се многу помали од тие на србите и се сторени од поединци
-злосторствата сторени од србите се организирани од самата држава, не само организирани туку и прикриени и ден денес.

За 8 убиени срби, 4000 протерани во настаните од 17 март 2004 се осудени 67 лица со казна затвор.
Ете како изгледа кога државата не стои позади еден злостор.

Тоа што сакам да кажам со овие податоци е тоа што Косово заслужува и докажува дека може да биде држава.

Од 2008 кога прогласија независност нема ниеден сериозен инцидент на Косово.
На Косово србите се повластен народ, не плаќаат ништо на Косово, на северно Косово веќе 21 година не е платено ни 1 евро за струја или други сметки, до пред некоја година потрошената струја на север им се фактурираше на албанците, а сега Владата на Косово им ја плаќа потрошената струја.

Во српските села било каде на Косово на србите им е допуштено слободно да прават што сакаат, ниеднаш не се обидоа со сила да ги интегрираат или да ги натераат да ги почитуваат институциите на Косово.

Ти пуштив снимка како свештеници од Србија и Косово се шетаат сред Призрен. Не можам да замислам во Ниш или Чачак да се шетаат некој подржувачи на УЧК и да поминат лесно. СПЦ не се само подржувачи на Милошевиќ туку и на Аркан, Шешељ и сите парамилитарни организации.

Репресијата врз косовските албанци не почнало во 1999 туку од 1878ма. Делумно им успеа, албанци веќе нема во близина на Ниш, речиси да не останаа ни во Медвеѓа.

На Косово постоел Центар за информирање на Косово, и тие собирале податоци од настани и констатирале дека во периодот од 1989-1999 просечно секој ден по 50 албанци биле малтретирани/злоставувани од политички/етнички причини.

Од 1989-1999 биле убиени 600 албанци во протестите и останати монтировски.

Но ги стигна кармата и баш е слатко.

Сакаа Косово без албанци, го изгубија целото, сега молат за парче.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.481
Поени од реакции
84.917
Трупер само ќе укажува кога на правите бројки ќе им се додава уште една нула (што е повторно огромна бројка, речиси 10 пати поголема од Сребреница) со цел да се направи од хрватите геноциден народ и да им се налага колективна кривица.
Знам дека не е тема, ама колку според тебе, има убиено Срби, Евреи, Роми и други во Јасеновац?
Пошто глеам дека лицитираш со погрешни нули.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.325
Поени од реакции
13.244
Како може Србија сама со себе да размени територија?
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Знам дека не е тема, ама колку според тебе, има убиено Срби, Евреи, Роми и други во Јасеновац?
Пошто глеам дека лицитираш со погрешни нули.
По име најдени се 82.000 ако не се лажам. Процените се до кај 100.000 конечна бројка на сите убиени од кои 70% би биле Срби. Точно една 0 помалку од 700.000 кои се спомнуваат.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Албанците од Косово ќе платат скапо ако дефинитивно не ги осудат своите злосторници.
А за случајов ти цитирав српски медиуми, знам дека тебе ти е тешко за верување, како што и мене би ми било тешко да верувам дека албанци би убиле деца за пропагандни цели.
Српски медиум Б92, освен што се емитува на српски друго е се далеку од Србија.
Автоматски споено мислење:

По име најдени се 82.000 ако не се лажам. Процените се до кај 100.000 конечна бројка на сите убиени од кои 70% би биле Срби. Точно една 0 помалку од 700.000 кои се спомнуваат.
Ти сега па Јасеновац ли ке го релативизираш, што се случувало во јасеновац, стара градишка, јадовно и самите нацисти се срамеле, пак ке кажам многу е лошо кога си потрошен материјал на некого, после тоа доаѓа ред за наплата каде што не се проаѓа ни најмалку добро ( мада Хрватите не поминале лошо и од Краљ Александар 1918 и од Тито 1945), денеска во 2020 година хрватите се поносни на Анте Павелиќ, Степинац и Фрањо Туѓман, како што шипт аријата е поносна на овие од Куманово пред некоја година, каде на косово беа погребани со највисоки почести, како и на Харадинај и Тачи...

Прилог:


Не знаеш дали е смешно или тажно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom